"...Весник, кой не научи да читаме"
Така започва заглавната статия на днешния брой на македонския вестник "Нова Македония"-http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx
"....По 62 години Нова Македонија продолжува да ја испишува историјата во духот на новото време со нови идеали, стремежи, чистота, и верба во подобро утре. И оваа гарнитура на млади новинари и техничари , секојдневно и пожртвувано вградувајќи дел од себе во белите листови хартија, се бори традицијата да продолжи . Изминативе шест децении од пазувите на “Нова Македонија се изнедрија речиси сите пишани и електронски медиуми во државата што со право го сврстува весникот во своевиден Универзитет по новинарство. Притоа творечкиот немир многу често знае да ја премине границата и да се претвори во неспокој и незадоволство особено во услови на општа немаштија и економска криза. Но и покрај сите тешкотии, решени сме да опстоиме .Зошто “Нова Македонија“ не е обичен бренд. Таа е пред се историја , култура , јазик, идентитет, живот, спомени ... Не може и не смее да биде само гол статистички податок фактот дека токму во “Нова Македонија“ започна нормирањето на македонскиот литературен јазик од страна на академик Блаже Коневски, кој беше и првиот лектор и редактор на весникот. На страниците на овој весник за прв пат ќе биде објавено и антологиското Тешкото. Во тробројот од 5,6,7 мај 1945 година е објавено и Решението за македонска азбука со 31 буква, при што се соопштува дека нови букви во азбуката се ѓ, ќ, ѕ, љ, њ , џ. И се разбира оваа страница од весникот автоматски станува буквар во македонските училишта.Зар би можеле да заборавиме дека токму “Нова Македонија“ не научи да читаме? Но дали и колку и се одолживме ? Политичките потреси кои му се случуваа на весникот во долг низ изминати години, оставија длабоки траги во сеќавањето на луѓето. За голем дел од нив весникот остана симбол на одредена партиска конјуктира во одредено време. Тој дух на минатото често не прогонува и денес. Имаше обиди сведокот на историјата да стане и жртва на историјата.. Но и покрај се “Нова Македонија“ достоинствено ги преброди сите искушенија, виори и тешкотии, достигнувања и падови, вистини и заблуди..."
Със съкращения