Перфидно искривување на историските факти

Перфидно искривување на историските факти

Ѓорѓи Малковски


Ставовите на бугарскиот амбасадор Александар Јорданов за политичката култура на општење и однесување не сакам да ги коментирам. Во тие "културни° размислувања тој зачнува перфидно и историски моменти. Имено, тој тврди дека е неправедно што за "17.000 бугарски офицери и војници загинати на територијата на Република Македонија за време на балканските војни и Првата светска војна° во Македонија нема ниту едно споме­нично обележје. Но, само да го потсетам господинот амбасадор дека во ниту една земја не се подигаат споменични обележја на окупатори. Бугарската војска, заедно со српската и грчката за време на балканските војни ја поделија Македонија и македонскиот народ на три дела, го распарчија ткивото на Македонија и удрија граници во туѓа територија. Поради тоа, тие се за најтешка осуда, а не за подигање споменици. Само ако се фрли бегол поглед на загинатите војници не само во бугарската војска, ќе се види дека најголемиот дел од војниците се токму Македонци, родени по градовите и селата во Македонија кои насилно биле регрутирани и терани да се борат за туѓи, а на штета на своите македонски интереси.

Уште потешки се "размислувањата° на амбасадорот за местото и улогата на бугарската фашистичка војска, полиција, јавна администрација и други окупаторски институции во окупирана Македонија за време на Втората светска војна. Тој се обидува многу перфидно, преку методот на компарација и неточни историографски конструкции да создаде забуна за вистинското место и улога на бугарската војска во борбите за ослободувањето на Маке­донија. Господинот амбасадор зборува за "7.000 бугарски офицери и војници° загинати во борбите во североисточна Македонија. Прво, толкав број загинати бугарски војници и офицери на почвата на Македонија ниту имало, ниту ќе има. Ова е чиста конструкција и измислица. Ако мисли на април 1941 година, тогаш бугарската војска и полиција дојде со благослов на фашистичкиот диктатор Адолф Хитлер и без ниеден испукан куршум го окупира поголемиот дел на Македонија. Немало никакви воени дејства, ниту какви било други оружени судири. Напротив, бугарскиот окупатор во Македонија владееше со силата на оружјето речиси три и пол години, за на крајот срамно да се повлече од Македонија. А, токму заробувањето на Штабот на бугарската дивизија во Скопје од страна на Германците, на 4 септември 1944 година, доведе до решението на Министерскиот совет на Бугарија да и објави војна на Германија. Дел од бугарските воени единици се повлекуваа, дел се разоружуваа од македонската војска и повторно без ниту еден испукан куршум "елегантно° се извлекуваа без да сносат во тој момент казна за сў што направија во Македонија во изминатиот период. На 4 септември 1944 година била издадена наредба од Ј.Б. Тито да се почне со напади на бугарската војска и полиција од страна на македонската војска. На 5 септември 1944 година таква наредба издава и ГШ на македонската војска. Дури на 8 септември ГШ на македонската војска упатил апел до бугарската Петта армија во Македонија да премине на страната на македонската војска. Овој предлог бил одбиен. Бугарските воени команданти докрај останале верни на Германците во Македонија, како и секогаш, играјќи подла и дволична улога и купувајќи време во надеж дека состојбата ќе се промени во нивна корист. Но, сў веќе било доцна. Значи, немало ниту еден загинат бугарски војник во судир со германската војска.

Ако, пак, бугарскиот амбасадор во Македонија мисли на "7.000 загинати бугарски војници и офицери° во завршните операции за ослободувањето на Македонија, тогаш, повторно направил груб превид или пак сака да пласира друга "вистина во размислувањата пред Божиќ°. Имено, согласно договорот од Крајова од 5 октомври 1944 година, помеѓу Тито и делегацијата на Отечествениот фронт на Бугарија, предводена од Добри Терпешев и Петар Тодоров. Тито ја усвоил молбата на бугарската делегација за учество на бугарска­та армија во борбите против германската војска на дел од територијата на поранешна Југославија. Причините се познати. Тоа бил последен момент новата влада на Бугарија да се зближи кон антифашистичките сили и да се "испере° за сите злосторства и репресии на бугарската војска и полиција на територијата на Македонија и Србија. Оттука започнуваат "активностите° за наводниот силен залет на бугарската војска за ослободувањето на Македонија. Но, истовремено од тогаш започнуваат и безграничните игри на надмудрување на бугарската војска која требало да "војува° против германската војска.

Целосно се невистинити "размислувањата° на господинот амбасадор дека, (замислете) "Првата армија во состав од 76.000 луѓе ја спроведува од 8 октомври до 19 ноември страцинско-кумановската настапувачка операција... а Четвртата армија брегалничко-струмичката...°. Ова се, господине амбасадор, комплетно неточни информации, бидејќи само како показател толкава бројка војници и офицери сигурно ќе се забележела на територијата на Македонија и стоилјадната македонска војска немало потреба да води же­стоки борби со германската војска во заминување. Вистината е дека главните борбени дејства паднале на товар на македонската војска. Не е забележан ниту еден позначаен воен судир "на 76.000 бугарска војска° со Германците. Според тоа, немало ниту ранети, а камоли дури 7.000 загинати бугарски војници. Значи, и ова "размислување° на амбасадорот е целосно конструирана невистина.

Интересни се "размислувањата° на господинот амбасадор за наводниот "ослободителен° поход на бугарската војска низ Македонија. Тука тој спомнува повеќе градови во кои, замислете, "на денешната територија Република Македонија° (Македонија ја спомнува само кога е неизбежно, а за цело време не ја спомнува македонската војска, туку наместо неа употребува квалификатив "југословенска војска°) од бугарската војска биле ослободени Куманово, Кочани, Штип... и на крајот Скопје. Повторно целосна невистина и недобронамерни "размислувања пред Божик°. Во врска со ова само ќе го цитирам Извештајот на ГШ на НОВ и ПО на Македонија до Врховниот штаб на НОВ и ПО на Југославија во врска со ослободувањето на Велес и Скопје од 16 ноември 1944 година. Во него се вели следново: "Единиците на 42-та дивизија, на 8 ноември вечерта, го нападнаа Велес и по дваесетчасовна борба го зазедоа. Бугарите разбраа од еден руски полковник при Петтата бугарска дивизија дека Велес е ослободен и Радио Софија објави, на 9 ноември, дека нивните единици го зазеле Велес во содејство со македонската НОВ. Конечно, нашите единици на 12 ноември го нападнаа Скопје, додека Петтата бугарска ди­визија беше на левиот брег на реката Пчиња и бараше од нашата команда на подрачје во Велес да и испрати материјал за поправка на минираниот мост кај Катланово. На 13 ноември утрината се заземени мостовите на Вардар во Скопје.

Кога Бугарите разбраа за овие успеси, побрзаа да влезат во Скопје и на 13 ноември попладне тргнаа од позициите на левиот брег на Пчиња. По борбите во текот на 12 и 13 ноември нашите војски на 14 ноември овладеаја со целиот град и ги пречекаа бугарските сили кои доаѓаа во колона по патот Куманово - Скопје. Радио Софија на 14 ноември објави дека тој ден во шест часот генерал Стојчев го ослободил Скопје, во кој влегле претходни­ците на генерал-мајорот Генче, со помош на месните партизани. Ваквите постапки на Бугарите предизвикаа оправдан револт кај нашите борци и народи, пред, чии очи ова се случува. Молиме, ако е можно, да се протестира кај Отечествениот фронт и да се демантира веста на Радио Софија преку "Слободна Југославија°. Исто така, молиме бугарските трупи што побргу да се повлечат од Македонија°.

Сигурно дека овој документ многу јасно ја дава вистинската слика за тоа какви биле "ослободителните мисии на новокомпонираната бугарска војска°. Според писмените сеќавања на Боро Чушкар (од 1977 година), бугарската војска, која во ноември 1944 година (веднаш по ослободувањето на Скопје) била стационирана на скопското Кале, се симнала, без знаење на македонската воена власт во Скопје, и од кај Старата железничка станица се подготвувала да учествува во свечената парада рамо до рамо со македонските војници. Цврстиот став на македонското раководство и заканата дека доколку само се обидат да парадираат низ Скопје, ќе бидат гаѓани и ликвидирани со "сите можни орудија кои ни стојат на располагање во Скопје°. Заканата имала ефект и бугарските војници се повлекле.

Барањето на господинот амбасадор за одбележување на гробовите на бугарските војници од Втората светска војна на територијата на Македонија е сосема неоправдано и провокативно. Да се одбележуваат гробови на фашистички војници кои биле окупатори во Македонија сметам дека е непримерен гест за еден амбасадор.

Сметам дека е в ред барањето на амбасадорот "пред божикната вечер... пред да биде затворена страницата на минатото треба да биде прочитана°. А што е тоа што во оваа страница "на минатото° треба да се прочита. Најпрво, да се прочита дека бугарската фашистичка војска и полиција насила влегле во Македонија и извршиле класична окупација, насила го наметнале јазикот, ја искривиле историјата, извршија класична денационализација и асимилација, нивните воени и полициски сили ги ликвидираа најголемите синови на македонскиот народ, хероите од Втората светска војна: Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Кузман Јосифовски-Питу, Димче Мирчев, Димитар Ангелов-Габерот, Тошо Даскалот, Антева Магдалена, Васил Антевски - Дрен, Илија Антевски - Смок, Киро Атанасовски, Стеван Базерковски, Киро Бајрамовски, Мите Богоевски, Боро Божиновски, Круме Волнароски, Киро Гавриловски, Трајче Петкановски, Мицко Козар, Иван Козаров, Лазо Колевски, Орце Николов, Панче Пешев, Герас Цунев, Јовче Чучук и многу други. Да се прочита дека бугарската фашистичка полиција крена рака на малолетните ваташки де­ца, дека изврши класични масакри врз невино население во Сеченица, Горно Јаболчиште, Речани, дека изврши масовни погубувања на храбрите борци во Фојничка Пештера, Зелениково итн. Добро е да го чувате споменот за Кузман Јосифовски-Питу и, барем на него "да се исперете° во историјата. Неговата смрт е херојско дело, а загина токму против бугарската полиција и нејзините шпиони. Само на тој начин, доколку подигнете споменик пред амбасадата на Република Бугарија во Скопје, навистина ќе поверуваме во вашите "размислувања пред Божик° и заеднички, без напластеното минато, ќе гледаме во иднината, кон Европа и светот. Прошка, г. амбасадоре, прошка треба да барате од македонскиот народ и државата Република Македонија. Само така искрено ќе поверуваме во вашите "размислувања пред Божик° и заеднички ќе одиме по патот на разбирање и почит на минатото, но и на сегашноста.

(Авторот е доктор по историски науки)

http://209.85.129.132/search?q=cache:aryqKS6vwfkJ:217.16.70.245/%3FpBroj%3D1659%26stID%3D27505%26pR%3D7+%D0%91%D0%BE%D1%80%D0%BE+%D0%A7%D1%83%D1%88%D0%BA%D0%B0%D1%80&hl=en&ct=clnk&cd=11

Read more...

ВИКТОР АЌИМОВИЌ - МАКЕДОНСКИОТ ЗОРГЕ!

ВИКТОР АЌИМОВИЌ - МАКЕДОНСКИОТ ЗОРГЕ!


Новинарот и филмаџијата до крајот на својот живот ја носеше етикетата шпион

пишува: БРАНКА ДОНЕВСКА-НАЈДОВСКА

Животот на Виктор Аќимовиќ останува под превезот на мистиката, што неговиот статус на некогашен известувач, го исплете со многу приказни за домашната варијанта на Рихард Зорге. Две децении по неговата смрт, Државниот архив на Македонија се' уште не располага со неговото полициско досие, иако од Министерството за внатрешни работи беа преземени околу 20 илјади досиеја. Личноста и делото на овој публицист, новинар, филмски и фотографски автор до скоро беа третирани како своевидна табу-тема, а тој до крајот на својот живот ќе ја носи етикетата „шпион“, поради бројните апсења и судски процеси што ги воделеа против него различните режими. По новинарските кулоари и денес кружат легендарни стории за неговото бунтовништво (кое често изгледало само како зачувување на прометејскиот дух), јавни опонирања на властите и демистифицирањата на вистините за Народноослободителната војна и повоената изградба на земјава. Бил пријател со Кочо Рацин, Павел Шатев, Антон Панов и жесток критичар на „големците“ како Страхил Гигов и Боро Чушкар. Оние што го познавале ќе речат дека тој е личност која спаѓа во онаа малубројна група луѓе кои се издвојуваат со своите политички погледи, оставајќи белег на своето време. Ќе речат и дека тој не е идеална фигура туку, напротив, се работи за контроверзна биографија, но она по што го паметат е неговата верба во „вистината за Македонија и македонската нација“. Од друга страна, пак, тој до крајот на својот живот ќе остане приврзан кон идеите на комунизмот и авторитетот на Советскиот Сојуз.

ИСТРАЖУВАЊЕ „Виктор Аќимовиќ им остави голема работна задача на македонските историчари и архивисти. Неговата богата оставнина во вид на записи на хартија, филмски ленти, фотографии, претставува предизвик за вистинска научноистражувачка работа. Архивската граѓа во фондот ’Виктор Аќимовиќ’ е меѓу ретките во нашата држава. Сепак, за комплетно доразјаснување на Аќимовиќ денес за науката се' уште недостасуваат полициските досиеја водени за него“, вели Бранислав Светозаревиќ, чиј магистерски труд е токму на темата „Историски и архивистички аспекти на архивскиот фонд ’Виктор Аќимовиќ’“.

За тоа како дошол до идејата да се занимава со овој наш деец вели дека, како историчар, неговото повеќегодишно истражување на тетовската култура, неминовно го одвело до името на Виктор Аќимовиќ. „Речиси сите мои разговори со одредени личности кои го познавале се сведуваа на оцените дека тој бил одличен новинар, фотограф и снимател, но и шпион. Сето тоа уште повеќе ја зголемуваше мојата љубопитност. Поминаа две децении од неговата смрт, но се' уште не се создадени условите за целосно разоткривање на мистеријата околу него“, истакнува Светозаревиќ.

Ќерката на Аќимовиќ, Виринеја Кајзер, која живее во Марибор, прифаќајќи ја поканата на „Глобус“ да зборува за својот татко, го дели мислењето на историчарот: „Единствен проблем, вели таа, гледам во вашето прашање - кој беше тој. Би било лесно да знам. Меѓутоа, не знам! Бев мало дете за време на Втората светска војна, а подоцна бевме толку малку заедно, што многу ми е тешко да ви одговорам кој, всушност, бил мојот татко. Она што со сигурност го знам е дека беше добар новинар, фотограф, снимател и голем интелектуалец и борец за правата на македонскиот народ. Поголемиот дел од животот го помина по разни затвори во бивша Југославија.“, раскажува г-ѓа Кајзер.

Фактографијата, пак, во овој наш обид да го доближиме Виктор Аќимовиќ до пошироката јавност вели дека тој е роден во Тетово на 15 мај 1915 година, во видно семејство, кое се доселува во градот во средината на 19 век. Поточно, прадедото на Виктор, Стојко Аќимовиќ е првиот учител на српската пропаганда во Тетово од 1861 година, кој доаѓа од скопското село Похошево. Фамилијата Аќимовиќ во времето на Викторовата младост ги уживало привилегиите на Кралството на Југославија, како истакнато просрпско семејство со заслуги за ширењето на српската просветна пропаганда во Тетовско. (Токму тој факт, се чини, за Виктор претставува голем хендикеп, бидејќи неговото потекло предизвикувало кај припадниците на социјалистичкото и комунистичкото движење во Македонија сомневање во вистинските негови определби.) Татко му, Лазар, бил моден кројач, но по Првата светска војна работел како државен чиновник и со мајка му Параскева Герасимова, прилепчанка, имале уште еден син и две ќерки. За време на основното образование Виктор бил мошне активен во скаутското движење на Тетово, скијал и се занимавал со фотографија, бидејќи и Лазар бил фотограф – аматер. Неговиот дедо Љубомир бил учител, како и прадедото, што му овозможило интелектуално опкружување и пристап до поприлично богатата семејна библиотека. Од 1932 година до 1934 учи во средното земјоделско училиште во Крижевци, Хрватска. Во тоа време ги познавал, покрај македонскиот и српскиот, турскиот, албанскиот јазик, а подоцна и словенечкиот, бугарскиот, рускиот и францускиот јазик. Уште во Крижевци пројавил антирежимски ставови за што бил казнет од судот со 14 дена затвор и отпишување од училиштето поради „ширење комунизам“. По издржаната казна (1934 година) се вратил во родниот град, но само по два месеца, поради неговиот напис објавен во „Глас Полога“, во кој се критикува работата на социјалната служба за осигурување во Тетово, заработил нова тужба. Во ноември истата година почнал да го издава својот весник „Тетовске новине“, а како уредник, покрај него, се појавува и Боро Атковиќ. По првиот ден од излегувањето, промакедонските ставови, промовирани во весникот, провоцираат судско решение за забрана за печатење. „Тетовске новине“ сепак, излегува уште извесно време, но Виктор, веќе бил земен „на око“ на властите...

ПРЕСУДИ На 19 ноември 1938 година во Бања Лука се оженил со Милена Година од Марибор, словенечка актерка, со која дошле да живее кај неговите родители. Истата година станала и припадник на вооружените формации на СССР односно, работи, како и неговиот пријател Павел Шатев, на „специјални задачи од военоразузнавачки карактер на секторот Македонија – Грција – Албанија“. Иако, како агент на советскиот НКВД бил постојано на списокот на тетовската полиција за сомнителни лица, заминал во Марибор каде што со помош на својот тест го уредува и отпечатува првиот број (во три илјади примероци), на својот весник „Јужна стварност“, во кој отворено, покрај критиката на тогашните социјални неправди, се изјаснил и за македонското национално прашање. Имено, Аќимовиќ преку „Јужна стварност“ жестоко реагирал на тогашните ставови на академикот Никола Вулиќ, член на Српската кралска академија од Белград, кој во своите предавања целосно го негира постоењето на Македонија и македонскиот народ и ги преименува во Јужна Србија и јужносрбијанци. Весникот, кој бил дефиниран како „весник за сите културни прашања во Македонија“ веднаш е забранет! Последиците од спротивставувањето на Вулиќ брзо ги почувствувал: Аќимовиќ бил уапсен и спроведен во логорите Меѓуречје – Ивањица и Билеќа. Светозаревиќ во својот труд пишува дека таму Аќимовиќ главните тешкотии ги има, не толку од логорските власти, колку од самите затвореници во т.н. македонска соба. Имено, логорашите Страхил Гигов и Боро Чушкар му го „залепуваат епитетот провокатор и шпион“ и секогаш кога ќе им се даде прилика, за време и по војната, ќе му го загорчуваат битисувањето на Виктор. По издржаната казна, во почетокот на 1941, Аќимовиќ е регрутиран во составот на Југословенската војска во Србија, каде што и го затекнува нападот врз Кралството Југославија од страна на фашистичките сили и од каде што, по брзата капитулација се вратил во Македонија. Почнува да работи во Скопје (хонорарен книговодител на железничката станица) и се поврзува со активисти на Комунистичката партија, но во исто време редовно контактира со Љубомир Пентиев, член на Работничката партија на Бугарија, преку кого доставува информации за разузнавачката служба на СССР. (Во меѓувреме, од Италија и Тирана во отсуство е осуден на една година затвор за поттикнување востание.) Неуморниот Аќимовиќ паралелно со политичката активност, во окупираното Скопје објавува фотографии, пишува критики и соработува со македонските уметници Димитар Тодоровски, Никола Мартиновски, Методија Лепавцов...

Во 1944 година романтичарскиот дух ќе го приклучи на НОВ и е еден од првите фотодокументаристи во Главниот штаб на Македонија, а со своите фотографии учествува и во првите броеви на весникот „Нова Македонија“. Виринеја Кајзер, која е родена во Скопје во 1940 година, а нејзиниот брат Карпо, три години подоцна, раскажува за нивниот живот, во куќата на родителите на Виктор за време на војната. „За мајка ми тоа беа тешки денови. Во тоа време да се рече дека некој е по професија актерка, било исто како да се каже ’курва’. Згора на се', Словенка! Поради тоа, мајка ми во Тетово односно, додека траеше војната многу претрпе. Понекогаш сме немале дури ни што да јадеме... Милена со нас, двете деца, некое време беше и во Струмица, кај сестрата на татко ми, Ружица. Крајот на војната го дочекавме на Водно, во Скопје, каде што мајка ми беше куќна помошничка кај некои Чеси“, се присетува ќерката на Аќимовиќ.

По ослободувањето, Виктор му се враќа на семејството , а Милена се вработува во театарот, каде што игра во првата претстава на македонски јазик „Платон Кречет“ и која на турнејата по Пиринска Македонија го добива орденот на Георги Димитров, како заслужна актерка. Поради јавниот судир со функционерите Гигов и Чушкар, Аќимовиќ работи како дописник на „Политика“ и Белградско радио, хрватскиот „Илустриран вјесник“ и љубљанскиот „Товариш“, но не и за македонските весници. Неговата ќерка вели дека нејзе и' се чинело дека се' е во најдобар ред. „Со брат ми Карпо бевме запишани во градинка, бидејќи родителите ни работеа. Во есента 1946 почнав да одам во училиштето ’Његош’ и да учам на македонски јазик, а летата ги поминувавме во одморалиштето за деца што се наоѓаше на Водно“, раскажува Виринеја.


„Дома ни влегоа луѓе во кожени палта, испревртија се' и ја запечатија работната соба на татко ми“: Карпо, Милена, Виктор, Виринеја со внуците во Словенија

АПСЕЊЕ Нормалниот живот на семејството, сепак, не траел долго. Во март 1949 година ќе се случило она што ќе ги одбележи сите негови членови трајно: таткото Виктор одненадеж бил одведен. „Мајка ми не знаеше ниту зошто е уапсен ниту каде е“, се навраќа на тешките моменти ќерката. „Паметам, како денеска, дома ни влегоа луѓе во кожени палта, испревртија се' и ја запечатија работната соба на татко ми, а на Милена и' наредија да ја напушти Македонија за три дена, но и' потенцираа дека не смее да замине во ниту еден главен град од тогашната држава“. Милена Година со своите деца заминала во Марибор, кај нејзиниот татко и маќеата. Во меѓувреме, непознати луѓе дошле со камиони и натовариле се' што можело да се понесе од станот на Аќимовиќ, вклучувајќи ги и петте илјади ретки книги и бројни фотоматеријали. Одземеното никогаш подоцна не е вратено на неговите наследници.

Всушност, според пресудата на Окружниот суд во Скопје од 1950 година против Виктор Аќимовиќ, тој се товари дека за време на окупацијата во Скопје имал контакти со окупациските власти и дека во септември 1944 година бил избран за член на иницијативниот комитет, заедно со Мирко Стефановски и Георги Киселинов, а овој комитет, според пресудата, требало да претставува дел од марионетската управа на т.н. Независна држава Македонија на чело со Иван Михајлов, создадена и контролирана од Гестапо. Светозаревиќ во својот магистерски труд вели дека евентуалното инволвирање на Виктор во вакви акции може да се објасни како дел од неговите специјални задачи кои ги извршувал за потребите на советската армија. „Низ сите свои новинарски записи, тврди Светозаревиќ, Аќимовиќ искажува голем патриотизам и љубов спрема Македонија. Уште во тоа време тој известува за геноцидот врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија, правејќи притоа историски осврти за односот на Грците спрема Македонците со векови наназад, но и за судењата на бугарските окупатори“. Според истражувањата на архивистот, вистината е дека во есента 1948 година со Аќимовиќ контактирал Љубомир Пентиев, сега советник во бугарската амбасада во Белград, кој бара од Виктор повторно да се активира како разузнавач, но овој пат во сосема нова улога - во служба на Информбирото. Аќимовиќ го пријавил писмото на македонските власти и се упатил на средбата. По кусо време, Виктор Аќимовиќ е осуден на четири години затвор со обвинение дека се обидел да пребега во Унгарија!

ГОЛИ ОТОК „ Наеднаш се најдов во Марибор“, раскажува ќерката. „Меѓу непознати лица, меѓу деца кои пишуваат на латиница, кои зборуваат словенечки, а јас не знаев ни буква, ни еден збор од тој јазик. На Карпо му беше ’полесно’ зашто тој не одеше во училиште. Тројцата живеевме во соба од девет квадратни метри, а кога по шест месеци мајка ми се вработи, животот ни стана полесен“. Меѓутоа, ниту ова „спокојство“ не траело долго. Наскоро, Милена Година била одведена насилно од домот, не дозволувајќи ниту да се поздрави со своите деца. Нејзиниот брат, Албин Година – Војо, за среќа, во тоа време бил видна личност во Трст и дознавајќи дека неговата сестра ќе биде испратена на Гргур, Голи Оток, поради сомневање дека му помагала на сопругот, им напишал на властите писмо во кое ги моли невината жена да ја пуштат од притвор и Милена била ослободена. За тоа време Виктор ја издржувал казната во затворите во Битола и во „Идризово“, во друштво на Павел Шатев. Семејството го посетувало во „Идризово“, а по четири години тој им се придружил во Словенија. „Татко ми немаше вработување, така што мајка ми со својата скромна плата од театарот не' издржуваше нас четворицата, во малата соба на дедо ми“, вели г-ѓа Кајзер и без горчина додава дека, сепак, разделеноста си го направила своето, но и карактерот на самиот Виктор. „Една од неговите мани беше што многу ги сакаше жените, а и жените му беа наклонети, бидејќи беше симпатичен, интелигентен, духовит... Така што, разводот беше неминовен. Во 1955 моите родители се разведоа, татко ми се исели и повторно се ожени со жена која веќе имаше две ќерки. Со новата сопруга добија уште едно женско дете, нашата полусестра Вихорка“.

Ниту тој брак не траел долго. Немирниот Виктор се развел и од втората сопруга и дошол во Скопје, каде што повторно се оженил со љубовта од младоста, пијанистката Калипсо Налча од Битола, која имала една посвоена ќерка. Иако Аќимовиќ го посетувал семејството во Марибор, а и децата доаѓале на гости кај бабата и дедото во Тетово, нивните патишта веќе потполно се разделуваат. „Мајка ми го сакаше Виктор до крајот на својот живот, а сигурна сум дека, и покрај се', и тој имаше емоции за неа. Милена никогаш повеќе не се омажи, а на Карпо и мене секогаш ни зборуваше дека тој е наш татко, човекот од кого и' се двете прекрасни деца. Никогаш не бараше никакви пари од него, сама не' воспита, сама не' школуваше. Беше вистинска ’мајка храброст’, улога што подоцна ја глумеше во театар“, тврди ќерката, која раскажува дека Карпо Година (истакнатиот словенечки снимател и филмски режисер) со татко му се гледал на разни филмски фестивали во земјата и во странство и дека последен пат ова семејство се собрало во Скопје 1985, на прославата на 40-годишнината на Македонскиот народен театар, каде што Милена Година љубезно била поканета. „Карпо го виде само уште еднаш, две години подоцна, по смртта на Калипсо, што татко ми многу изгледа го погоди. Којзнае, како живеел тогаш, како се прехранувал...?“ , со тага констатира Виринеја и продолжува: „Кога се врати брат ми во Словенија, ме замоли да му се јавам на Виктор. Бев трогната кога го слушнав гласот, што повеќе не беше ’негов’. Го поканив да ме посети и тој вети дека ќе дојде, но нашата средба никогаш не се случи. Мојот татко почина на 21 декември 1987 година. Од нас, само јас присуствував на погребот зашто Карпо беше во Америка, каде што во тоа време снимаше филм“.

ПРИЗНАНИЈА Всушност, во годините по враќањето во Скопје од Словенија, Виктор Аќимовиќ се соочувал со немаштија, но како што вели Бранислав Светозаревиќ, храброст не му недостасувала. Од 1960 тој работи како слободен уметник, како член на Друштвото на ликовни уметници на применета уметност на Македонија, но и како слободен телевизиски репортер во информативно – политичкиот сектор на Радио – телевизија Скопје. Во наредните две децении Аќимовиќ им се посветува на филмот и на фотографијата. Во Кинотеката на Македонија се чуваат стотина награди и признанија на Виктор Аќимовиќ, меѓу кои „Сребрена плакета“ на Првиот фестивал во Скопје на „Средбите на солидарноста“ (1967 година) за филмот „Циркус интернационал“, највисоката награда на Фестивалот на аматерски филм во Скопје наредната година, „Сребрена плакета“ на Меѓународниот филмски фестивал на аматерски филмови во Кан, што Аќимовиќ ја доби за својот филм „Бел гулаб“ во конкуренција од 24 земји. На Меѓународниот филмски фестивал во Луксембург, во официјална конкуренција биле прикажани три негови филма, а за еден од нив, „Циганска молитва“ е награден со „Бронзена плакета“. Тој е еден и од основачите на скопскиот клуб „Камера 300“, учесник е на бројни меѓународни изложби на фотографија и еден од најпочитуваните сниматели и фотографи на Балканот, но и во Европа. Меѓутоа, ниту неговиот политички живот не бил занемарен. Импозантната архивска граѓа што ја остави овој исклучителен човек сведочи за едно активно живеење во сите сфери. Како што тврди Светозаревиќ, Виктор бдеел врз секоја издадена книга и објавен новинарски напис и реагирал на сето она што сметал дека е невистина и преувеличување, и покрај постојаните закани дека ризикува се', и покрај свесноста дека во некои моменти е сам против сите.

„Најголемата неправда што му ја нанеле режимите на Аќимовиќ не се затворите и малтретирањата, туку обидот неговите дела да се припишат на други луѓе затоа што се создавани во т.н. историски моменти, кога ретко кој се одлучувал да се изјасни и да го искаже својот став“, вели Светозаревиќ кој за време на двегодишното работење на оставината на Аќимовиќ се запознал поблиску со човекот кој бил опозиција на сите три системи во кои временски е сместен неговиот седумдесет и тригодишен живот. „Тој се соочил со парадоксите на својата борба: му било забрането професионално да го употребува јазикот за кој се борел и за кој бил подготвен да го даде и својот живот. Да биде прогонуван од системот за чија идеологија, исто така, се жртвувал. Меѓутоа, најголемиот парадокс е тоа што останува верен до смртта на идеологијата и својата нација, кои за време на неговиот живот не го прифаќаа“, истакнува Светозаревиќ. На крајот, можеби најкусото објаснување за важноста на Аќимовиќ е содржано во анегдотата што ја негуваат неговите современици дека во „Вардар филм“ го „чувале“ заради демократијата. Имено, кога некое сценарио ќе го одобрел тогашниот Централен комитет, за тоа требало да се гласа и во спомнатата филмска институција. Сите гласале „за“, само Виктор Аќимовиќ бил против и – обратно...

Британска суета и конфликтност


„Беше остар на јазик, интелигентен во заклучоците и доста суетен", вели Томислав Османли

Еден од оние што го познавале Виктор Аќимовиќ е и новинарот и писател Томислав Османли, кој за него вели дека бил исклучителна и возбудлива личност: „Неверојатно е како е спасен на самиот крај од војната, речиси грифитовски и во последен миг извлечен од пред стрелачки вод од страна на советската воена делегација во штотуку ослободена Албанија! Се зборуваше дека има висок чин во НКВД, дека поседува неверојатна збирка ретки книги, фотографии, снимки и важни документи кои би сакале да ги имаат и властите…“, тврди Османли и се потсетува дека со него се зближил кога со младешки ентузијазам истерувал правдина околу загрозеното авторство на едно негово филмско сценарио. „Единствената поддршка ја добив од Владо Харалампиев, тогашен директор на Авторската агенција, и од Виктор Аќимовиќ, кој во тоа време се дружеше со Владо. За мојот авторски случај и тука зборуваше, а исто така и пишуваше во словенечкиот печат онаков каков што беше – без влакна на јазикот“, вели Османли. „Беше остар на јазик, интелигентен во заклучоците и доста суетен. Еднаш му реков: ’За вас зборуваат дека сте биле советски известувач. Кај вас не препознавам комунистичка скромност, туку британска суета, како да сте биле човек на Интелиџенс сервис’. ’А ти’, ми рече, ’си интелигентно момче, ама и многу дробиш!’“ Томислав Османли вели дека Аќимовиќ доаѓал во Редакцијата на “Млад борец” со своето кученце кое дисциплинирано ќе фатело место во еден ќош на неговиот новинарски бокс. Малечкиот, бел мешанец го викале Калвик, што било комбинација од Калипсо, името на неговата сопруга и Виктор. „Својата љубов двајцата ја насочуваа кон кученцето. Зборуваше дека можат да те напуштат сите, но кучето секогаш ќе остане приврзано за тебе. Го враќав во минатото кое многу го возбудуваше. На тие средби доаѓаше ненајавено, секогаш носеше интересни материјали: стари фотографии од предвоениот и повоениот период, документи, многу стории секогаш поткрепувани со исечоци или архивски материјали. Ми кажа дека работел за советската разузнавачка служба и ми го покажа одликувањето што го добил од неа. Материјалите ги предавал во советското дипломатско претставништво во Софија каде што, ако не ме лаже сеќавањето, ми тврдеше дека преку целата војна и фашистичка доминација, се веело знамето со срп и чекан“, вели Османли.

„Знаев дека во Кралството Југославија издавал весник во кој ги бранел македонските национални позиции, а го познавал одблизу и се дружел со Павел Шатев. Инаку, Виктор секогаш се строеше спроти струјата. Ми зборуваше за книгата сеќавања што активно ја пишува и која, се сеќавам јасно, имаше необично име – ’Еретикон’. Таа требаше да ги носи одблесоците на неговиот возбудлив живот и неговиот авантуристички дух. Беше исклучително политизиран, чудак и не ретко конфликтен. Полицијата веќе еднаш влегла во неговиот стан и однела многу материјал за кој Виктор не знаеше каде точно се наоѓа. Поради таа богата и возбудлива биографија и багаж што го носеше со себе, го замолив овие разговори да ги снимаме во големо интервју на магнетофон. Ме погледна, се сеќавам, со неговите проникливи и влажникави очи и - одби. Сфатив дека тоа за него би било невнимателно. Потоа направив грешка во формулацијата: ’Добро, му реков, лентите можат да останат кај вас, а по крајот на животот ќе ми ги оставите на располагање’. Поради идејата на смртта што ја имплицираше овој разговор, стана и замина лут како рис. Виктор Аќимовиќ го видов во сосем поинаква светлина кога ме пронајде во Прилеп и ми јави дека починала неговата сопруга Калипсо Налча и ме замоли да говорам на нејзиниот погреб. Ни трага немаше од оној цврст и остар човек на кого бев навикнат. Така сентиментален, смекнат и внимателен не го бев видел до тогаш. Смртта на блиските е жестока поука и за најцврстите. Смртта, пак, на Виктор е една посебна епизода. Умре дома сам и го најдоа по пријава од соседите поради најстојчивото квичење на неговиот пес оставен на балконот. Еден мал и посреден омаж на Виктор му направив во играниот филм ’Ангели на отпад’ каде што песот на главниот лик го крстив Калвик, според името на едно од најсаканите суштества на Виктор Аќимовиќ. Никогаш не дознав дали наследниците го пронашле ракописот на ’Еретикон’ на неговата работна маса “, вели Османли.

Станот ни е бесправно одземен


Ќерката на г-ѓа Калипсо го продаде станот на татко ми и исчезна некаде во Грција: Виринеја и Виктор во 1985

Кога во 1987 година, тогашната милиција влегла во станот на веќе починатиот Виктор Аќимовиќ, наишле на несекојдневна глетка: просториите биле преполни со документи, филмски и фотоленти, фотографии, книги, списанија и други материјали. Домот на Аќимовиќ бил судски запечатен, а на неговите деца не им бил дозволен пристап во него. Ќерката и синот на Аќимовиќ, Виринеја Кајзер и Карпо Година, започнале судски спор околу станот што се наоѓал на улицата „Ѓуро Салај“ тој правилно да се подели меѓу неговите наследници.

„Со години траеше таа наша битка за да го добиеме она што ни припаѓа. Имавме ’прекрасен’ адвокат кој од нас, кои бевме далеку, само бараше пари, а не направи ништо. На крајот дојде до тоа, станот неправедно да го добие ќерката на г-ѓа Калипсо, која го продаде и исчезна некаде во Грција. Никогаш не се појави на ниту една парница и така тогаш во ’правната’ држава Македонија останавме и без оној мал дел што ни го остави татко ни. Карпо се обиде се' случајот да се реши на законски начин. Разговараше дури и со Лазар Колишевски, кој добро го познаваше татко ми, но се беше залудно!“, тврди Виринеја Кајзер.

Од Прага до Тетово


Најголемиот парадокс е тоа што останува верен до смртта на идеологијата и својата нација, кои за време на неговиот живот не го прифаќаа: м -р Бранислав Светозаревиќ

Бранислав Светозаревиќ, кој две години посветил на истражувањето на архивските записи за Виктор Аќимовиќ, е роден во Скопје (1966 година), но потеклото, а и животот му е во Тетово. Дипломираниот историчар од 1992 година е вработен во Државниот архив на Македонија, одделение Тетово и е виш архивист во Одделението за евиденција и заштита на архивската граѓа во Архивот. За 2001 година е прогласен за најдобар архивски работник во Македонија, автор е на пет труда и на бројни статии што се објавувани во „Гласникот“ на ИНИ и во научните списанија во земјава. Учесник е на повеќе изложби на фотографија, филателија и картофилија поврзани со македонската историја, а во 2006 е и соработник на првата македонска енциклопедија што ја подготви МАНУ. Светозаревиќ е оженет со професорката по солфеж, Андријана, со која ги има ќерките Марија, Мила и синот Божидар и е првиот магистер по предметот архивистика и историја во државава. Во идните планови му е зацртано да се избори една улица во Тетово да го носи името на Виктор Аќимовиќ и успешно да ја завршат книгата за Аќимовиќ, што ја подготвуваат Кинотеката на Македонија заедно со Државниот архив.

Интересно за Светозаревиќ е тоа што неговиот прапрадедо, Чехот Хиполит Покорни бил архитект, кој со австроунгарците дошол наменски од Прага за да ги проектира Машката гимназија во Сараево и библиотеката во Бања Лука (денешниот парламент на Република Српска). Синот на Хиполит, Светозар, оженет за Германката Оливера Шварц, завршил во Виена архитектура, но како српски војник во Првата светска војна, завршил во затвор во Пловдив, каде што и умрел. Дедото на Бранислав, Бранко Покорни, како агроном од Кралево го испратиле во Прилеп, па во Тетово, каде што по женидбата со Славјанка, ќерка на локалниот војвода Трајче Бајрактар, се населил трајно. Таткото на Бранислав, Божидар, пред Втората светска војна го сменил презимето Покорни за Светозаревиќ.
http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=1FBA04844AE9B840BA8E1D11120BE056

Read more...

„Фудбалот го спасил Шпиц од смрт“

„Фудбалот го спасил Шпиц од смрт“


ФК „МАКЕДОНИЈА“ И НЕЈЗИНИОТ ТРЕНЕР ИНСПИРАЦИЈА ЗА филм

Фудбалот го спасил Шпиц од смрт


„Трето полувреме“ ќе биде филм за Македонија под фашистичка окупација, за фудбалски клуб кој требало да стане шампион, за холокаустот и за борбата против фашистите


Уплакана и избезумена сопругата на тренерот на фудбалскиот клуб „Македонија“, Илеш Шпиц, утрото на 8 март 1942 година втрчала во Градската општина, кај секретарот на клубот Мицко Симеонов за да соопшти дека нејзиниот сопруг го уапсиле. Евреинот, со потекло од Унгарија, бугарските полициски сили го транспортирале со воз за логорот Треблинка. Но, спортските врски веројатно биле посилни од политичките. Некаде кај Врање, кај Сурдулица, тренерот Шпиц е симнат од возот по ургенција на висок политички функционер, откако интервенирал инженерот Димитар Шкартов, претседател на ФК „Македонија“. Живеел за фудбалот и животот го загубил заради него - во 1961 година на скопскиот „Градски стадион“ нервозен од текот на натпреварот „Вардар“ - ФК „Београд“. Ова е дел од приказната поради која режисерот Дарко Митревски одлучи да го прави филмот „Трето полувреме“, а зад кој како продуцент ќе застане светски познатиот продуцент Бранко Лустиг. Екипата од Америка во Македонија доаѓа идниот месец за да одберат локации за филмот.

СО ГОЛЕМО СРЦЕ И СО ЖОЛТА ЅВЕЗДА НА РАКАТА

А „македонската“ приказна за Шпиц почна во 1939 година, кога тој од сплитски „Хајдук“ дошол во Скопје. Роден е во 1902 година. Имал ограничено движење и патување, постојано на раката и на реверот носел жолта ѕвезда, како и останатите Евреи. Лично го познавав Шпиц, беше дружељубив, а особено со новинарите. Помалку молчалив и затворен изгледаше постар за годините што ги имаше. Никогаш не се пожали за тоа што му се случи, но имаше искрена и трајна благодарност за скопјани, кои му го спасија животот. Молчеше веројатно зашто знаеше кој му го спаси животот и во какви околности, ни рече Борис Поп Ѓорчев, публицист што се занимава и со спортска историографија. ФК „Македонија“ и софиски „Левски“ го играле историскиот натпревар за шампион на Бугарија на скопскиот „Градски стадион“ на 29 март 1942 година. ФК „Македонија“ водела со 2 спрема 0. Потоа „Левски“ дале нерегуларен гол, кој бугарскиот судија го признал. Настанала мешаница и судијата го прекинал натпреварот и прогласил службена победа на „Левски“. Навивачите не сакале да си заминат од стадионот и скандирале „Македонија, Македонија“.

СПАСИТЕЛОТ НА ШПИЦ БИЛ СТРЕЛАН

- Фудбалскиот клуб „Македонија“ по ослободувањето, во 1945 година беше табу-тема. Таа контроверза продолжува и денес. Клубот настана веднаш по бугарската окупација во 1941 година. Еден месец по формирањето, во мај беше коптиран во бугарската фудбалска лига. Сите се прашуваа како и со која цел е формиран. Клубот дури даде репрезентативци за Бугарија, ни објаснува Поп Ѓорчев.Спасителот на Шпиц, претседателот на клубот Шкартов и членот во управата Димитар Ѓузелов во 1945 година биле прогласени за народни непријатели и биле стрелани. Македонија под фашистичка окупација, трагедијата и холокаустот на македонските Евреи, борбата на една мала земја против фашистите, прикажана преку фудбалската игра на ФК“Македонија“ и импресивната биографија на Шпиц се суштината на сценариото за новиот филм на Митревски. Тој веќе една и пол година работи во Америка.

Лилјана Грџо Дамовска-Дневник

Read more...

Едно половично разголување

Едно половично разголување



Роден е на 9 февруари 1939 година, во 1 часот по полноќ. По 50 години, еден ден подоцна, а половина час порано, Лилјана Дирјан ќе му го роди синот кој после самиот и се јавил на сон како Борјан. Неговото родно место е случајно Чачак, во срцето на српска Шумадија. Нешто помалку значајно таму се нашол татко му, Димирар Христов Ѓузелов(иќ). Тој, пак, претходно, со „указ“ на крал Александар бил назначен да биде гимназиски професор (со универзитетска диплома од скопскиот Филозофски факултет, 1926), откако во 1931 година од истиот бил амнестиран (под притисок на меѓународното мнение и Друштвото на народите) од дваесетгодишната робија, на која бил осуден како главно обвинет и водач на илегалната ММТРО (Македонска младешка тајна револуционерна организација), на познатиот Скопски студентски процес во есента 1927 година. Во Чачак е крстен како Богомил, најверојатно зашто токму тогаш татко му ја пишувал својата студија за Богомилите (што нешто подоцна е објавена во скопското списание „Луч“)... Сломот на Кралството Југославија во 1941 година татко му го затекнува во Скопје, каде што следната година е назначен за началник на Радио Скопје. Неговите први спомени од детството, како трајни отпечатоци се спомнати во повеќе негови песни, најобемно во неговата последна стихозбирка, заедно со подоцнежните спомени од куќата во Маџир-маало…

Кога кај вас се роди поривот за пишување, кога се навести вашата идна посветеност на литературата?

- Отсекогаш сум знаел дека ќе пишувам, но не сум знаел – за што. Кога мајка ми ми ја купи првата книга на македонски за мојот седми роденден, стихозбирката „Овчарче“ од Лазо Каровски, што ја прочитав за десетина минути, знаев само дека тоа нема да биде она за што ќе пишувам. Не само затоа што тоа беше надвор од доменот на моето градско детство – не ми беа по вкус ни многу популарните песнички за „пионери, пионерки, бубачки и шумски ѕверки“, што почна да ги пишува (и дури објавува во детските подлистоци) постариот ми другар Ганчо, спроти улицата. Ако воопшто и помислував нешто да пишувам во тоа најрано време, тоа веројатно требаше да биде на нивото од мојата лектира на разни авантуристички романи од Жил Верн, Мајн Рид или Карл Мај, прочитани на српски или на бугарски, што можев да ги позајмам од блиската детска библиотека. А за моето алчно „голтање“ книги виновна беше најмногу сестра ми што ме описмени уште на пет години, Незаситното читање на необични и егзотични авантури можеби беше, и тогаш, своевидно бегство од стварноста, што изобилуваше речиси еднакво соцреалистични (воени и повоени) настани, иако ми се чинеа сосема обични, небаре нормални…

Спомени, спомени...

Како го паметите времето на Втората светска војна во Скопје, ослободувањето, првите години потоа?

- Не штрекнува завивачката сирена за тревога и не успеваме да дотрчаме до скривницата на аголот од улицата. И само што престанала, се слуша веќе и длабокото брчење на авионите-бомбардери, сосема близу, над главата, потем остриот фиук на бомбите и веднаш потоа – молк, зујат само шумно ушите, зјапат само очите, на мајка ми што ми ја држи вратата отворена. Мирис на обична прав, низ која гледаме како малтерот паднал од таванот на кујната, но не и во ова ќоше во кое сме се засолниле, а пред нас низ двојната врата од салонот се втурнал цел куп алишта и чаршафи од спалната со прозорец кон улицата. Бомбата паднала во двокатната куќа отспротива. Таа е на попот Личеновски, за среќа семејството му беше веќе евакуирано и немаше жртви, или така барем мислевме... (Подоцна дознавам дека тоа нас не бомбардирале „сојузниците“, англиските бомбардери што не стасале да си го истурат товарот врз нафтените полиња кај Плоешти, Романија – ја гаѓале на враќање кон базите во Египет германската отстапница од Грција по моравско-вардарската долина, но германскиот штаб во училиштето на крајот од нашата улица и бугарскиот „участок“ во соседната останаа негибнати.)

Истиот или следниот ден, берам (или крадам) круши од дрвото во соседниот двор, и одеднаш сиот се заплеткувам во некои лигави ластици виснати од гранките што смрдат гадно. Кога слегувам, некое од децата ми вика: А,бе, ти целиот смрдиш на гомна! Се отплетувам бргу, од тоа да ти биле нечии човечки црева – и сите дури сега стануваме свесни за замачканата крвава дамка на бетонското цокле од соседната куќа.

Вашето семејство всушност настрадува после војната?

- Делот од нашата улица при ослободувањето на Скопје го гледам клекнат од таванскиот балкон, од каде што допира штектањето на “картечниците“ од германскиот бункер и поединечните пукоти од пушки и експлозии од фрлени рачни бомби на партизаните – еден од нив паѓа покосен од рафал токму кога ја прескокна уличната ограда отспротива.

На третиот ден од ослободувањето, рано наутро, не буди пукот од стаклото на предната влезна врата и тупот на чизми од вратата на спалната. Се будам во детското креветче и си ги тријам очите од тешкиот војнички мирис – некој од униформите има вперено и пиштол кон татко ми, кој станува и се облекува: вели, уште ли ќе разговараме преку цевките од револверот? Следи општо претресување на мебелот и претрес на фиоки и шифоњери, дури и расцепени душеци и јоргани – барале скриени лири и „напаљони“ и не можеле да се начудат што не нашле никакво злато ни вреден накит. Го снема одеднаш татко ми заедно со неговиот брич, коланот на кој го остреше и неговиот мирис од бањата пред огледалото кајшто се бричеше.

Мајка ми барем еднаш неделно му носеше кошница со храна под покривката на „свиждане“ до Казнениот завод на скопското Кале. Тој пат преку плоштадот, Камениот мост и угоре по калдрмисаната улица покрај зградата на Цека го паметам многу добро. Следниот пат за кој се сеќавам дека сум го видел татко ми (кој би помислил тогаш дека тоа ќе ми биде и последен!) е како се симнува по задните свиочни скали од Офицерскиот дом, во кој се одржуваше судењето на „народните непријатели“, со волнена капа на глава како мафта со раката во олабавената јамка од јажето. Го видовме низ замаглениот прозорец однадвор долу, меѓу толпата други роднини и нарачаните викачи: Смрт за народните предатели!

Тешки и мачни спомени се тоа...

- Овие спомени од моето рано детство се само неколку од непознатите наслојки што се таложеа некаде длабоко во мене пред да се запалат сами од себе и да почнат да зрачат. Дали тој пресуден настан во нашите животи ми послужи и мене, макар и несвесно, како иницијална каписла за многу подоцнежното палење на моето внатрешно јадро? Или тоа беше некоја од следните летни ноќи, посебно оваа на која се сеќавам толку живо – одеднаш се најдов сам клекнат во бавчата во потполна штама, исфрлен од надраснатото креветче небаре како директно од колевка, спроти темното небо со крупни ѕвезди, ококорени или мижуркави, а наоколу летаа и трепкаа исто такви светулки што можев дури и да ги фатам и уште појарко да ми светат.

Откривањето на „жицата“

По неколку години изгон и перипетии, ете во Маџир маало, во осмолетката „Браќа Миладиновци“, потоа доаѓаат гимназиските денови, првите успешни творби и преводи, откривањето на Рембо...

- Дури откога ми се заредија песните од циклусот „Деноноќија“ (некои беа можеби поттикнати од сликите на југословенските експресионисти и наивци), како продолжение од една помалку успешна серија од песни што ги запишував како игра на часовите по историја од Средниот век, дури тогаш почувствував дека можеби сум ја пронашол мојата лична (се уште макар и подземна) поетска жица што вредеше да се истражува (и, евентуално, испишува). Се разбира, сево ова не ми беше ни мене бар олку јасно тогаш, но кога една ноќ ми бликнаа незадржливо стиховите и сликите од песната „Медовина“, што почнав да ги запишувам врз кориците од некој број на „Разгледи“ во потполн мрак, знаев точно дека тоа е токму она што го чувствував и барав за цело време и што небаре од искони, или од најраното детство, се потиснувало и таложело под притисок во јадрото и дека тоа веројатно ќе ги содржи и сите елементи од мојата поезија и „поетика“што допрвин ќе ја испишувам. Така почнаа да се испишуваат, како по „диктат“ но подиректно од соништата, и моите прозни „Легенди“. Така, или на сличен начин, преку бележење на моето „ноќно писмо“, следеа и другите лирско-епски циклуси: „Пролет во апокалипса“, „Пат до Легена Града“, „Одисеј во пеколот“, „Песна за киклопите“, „Наречници, вам за речта!“. А кога и со свесен напор, денски, успеав да го запишам внатрешниот монолог од „Ножот на убавината“ (што го гледав видливо како некоја обредна пантомима), знаев дека ваквото „откровение“ на загубените врски со епското во мојот (и наш, македонски) сензибилитет треба да се објави и како „манифест“. Уште повеќе, тоа требаше и да се напише во форма на манифест – но како? Ги побарав во НУБ двата манифести на надреализмот што ги беше срочил Андре Бретон, зашто од сите модерни “изми“ надреализмот беше сепак најблизу до она што го чувствував, и веднаш сфатив– да, манифестот требаше агресивно и да звучи, како вистинско фрлање ракавица на предизвик за двобој со лирско-интим(истич)ниот вкус во поезијата што тогаш преовладуваше не само во Македонија туку и во цела Југославија (со исклучок на веќе спомнатите и неколкумина други поети, пројавени или штотуку појавени). И бидејќи во еден пролетен број на „Разгледи“ претходната 1959 година потпишавме заеднички еден сличен текст (всушност, наизменично негов и мој), му понудив и на Радован Павловски, кој во тоа време веќе ги пишуваше и ни ги читаше своите големи поеми, да го потпише манифестот како еднакво свој, што чинам заеднички го крстивме како „Епското на гласање“.

Како од денешна дистанца се сеќавате на тој манифест?

-Не предвидовме, дека постарите колеги од редакцијата на „Разгледи“ можат и да одбијат да го објават. Но, со тоа само ни направија услуга, зашто Влада Урошевиќ веднаш се согласи да го преведе на српско-хрватски, и со по една песна како показ за нашата „епска“ поетика, им го испрати на уредниците Дејан и Богданка Познановиќ во литературниот весник „Поља“, што излегуваше во Нови Сад и во кој соработуваа сите млади и „модерни“ автори од цела Југославија. Манифестот заедно со нашите песни беше објавен (на двете средни „ударни“ страници) есента 1960 година и ни ги отвори страниците и на другите литературни гласила во Белград, Загреб и Љубљана. Следната есен, на пример, јас и Раде бевме поканети на трибината „Књижевни петак“ и претставени од поетот Златко Томичиќ, кој веќе беше превел и објавил повеќе песни од нашата тнр „трета генерација“ македонски поети, а пред тоа, паметам, мојот монолог „Ножот на убавината“ се појави и на уводната страница од новото љубљанско списание „Перспективе“.

Во Загреб останавме цела недела како гости во големиот стан на Златко во Прерадовиќева улица, а таму се беше засолнил и Бранко Миљковиќ со кого се бев запознал пред некоја година а не пропуштав пригода да се видам со него оттогаш и на секое пропатување во Белград . Ненадминатиот козер Бранко сега беше повлечен зад своите темни очила (првично и за да си ги покрие модриците) со аристократски презир кон колегите кои го беа протерале од Белград (дари, или токму, како лауреат на престижната „Октобарска награда“ и буквално претепан). Зрачеше со нешто тажно, скриено и неискажливо , но за малкумина – и трагично. А тоа трагично се случи толку бргу, веќе на моето следно доаѓање во Загреб во февруари наредната 1962 година Бранко утрото го нашле обесен на Мирогој! Го делев првичното општо мислење дека Бранко Миљковиќ, тогашниот врвен југословенски поет, беше некако натеран да изврши самоубиство не само поради интимната драма (несреќна и невозвратена љубов), туку и на редица други нерешливи околности од еден пречувствителен сензибилитет со својата непосредна примитивна, злобна и завидлива околина (дури и на „еснафско“ ниво), а мошне незаобиколно и со конкретната политичко- идеолошка ситуација во која живеевме сите ние, иако падот на соц-реализмот и подемот на модернизмот дојде и со премолченото заминување на дел од политичката „авангарда'.

Наградите го заобиколија

Во 1966 година сепак ја добивте наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП...

- Додека служев војска се случија два важни настана во „цивилниот“ живот, на општествен план и во мојот сопствен. Истото лето во 1966 падна Александар Ранковиќ, шефот на моќната тајна полиција УДБ-а, а потем ја добив веста дека за моите „Мироносници“ сум ја добил наградата на СВП „Браќа Миладиновци“ како најдобра книга на годината. Претседател на жирито беше Димитар Митрев и само тој гласал против, па резултатот бил убедлив 4:1 за мојата книга. Поради тоа тој и одби да ми ја додели јавно наградата на „Мостовите“.

Тој настан беше проследен со низа скандали, за кои веројатно уште долго ќе се прикажува. Како и да е, факт е дека многумина во тоа време се обложија дека нема да се вратите од вашите патувања. Дефинитивно се најдовте на „црната листа“ и веќе не добивавте награди ни во социјалистичка, па ни во независна Македонија. Но, ете, стасуваме одвај до половината на Вашиот творечки опус, а а интервјуто мора да запре...

- Не може да се напише се баш ни за самиот себе, а не пак за другите. Што фајде се виде од претераната разголеност? Дури и да нејќеше да пишуваш според вкусот на мнозинството, на колкумина од малкутемина им згорчи со твоите безобразности? А време е и да се вратам на својот „опстанок“, не само како на продолжение од мојата последна книга песни, туку и темелно животен кој продолжува во Скопје. Мошне реален, конкретен, секојдневен. Да почнам пак некој превод, нарачан или се уште не, но кој барем сигурно ќе биде објавен и исплатен! Кога-тогаш, колку-толку, но белки доволно за да се прикрпи живеачкава од егзистенција само на мизерна пензија. Можеби пак на некое друго дело од Шекспир, до сега непреведено на македонски. Тоа е автор чие преведување секогаш ме исполнува со соодветно задоволство за вложениот труд. Сеедно што син ми пак ќе ми префрла: ти си, тато, вистински „воркохолик“, и што жена ми ќе се лути што ќе се исклучам од ова време за да се преселам во некое друго. Дрога? Не, само најпригодниот начин за преживување што го знам...

Оздола ми довикува Лиле дека ручекот е готов. И мене веќе ми проработува стомакот, грчи и лачи сокови по очекуваната храна. Ѕвони и влезното ѕвонче – го носат Лукас од градинката. Веројатно и тој е гладен. А има, богами,и вистински угриз – кога и мене ќе ме гризне дури преку панталони, знак е дека ме прима како дедо и ближен свој во неговиот непосреден реален свет...

Со Чинго на „црната листа“

Како изгледаше „слободата на творештвото“ во социјалистичките тие времиња кај нас, во Македонија?

- Кај нас во шеесеттите години имаше релативна „кулурна автономија“, но во позатворена средина, кај што врските беа повидливо разголени. Ние, „модернистите“, собрани главно околу „Разгледи“, под водство првин на Коле Чашуле а потем на Димитар Солев, сметавме дека сме си го избориле својот простор за израз во однос на спротивниот конзервативен табор на 'реалисти' околу „Современост“ и „Хоризонт“. Но, пресуден фактор уште долго време остана да биде „критериумот и догмата“ на врховниот арбитар, кој на својата „црна листа“ повремено не впишуваше (и припишуваше) мене или Живко Чинго. Сепак, пробивот што македонската литература го правеше на југословенски план, посебно поезијата (и на нашата „трета генерација“ промовирана од антологијата на Влада Урошевиќ) беше незадржлив и голема поддршка за сите нас, па и за мене.
http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=45&ArticleID=1429

Read more...

ПОЛОВИНА ВЕК БОРБА НА ВИКТОР АЌИМОВИЌ ЗА ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

ПОЛОВИНА ВЕК БОРБА НА ВИКТОР АЌИМОВИЌ ЗА ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА


Страхил Гигов и Боро Чушкар му забраниле да биде новинар


Во Државниот архив и во Кинотеката на Македонија, покрај многуте други, постои и еден редок фото и документациски трезор, преполнет со материјали драгоцени за развојот на македонската историја, нејзината


Во Државниот архив и во Кинотеката на Македонија, покрај многуте други, постои и еден редок фото и документациски трезор, преполнет со материјали драгоцени за развојот на македонската историја, нејзината политичка и национална мисла, како и за растежот на македонското новинарство, фотографија и филм. "Виктор Аќимовиќ" - напишано е на тој трезор, на архивскиот фонд со оставината на истоимениот македонски деец, публицист - новинар, фотограф и филмски работник. Станува збор за интересна, контроверзна и многу значајна личност, чиј живот и дело до 90-тите години на 20 век беа третирани како табу тема. Историчарот и архивист од Тетово Бранислав Светозаревиќ нив ги истражуваше во својот магистерски труд, чија одбрана е планирана за наредната недела на скопскиот универзитет "Свети Кирил и Методиј".
"Во времето што доаѓа ќе претстои политичка рехабилитација и афирмација на личноста и делото на Виктор Аќимовиќ, човекот кој уште од своите младешки години со својот публицистички и севкупен ангажман застанува на фронталната линија на одбраната на македонските национални интереси", заклучува во својот труд Светозаревиќ.
Виктор Аќимовиќ е роден во Тетово во 1915 година, како едно од петте деца на Лазар и Параскева. Неговата мајка е родум од Прилеп, но прадедото на Виктор, Стојко Аќимовиќ, е првиот учител на српската пропаганда во Тетово во 1861 година. Животот и делото на Виктор до неговата смрт во 1987 година се суштинска спротивност на неговото просрпско семејство, кое имало заслуги за ширењето на српската пропаганда во Тетово и Тетовско. Наместо и самиот да се вклучи во неа, Виктор се приклонил кон социјалистичкото и комунистичкото движење и особено кон идеите на ВМРО (Обединета) и МАНАПО. Спротивставувајќи се на силното влијание на великосрпскиот режим, тетовците учествувале во штрајкови, одбележувања на празници сврзани со македонскиот идентитет, во национални појави во културата, спортот и новинарството, каде што еден од најекспонираните бил токму Виктор. Документацијата од 1934 до ??1934 година покажува дека Виктор Аќимовиќ бил непрестајно во судир со актуелниот режим на Кралството на СХС. За својата антирежимска, прокомунистичка и најмногу за националната македонска дејност тој бил казнуван и осудуван неколкупати од просветните и судските власти и лежел во затвор по логорите. Тетовската полиција постојано го следела, бидејќи се наоѓал на списокот на сомнителни лица, како агент на советскиот ??НКВД.
Во 1939 година Виктор заминува во Марибор, во Словенија, од каде што била неговата сопруга Милена Година. Оттаму во својот нов весник "Јужна стварност" Виктор жестоко реагирал на јавното предавање под наслов "Јужна Србија, или Македонија", што го одржал српскиот академик и универзитетски професор Никола Вулиќ во Српскиот културен клуб. Тој правел обид за целосно негирање на постоењето на Македонија и на македонскиот народ, како и за нивно преименување во Јужна Србија и јужносрбијанци. "Никој не може на Македонија да и го оспори името. Македонија постои, затоа што постои македонски народ", му пишува Виктор на српскиот академик - шовинист Вулиќ во своето отворено писмо, поместено во весникот. Весникот со оваа статија бил пренесен во Македонија, каде што во Тетово и други градови го читале младите напредно ориентирани луѓе. За време на фашистичката окупација, Аќимовиќ бил осуден во отсуство на две години затвор од италијанските окупациски власти.
Во новинарските обиди за бугарското списание "Литературен глас" од Софија во 1942 година, давајќи свое гледиште за Македонија како неисцрпен мотив, бара "поголем ангажман" од познатите имиња на современата македонска уметност, како што се сликарите Никола Мартиновски, Тома Владимирски, Димитар Кондовски, Кераца Висулчева и скулпторот Димитар Тодоровски. Тој не го употребува името на државата Бугарија, под чија окупација се наоѓала Македонија, ниту терминот Бугари. Секаде исклучиво ги користи термините Македонија, Македонци, македонски човек. Со тоа вешто го избегнува можното поистоветување на Македонија и Македонците со Бугарија и Бугарите и на посреден начин ја истакнува македонската посебност.
Во 1944 година Виктор се приклучува кон единиците на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија и станува фоторепортер на Главниот штаб. Но, веднаш по ослободувањето бил отстранет и дистанциран од страна на властите на младата македонска држава, поради блискоста на неговите ставови со ставовите на "сепаратистите", на "антипартиската група" и со "чентовистите". Во 1945 година во белградскиот весник "Политика" Аќимовиќ објавува многубројни информации од НР Македонија, но и од пиринскиот и егејскиот дел на Македонија. Се издвојуваат неговите наслови за судењето на остатоците на големобугарскиот фашизам и за злосторствата врз Македонците во Грција. Во овој период Аќимовиќ е дописник и на Радио Белград. Но, од 1946 година двата медиума полека му ја откажуваат соработката. Неговото слободно изразување траело мошне кратко, бидејќи Белград и македонското раководство предводено од Лазар Колишевски, ги отстранувале сите приврзаници на идејата за посамостојна политика на Македонија. При обидот за бегство во Унгарија во 1948 година Виктор е уапсен и одлежува затворска казна во Идризово до 1952 година.
Според Светозаревиќ, одредени политички моќници, меѓу кои и Страхил Гигов и Боро Чушкар, му го ограничиле на Виктор правото да работи како новинар во Македонија. Се до својата смрт, тој останал во изолација, тивко бојкотиран. Но, во 70-тите и 80-тите години од минатиот век и натаму смело учествувал во јавни полемики, решително впуштајќи се во демистификација на одредени настани и личности од НОВ и Револуцијата. Се обидувал на јавноста да и предочи дека одредени моќни политички кругови и историчари си ја пишувале историјата според своите потреби.
Полицијата, која во разните политички режими, беше негов постојан "чувар", во 1987 година го "удостои" со уште една, овојпат последна посета, додека тој веќе заминуваше во историјата на Македонија. Припадници на поранешниот Секретаријат за внатрешни работи влегоа во малечкиот стан во Скопје на веќе починатиот новинар и публицист и наидоа на простории преполни со документи, филмски и фотоленти, фотографии, книги, списанија и други документарни и библиотечни материјали, значајни за современата историја на Македонија.
Свето Тоевски

***

Рацин го добил куршумот в чело

За историчарите е интересно прашањето, кое Виктор Аќимовиќ му го поставил на Страхил Гигов за Кочо Рацин: "Зошто Гигов не го споменува Рацин и неговото престојување во логорот во Ивањица, во кој бил испратен? Дали, можеби, затоа што големиот комунист и револуционер беше во немилост, брутално бојкотиран, затоа што беше забранувано со него да се зборува и дали токму ти го имаше главниот збор. Го прогласи ли ти тогаш Рацин за шпион, како човек на тогашниот бан на Вардарската бановина. Но, Рацин остана Рацин, пролетер, револуционер и Човек до последниот момент, до моментот кога го доби куршумот в чело. Но, моите разговори со Рацин во логорот Меѓуречје - Ивањица се запишани и не се потонати во Вардар, туку се депонирани на неколку места. Не е уште дојдено времето да се објават", наведува Аќимовиќ во своето писмо што му го упатил на Страхил Гигов.

***

Богата ризница од филмски записи

Во 60-тите и 70-тите години Виктор Аќимовиќ се посветува на филмското творештво и фотографијата, а во областа на аматерскиот филм ги достигнува врвовите на европските филмски остварувања. Во овој период тој е автор на педесетина некомерцијални филмови. Во Кинотеката на Македонија се чуваат околу 100 награди, плакети, признанија и дипломи на Аќимовиќ. На Меѓународниот фестивал на аматерски филмови во Кан ја добил Сребрената плакета за својот филм "Бел гулаб". На Меѓународниот фестивал во Луксембург биле прикажани три негови филмови, а за "Циганска молитва" бил награден со бронзена плакета. Во 1967 година Аќимовиќ е еден од основачите на скопскиот киноклуб "Камера 300". Со огромниот број слајдови, фотографии и развиени негативи ги доловувал секојдневниот живот, уметничките достигнувања, природните убавини и националното културно богатство на сите делови на Македонија, вклучувајќи ги и пиринскиот и егејскиот дел.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=134249&idg=7&idb=2051&rubrika=Revija

Read more...

Уметнички проект „Враќање 4“ на Лилјана Ѓузелова

Уметнички проект „Враќање 4“ на Лилјана Ѓузелова

На 17 октомври 2004 година Лилјана Ѓузелова на Зајчев Рид го исцрта замисленото место на погубувањето на нејзиниот татко Димитар Ѓузелов во 1945 година.

Видео инсталацијата „Враќање 4“ ги сумира претходните проекти на Ѓузелова. Изложена во галеријата „Прес ту Егзит“, се состои од подотворен сандак и проекција на видео арт дело кое содржи автентични архивски документи, ракописи и фотографии обединети во приказната за потресната судбина на семејството на Ѓузелова по погубувањето на нејзиниот татко.

„Јас ја избегнував политиката, иако таа не може апсолутно да се избегне, зашто таа е во позадината, заради тоа што трагиката произлегува од политичкиот ангажман на мојот татко и реперкусиите од тој негов ангажман што јас не го проблематизирам дали е виновен или не, зашто тоа не е мој проблем“, изјави Лилјана Ѓузелова.

„Јас само раскажувам за реперкусиите врз нас децата од неговиот политички ангажман, што мислам дека е и политика, но повеќе самиот живот. Инаку, ова дело го работам 10 години заедно со д-р Сузана Милевска, која е куратор на проектот и по мое мислење и коавтор заради нејзиниот начин како влезе во овој деликатен проект“, додаде Ѓузелова.

Димитар Ѓузелов бил еден од првите македонски филозофи, директор на Радио Скопје во 40-тите години, осуден од комунистичката власт и погубен под неразјаснети околности во 1945-та. Историјата не зборува многу за него.

„Тоа табу да се зборува за сфаќањата дека вината е наследна, за едно време кога демократијата била привилегија или мислена именка е она што е центарот на овој проект и затоа ми се чини и дека иако јас лично навистина влегов во едно преиспитување на сопствените политички ставови, сепак ја следев авторката во нејзиниот обид со ликовен јазик да презентира една сторија“, рече Сузана Милевска.

Изработката на видео филмот го финансирала Швајцарската програма за култура во Македонија. Изложбата е отворена до 14 април.

http://209.85.129.132/search?q=cache:NHPc6zafgjYJ:www.a1.com.mk/vesti/default.asp%3FVestID%3D60709+%D0%9B%D0%B8%D0%BB%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B0+%D0%83%D1%83%D0%B7%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0&hl=bg&ct=clnk&cd=1&gl=bg

Read more...

Видеоинсталација на Лилјана Ѓузелова

ПРЕС ТУ ЕГЗИТ
Видеоинсталација на Лилјана Ѓузелова


Самостојна изложба на Лилјана Ѓузелова со наслов „Вечното враќање 4“ ќе биде отворена вечерва, во 20 часот, како дел од програмата „Предавања, презентации и изложби“ во галеријата „Прес ту егзит“.

Проекцијата на видеоартот „Вечното враќање 4“, која е дел од изложбата, ќе почне во 20 часот, а за вечерта на отворањето е предвидена само една проекција.

Продукцијата на видеоартот е помогната од Швајцарската програма за култура во Македонија.

Изложбата „Вечното враќање 4“ претставува видеоинсталација составена од еден уметнички објект и видеопроекција. Видеоартот, кој ќе биде проектиран во заднината на еден расклопен метален сандак, е видеозапис на перформансот што Ѓузелова го изведе на 17 октомври во 2004 година на Зајчев Рид, но исто така претставува и повеќеслоен колаж на многу документи, фотографии и сеќавања со кои авторката ги сумира и претходните три проекти од серијата „Вечното враќање“.

Првиот проект од оваа серија, резултат на истражувањата што авторката ги почна уште во 1995 година, беше изведен во приватна куќа во Маџир Маало во 1997 година, вториот во Музејот на градот Скопје во 2001 година, а третиот во Отвореното графичко студио во 2003 година. Куратор на четирите проекти од серијата „Вечното враќање“ е Сузана Милевска.

Различните верзии и сведоштва за последните денови на Димитар Ѓузелов, таткото на Ѓузелова и еден од првите македонски философи, ја поттикнаа авторката да го исцрта подотворениот круг на претпоставеното место на закопувањето на погубеното тело на татко и. Со тоа, Ѓузелова на еден индиректен начин и со современ ликовен јазик ја деконструира историската нарација за овој комплексен и се уште неразјаснет случај.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=694&ArticleID=44051

Read more...

Денеска се одбележува 11 Октомври

Цвеќе на спомениците во повеќе градови, дебата и врачување на наградите „11 Октомври“ се дел од активностите со кои денеска ќе бидат одбележани 67 години од Денот на народното востание во Македонија. Собраниски делегации денеска ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Скопје и на гробот на командантот на Главниот штаб на НОВ, Михајло Апостолски, на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, и во Паркот на револуцијата во Прилеп, како и во Спомен-костурницата на паднатите борци во Куманово.

Јавна дебата на тема „Зошто востанието во 1941 година го кренале комунисти?“ ќе се одржи во Скопје, во Културниот центар „Точка“. Организаторот најави дека ќе учествуваат историчари, универзитетски професори и учесници во востанието. Дебатата почнува во 16.30 часот.

Традиционално, на празникот, во Собранието, ќе биде врачена годишната државна награда „11 Октомври“ која се доделува за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес.

Годинашни добитници на наградата се професор д-р Коста Пеев, лингвист, професор д-р Михајло Миновски, историчар, и Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија на МАНУ. Наградата за животно дело во областа на културата и уметноста ќе му биде врачена на пистелот и академик Божин Павловски.
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=FADF964989A0594090988EF0131DD2FA&arc=1

Read more...

Любиша Георгиевски: Без Илинден ќе ја немаше ни Македонија


ЉУБИША ГЕОРГИЕВСКИ ВО ПЕЛИНЦЕ

Без Илинден ќе ја немаше ни Македонија

Без Илинден 1903 година немаше да го имаме Илинден 1944 година, а без овој немаше да дојдеме до третиот, до 1991 година кога Македонија стана самостојна држава, рече претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски

Без Илинден 1903 година немаше да го имаме Илинден 1944 година, а без овој немаше да дојдеме до третиот, до 1991 година кога Македонија стана самостојна држава, рече претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски вчера во Меморијалниот центар АСНОМ во селото Пелинце.

Тој им порача на сегашните и на идните генерации „да знаат да го ценат ова што денес го имаме, да се борат да ја сочуваат слободата и сувереноста на нашата држава која само во периодот на народноослободителната борба ја плати со над 24.000 жртви“.

На споменикот во Меморијалниот центар свежо цвеќе и венци, покрај Георгиевски, положија и вицепремиерката Радмила Шеќеринска, министерот за труд и социјална политика Стевчо Јакимовски, претставници на на кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, на здруженија на борците од НОБ, претставници од Генералштабот на АРМ, како и од Општина Куманово.

Георгиевски потсети дека на Првото заседание на АСНОМ беа донесени решенијата со кои заседанието е прогласено за највисоко законодавно и извршно народно претставничко тело на македонската држава, за воведување на македонскиот како службен јазик и Декларацијата за основните права на граѓаните, правото на изразување на мајчин јазик и правото на вероисповед.

- За жал, вредностите како сигурност на личноста, имотот и сопственоста и правото на приватна стопанска иницијатива, беа брутално суспендирани за да се обноват половина век подоцна, кога со прогласување на самостојноста станаа темелни вредности - рече Георгиевски.

Тој очекува новиот парламентарен состав да даде голем придонес за брз економски развој, евроатлантско интегрирање и стандардизирање и заедничко унапредување на меѓуетничкиот соживот. Во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце Илинден го прославија околу 2.000 посетители.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=321F09C26949954FACDF38156615928E&arc=1
(А.Д.)

Read more...

РЕЦИДИВИ ОД ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ

РЕЦИДИВИ ОД ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ


Македонската метропола лежи на бомби


На територијата на Скопје има се' уште неексплодирани бомби и гранати, заостанати од двете светски војни, но не може да се претпостави нивниот точен број, велат експертите

На територијата на Скопје има се' уште неексплодирани бомби и гранати, заостанати од двете светски војни, но не може да се претпостави нивниот точен број, велат експертите. Според нив, најмногу неексплодирани направи има во северните подрачја на градот, кон планината Скопска Црна Гора, во населбата Јане Сандански, каде што некогаш се наоѓал воен аеродром и околу Кале.

Деминерите од Дирекцијата за заштита и спасување вчера на воениот полигон Криволак ја уништија бомбата од 200 килограми, која пред четири дена беше пронајдена при изградбата на станбена зграда зад Универзалната сала. Според долгогодишното искуство на деминерските тимови, бомбата од улицата Христо Смирненски е најголемата што била пронајдена досега. Не е исклучено да има уште вакви, предупредуваат експертите.

- Неексплодирани бомби и гранати има на територијата на цела Македонија. Досега сме нашле многу неективирани авионски бомби, но ниту една не била голема како последната. Најизразено присуство на неексплодирани направи има во јужна Македонија, во Гевгелиско, Валандовско, Битолско. Најголем дел од нив потекнува од Втората, а има и од Првата светска војна. Во скопскиот регион, најмногу неексплодирани бомби сме извлекле од подножјето на Скопска Црна Гора. И во самиот град сме пронаоѓале бомби, но не толку големи. Можно е во Скопје да има уште „гиганти“ од 200 кила, а се откриваат случајно. Институциите и граѓаните кога случајно ќе ги пронајдат ни се јавуваат и ние излегуваме на самото место за најмногу два часа - вели Љупчо Петровски, раководител во Дирекцијата за заштита и спасување.

Сите пронајдени неексплодирани бомби се уништуваат на воениот полигон Криволак. Направата што беше деактивираната вчера, била од германско потекло, останата од бомбардирањето на Скопје во 1941 година. Германските воени единици утрото на шести април ги нападнале поголемите аеродроми во Кралството Југославија, меѓу кои и аеродромите во Скопје и Куманово. Во попладневните часови во истиот ден, бомбардиран бил и центарот на главниот град, при што загинале 600 лица, а над 1.000 биле ранети.

Но, во Скопје и во другите македонски градови не паѓале само германски бомби. Имало и британско-американски, чија цел биле воените објекти и комуникациските системи на Дванаесеттата германска армија, која била под команда на Фелдмаршал Вилхелм Лист.

- Во 1944 година, дел од сојузничката авијација која бомбардирала извори на нафта во градот Плоешти во Романија, на враќање кон Медитеранот извршила удар врз германските упоришта во Скопје. За да се неутрализира фашистичката моќ, сојузниците бомбардирале неколку локации во Скопје, за кои сметале дека претставуваат стратегиски точки за Германците. Според некои сознанија, најмногу бомби биле испуштени врз и околу тврдината Кале - вели генерал Тодор Атанасовски.
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=61FE1207FF360C438ABBBA6CF13E8F36&arc=1
Петар Чулев

Read more...

Ставре Џиков - јавно обвинителство

Ставре Џиков - јавно обвинителство
(2)

Сведоштва за злосторствата и смртни казни без пресуди

Со демократизацијата на општеството и кај нас се пповеќе има мемоарска литература и документаристичка проза. За помладите генерации - можност изворно да се види најжестоката опачина и мачилишта на комунистичкиот режим каде што генералниот секретар на партијата бил Господ, а државата сведена на политички постулат - партијата е држава. Лани од печат излезе биографската книга "Мојот татко - Методија Андонов Ченто" презентирана со изворни текстови на Ченто. За тоа како државата незаконски вршела егзекуции без пресуди во 1944 и 1945 аргументирано потврдува со својот автобиографски запис тогашниот претседател на македонската држава - Методија Андонов-Ченто: "... Следниот ден по враќањето во Скопје кај мене бараа прием две групи граѓани од Велес и од Куманово. Веднаш штом ги примив почнаа да протестираат затоа што нивните блиски - сопрузи, татковци, браќа, синови, кои биле затворени под обвинение дека соработувале со окупаторите, или дека биле шпекуланти и воени богаташи, ноќта биле стрелани без да бидат судени. Тоа мене многу ме изненади, бидејќи за такво нешто никој ништо не ми кажа. Побарав веднаш да дојди повереникот за внатрешни работи Киро Петрушев. Додека чекав да дојди се обидував да ги смирам, уверувајќи ги дека тоа е накаква провокација и дека не е вистина. Но тоа ништо не помагаше затоа што тие ми префрлуваа дека јас и таа што ја нарекуваме народна власт сме дволични потсетувајќи ме дека, само пред две-три недели на заседанието на АСНОМ, сум ветувал дека сите што се обвинети и затворени како соработници на окупаторите, или како воени богаташи и шпекуланти, кои на народот му нанеле зло, ќе бидат судени објективно и јавно од народни судови, кои ќе ги формира народната власт. Викајќи револтирано ме прашуваа: - Каде се тие твои народни судови? А ако ги има, зарем тие јавно работат по полноќ? Ми упатува и навредливи зборови, кои ги игнорирав затоа што мислев дека имаат право да бидат огорчени, ако навистина нивните блиски биле стрелани. Моите молби, да бидат трпеливи додека разбереме дали тоа е вистина, не помагаа. Се уште верував дека тоа е пропаганда на реакцијата за да ја омаловажи новата власт, но за жал бев многу разочаран кога Киро Петрушев ми потврди дека тоа е вистина и дека според некои сознанија истото се случило и со затворениците во Ресен. Не сум свесен како успеав да ги натерам луѓето да го напуштат кабинетот, ветувајќи им дека ќе го испитаме случајот и ако има нешто неправилно стоено дека сторителите ќе ги земеме на одговорност. Не верувам дека за нив беше утеха што некој би одговарал, нити пак тоа дека народната власт ќе спречи нови такви случаи, бидејќи нивните блиски не можевме да ги оживиме. Кога останавме сами со Киро Петрушев го замолив да ми кажи дали знае некои детали. Ми кажа дека го известиле оти кај мене се дојдени повеќе лица од Велес и Куманово да протестираат за наводно стрелање на затвореници, па почнал да се распрашува по свои канали дали е тоа вистина, бидејќи затворениците не беа во надлежност на Поверенството за внатрешни работи, туку беа во надлежност на Одделението за заштита на народот при Националниот комитет, или како што скратено го викаа ОЗНа. Разбрал дека навистина, после полноќ, се одведени надвор од градовите и некаде се стрелани. Исто така разбрал дека тоа е сторено со знаење на Це-ка. Затоа го повикав Лазо Колишевски, кој беше секретар на Це-ка, а и потпредседател на Президиумот, за да видам дали тој нешто повеќе знае. Кога дојде Лазо почнав да му кажувам што се случуваше во мојот кабинет, но тој ме прекина со зборовите: - Разбрав и ги видов луѓето. Јас се извинувам оти не ти кажав порано, но ти деновиве не беше тука, а пред тоа не се видовме салам за да ти кажам дека тоа е по, како да речам, по налог на Кардељ. Кога го испраќав, после заседанието на АСНОМ, ми рече дека е многу зачуден што за време на војната, во Македонија имало толку многу малку жртви во споредба со другите краишта во Југославија. Ми рече за да се потврди сликата која е создадена кај сојузниците треба од ОЗНа, нечујно, сите затвореници да бидат стрелани. Мислев дека и ти треба да си согласен со овој став, бидејќи и партијата се сложува сите народни непријатели да се ликвидираат. Следниве вечери треба да бидат ликвидирани и во другите градови. - Зарем заборави дека на заседанието на АСНОМ реков дека народната власт ќе формира народни судови, кои ќе им судат на воените злосторници, како што е решено и на првото заседание? Едно е да се судат, друго е да се осудат, а трето да се стрелаат ако нивните жалби не бидат усвоени од највисокиот орган. Но да се стрела без пресуди, само за да има повеќе жртви, исто така е злосторство - му реков. - Какво злосторство, кога толку многу делегати на заседанието бараа без милост да се ликвидираат сите злочинци. А што се однесува за пресуди, и пресуди ќе бидат напишани. - рече Колишевски..." Во Јавното обвинителство на Скопје од 1 јули до 1 септември 1945 година беше именуван Димче Аџи-Митревски, роден од Прилеп завршил Правен факултет во Белград 1940 година. Пред тоа од март до јули таа година работи како народен обвинител во Судот за судење престапи против македонската национална чест. Потоа работи по неколку месеци во обвинителствата во окрузите Куманово и Скопје, а потоа до 1 јули 1949 година оди во Сојузното јавно обвинителство во Белград. Од средината на тој месец бил уапсен како информбировец и казнет со издржување казна на Голи Оток. Своето сеќавање ќе го изнесе на Симпозиумот за Петре Пирузе, на 18 и 19 јуни 1993, во Охрид: "...Трагедијата и прогонот на Петре Пирузе, како и на многу други смели и искрени револуционери и борци за социјална правда и слобода на македонскиот народ, не започнува со Голи Оток. Уште веднаш по ослободувањето, бирократската "врвушка" почнува да бара и да наоѓа опортунисти, елементи на сигурни за Партијата, такви кои не ја почитуваа партиската дисциплина и беа непослушни, преплатени противници на социјализмот, македонски националисти ... и уште што не!? ... Многу стари македонски револуционери (Павел Шатев, Димитар Влахов, Алексо Мартулков, Шакир-војвода, Васил Ивановски и р.), кои дојдоа во својата родна, тукушто ослободена Македонија, за да и ги подарат своите последни години на животот, во завршната доградба на нивниот идеал - македонската држава, брзо станаа жртви на нарцисоидната бирократска власт... Колку повеќе во натамошниот фд се деформираше владејачката партиско-државна гарнитура, метастазата на новородениот "гаулајтерски систем" се инфилтрираше во сите пори и во сите домени од општественото и тукушто заживеаното тело на социјализмот кое почнуваше да губи од животниот сок и да се разложува... Тогаш почнаа да се бараат "виновници без вина", потенцијални непријатели, кои се отстрануваа од Македонија и се испраќаа во "македонскиот Сибир" (како што рече авторот на фељтонот за Д. Влахов) - Белград! Ваквиот став и однос на Партијата спрема старите револуционери и особено спрема интелегенцијата, јасно се гледа од многу записници, документи и други материјали од работата на тогашното Политбиро и од Пленумот на ЦК на КПМ. Со вклучувањето на одредени државни органи (УДБ, некои контролни тела на Партијата, целата таа активност доби организиран карактер: најнапред се следело движењето на некои набележани лица, нивните контакти со разни личности, разговори, искажувања и тие "резултати", во вид на извештаи или информации, органите за безбедност ги доставувале до ЦК, а овие потоа ги регистрирале во соодветните служби... Постепено, но сигурно, почнувал процес на создавање на еден привилегиран и моќен слој, во лицето на државно-партиската "врвушка", по една вертикала која одеше од врвот и се спушташе до општинската номенклатура. Проповеданиот модел на слобода, социјална правда, широки демократски права, во практиката, во општествениот живот, се повеќе имаше призвук на една убава илузија, на која недемократската власт набрзо и стави крај..." И живите политички робијаши под тортура на комунистичката диктатура не поминуваа полесно. На тоа не упатува книгата "Голоточки сведоштва" од Димче Најчески. На страниците од книгата споменати стотици имиња и сведоштва, а тука само кус извадок за сведоштвото на велешанецот Илија Терзиев: "... Кон крајот на август 1951 година на Свети Гргур дојде Александар Ранковиќ, најревносниот извршител на тортурите коишто доаѓаа од највисокиот врв. Тој дојде во посета на нашиот логор. Ние сите бевме на нозе. Беше ужасно топло и сите бевме голи. Бевме живи костури. Тој, во придружба на Светислав Стефановиќ, Војо Лукиќ, Боро Чушкар, Војо Капечиќ, Роловиќ, потоа управникот на логорот, Милан Гаговиќ и другите од управата, Булаиќ, Бугарчиќ, Методија Стефановски и уште. Беа собрани педесетина офицери на УДБ-а. Беше собрана сета управа на островот Раб. Ние логорашите бевме построени во два реда во должина од над еден километар. Малиот остров Свети Гргур, одекнуваше од паролите... Тито. Партија". "Марко, Марко". Александар Ранковиќ имаше и што да види: пред него беше построена најтажна колона затвореници кои тежеа меѓу 30 и 45 килограми. Одвисоко ги гледаше довчерашните воини од Сутјеска. Кадињача, Зеленгора, Шумадија, Караорман, Банија, Кордун, Срем. Во него, како во Господ гледаа довчерашните генерали, полковници, мајори, капетани, народни херои, борци, многумина со рани по целото тело како спомен од одбраната на Југославија од домашниот и од надворешниот непријател. Ние, логорашите, со наведнати глави, на августовското сонце, ја рецитиравме паролата: "Марко, Марко", "Тито, Партија", "Да живее КПЈ", а во нашите пресуди стоеше дека сме ја иневериле Партијата...". Неодминливо посведочување за пеколот што го создаде претходниот режим и едноумието ќе ни презентира книжевникот и театролог, кочанчанецот Александар Алексиев, во книгата "Деветте круга на пеколот". "... На крајот, бродот застана. Со комплетната боева опрема, со пендреци и летви, низ скалите веќе слегуваше поголема група милиционери. Првин ги подбркаа оние од горните платформи. На ист начин. Со тепање и пцости. Јас пак, по скалите, слегов на најдолната платформа и бев во последната групичка што го напушти бродот. А тогаш, трчајќи колку што можев побрзо, ги искачив скалите избегнувајќи гиударите на милиционерите. Кога истрчав на најгорната палуба прескокнав човек со дрвена протеза, па некои со патерици. Подоцна разбрав. Оној со дрвената нога бил Цане Светиев од Битола. Дури и сакати луѓе Македонија испраќаше на Голи Оток. Од ревност ии од неинформираност? Пред мене по палубата трчаа уште неколкумина. Се во круг. Не знаевме каде е излезот. По нас милиционери зазбивтани како ѕверови. Еден, што трчаше пред мене, скокна во морето. Решив да скокнам и јас. го свлеков капутот. Така ме научи татко ми по она мое несреќно давење во Морава. Веќе знаев да пливам како риба. Така велеше тој. Скокав од палубата на бродот, висок, огромен. Плеснав во водата како ѓуле. Се нурнав мошне длабоко. Чинев, ќе ми прснат ушните тапанчиња. Но сепак испливав. Започнав да кружам околу бродот. Каде? Пред мене гледам остров. Од камен. Бел. Ни трева, ни дрвја! Веднаш до него, уште едн остров. Овој црн. Од гранит. Уште пострашен! На брегот илјадници луѓе. Како мравки. во летни војнички униформи. Изгорени од сонцето, брадосани. Како Арапите на баба ми. Каква ли е оваа војска? Од каде на овој остров? Накрај како глушец допливав до брегот. Веќе бев преморен. Почнав да голтам вода. Ќе се удавам! Немав друг избор. Морав да излезам. Ме прифатија двајца. Ми рекоа да се слечам гол. Ми фрлија војничка блуза и пантолони. Титовка без петокрака ѕвезда. Па цокули. За среќа, само малку ми беа поголеми. Ми седнаа на едно столче. Стрижење и бричење. Многу подобро ќе се избричев сам со оние мои налчиња! Дури тогаш забележав дека од местото каде што бев, па речиси до врвот на овој остров, беа построени две колони една наспроти друга. Во нив овие војници, каков што насила станав и јас не очекуваа нестрпливо готови да не растргнат! Слично како милиционерите кога излегувавме од вагоните. Но оваа колона, имав впечаток, беше недогледна. И низ неа пропуштаа еден по еден. Оној што ќе паднеше, забележав, го извлекуваа настрана како трупец, како цепеница! На почетокот на овој строј, а тоа беше официјалното име на оваа мелница за мелење човечко месо, останавме само уште неколкумина. Знаев што ме очекува. Но немаше друг излез. Морав да ја искусам и оваа Голгота. А овој остров, навистина беше голгота! со таа разлика, што на неговиот врв имаше илјадници крстови. Еден од нив беше и мојот. Затоа ниту мислев, ниту се обидов да смислам нешто. Во тој момент двајца ме уфрлија во стројот. Тој почна да функционира. Дожд од удари и плуканици. Претрчав неколку стотини метри. Можеби ќе претрчав и повеќе, но некој ме удри по тилот со летва. Паднав. Во ушите ми ѕунеше: "Бандо, бандо!" измешано со "Тито-партија!", "Тито-партија!" Навистина, кој ли беше бандит во овој случај! Тоа беше последното што го помислив пред да изгубам свест..." Кога стапив на должноста јавен обвинител на 15 април лани ми беше подарена со посвета книгата "Етика" од д-р Кирил Темков. Уважениот д-р Темков е професор по предметот етика на Филозофскиот факултет во Скопје. Еден сегмент од содржината на книгата ќе го споменам и тоа со поднаслов "Десетте Божји заповеди", кој претставува е етички систем во човековата историја, почитувајќи ги и другите верски определби и убедувања на нашите граѓани. Деветтата заповед гласи: "Не сведочи лажно против својот ближен!" Професорот Темков ќе даде свој коментар и ќе запише: "...Таа укажува на страшната реалност на човекот - својата моќ на мислата, на говорот, на исказот - кој му се дадени за да ја дофаќа вистината, да го изговара сознанието и да се разбира со луѓето, да ја користи против другите луѓе, со кои го дели животот, за да го оцрни и упорпасти својот близок. Краен е негативитетот на оцрнувањето, озборувањето, кодошењето, лажното сведочење , апсолутна е неморалноста на неговорењето вистина, на говорењето невистина за другиот, на користењето на својот дух и говор тој да се уништи, соучесништвото во неговото упропастување. Тоа се најцрните можни човечки дејствија. Како негативно користење на органот на вистината, лагата и лажното сведочење претставуваат негирање на умот и говорот, тие се основа за нивно отфрлање, за неверување во нив за една општа недоверба, за уривање на рационалната основа на постоењето. Како мизерно и тажно прозвучува лажниот збор против другиот човек. Користејќи ја генералната доверба во неговата вистинитост, тој ја декласира својата вредност - правејќи го целиот свет недоверчив и исплашен. Лажачите се крадачи на животот на другиот, црнила меѓу најнегативните црнила. Зборувањето вистина е света задача. Почитувањето вистина е најважна задача на човештвото и на секој човек посебно, особено и денес, по еден период во кој таа беше криена и премолчувана, дотерувана, а сиот живот обвиткуван со лаги..."
http://209.85.129.132/search?q=cache:qlsUwjuLRqcJ:star.dnevnik.com.mk/default.aspx%3Fpbroj%3D1287%26stID%3D2147476461+%D0%A1%D1%82%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B5+%D0%8F%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%B2+%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B2%D0%B0+%D0%B7%D0%B0+%D0%B7%D0%BB%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0+%D0%B8+%D1%81%D0%BC%D1%80%D1%82%D0%BD%D0%B8+%D0%BA%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8+%D0%B1%D0%B5%D0%B7+%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8&hl=bg&ct=clnk&cd=1&gl=bg
(Авторот е јавен обвинител во Република Македонија)

Read more...

Добре дошли в този блог! Welcome to the this blog!

Read more...


Read more...

НОВИНИ ЗА МАКЕДОНИЯ ОТ 5 ЮЛИ, 2007

Новини за Македония от македонския и други чуждестранни сайтове:
" ... Сто години ще са необходими, за да може България да достигне нивото на останалите страни-членки на ЕС, съобщава македонската агенция Макфакс, като цитира анализ на американския университет UCLA. На източноевропейските страни, въпреки че станаха част от ЕС, им е необходимо време, за да достигнат нивото на развития Запад, се казва в анализа..."
"...Македонското правителство опроверга информациите, че САЩ са поискали промяна на името на летището “Александър Велики” в Скопие, пише днес македонският ”Утрински весник”. От правителството са заявили, че никой не е поискал промяна на името на скопското летище нито пак може да си позволи подобно нещо, ако се имат предвид утвърдените международни стандарти за зачитане на националния интегритет на всяка суверена държава..."
"... Гръцките дипломати в Рим реагираха, тъй като всички италиански служители и бизнесмени използвали конституционното име на Македония в разговорите с премиера Никола Груевски, който през последните три дни бе на посещение в Италия с цел привличане на италиански инвеститори, пише днес македонският ”Вечер”... Въпреки това италианските власти продължили да използват конституционното име на Македония..."
"... Правителството на Костас Караманлис не знае как, не може, не иска и не реагира по важни външнополитически въпроси, твърди лидерът на социалистическа партия ПАСОК Георгиос Папандреу пред гръцкия вестник “Етнос”. Папандреу обвинява Караманлис, за ...“неспособността на кабинета да преговаря правилно и да уреди спора в полза на гръцките интереси, ни принуждава, на етапа, на който сме стигнали, да обмисляме варианта за налагане на вето на членството на Македония в НАТО”..."
"... В сряда китайският посланик в ООН Ван Гуаня съобщи, че Китай е готов да блокира евентуална резолюция на Съвета за сигурност на ООН за Косово докато Русия и САЩ не постигнат компромис за съдбата на провинцията, предаде РБК.... “Китай винаги се е застъпвал за ненарушимостта на сръбските граници, но се е въздържал от остри изявления. Думите на китайския дипломат обаче биха могли да се смятат за предупреждение, че ако в Съвета за сигурност на ООН бъде внесен спорен вариант за резолюция, Пекин ще подкрепи Москва, възползвайки се от възможността да упражни правото си на вето”, коментира за РБК сръбският политолог Гостимир Попович."
"... Официален Киев се обяви за предоставяне на независимост на Косово, съобщава агенция ИТАР-ТАСС, позовавайки се на изявление на украинския външен министър Арсений Яценюк, който посети Прищина. “Проблемът в Косово е изключително сложен, но при всички случаи окончателното решение трябва да бъде пълен суверенитет. Въпросът е по какъв начин да се стигне до него”, каза Яценюк след среща с косовския президент Фатмир Сейдиу..."


Източник: Агенция "Фокус"

Македония в българските медии


Пушка пукна, ек отекна

Тия дни из София се пее една малко позабравена, но обичана песен, известна като Странджанската Марсилеза - "Ясен месец веч изгрява". Мелодията на тази песен има феноменална съдба. Тя се пее повече от хиляда години с различен текст в Близкия изток и във всички балкански страни. Режисьорката Адела Пеева разказа за нея в уникалния си филм "Чия е тази песен". Всички народи са посветили тази мелодия на някоя красива жена, освен турците, които са възпели един хубав младеж, който подлудявал жените. В Албания пеят за момиче, което с красотата си кара босилека да цъфти, в Гърция - за девойка, която намира кърпа с жълтици, в Босна - за една хубава анадолка, която всички искали да целунат, в Македония е за чаровната Паца, която всички познават, в Сърбия - за циганка Кощана. А ние пеем за омагьосващите залези и изгреви над Странджа и за гибелта на четата на Пано Ангелов в с. Сърмашик (дн. с. Бръшлян) по време на Преображенското въстание. В това няма нищо чудно, защото текстът е на лозенградския войвода Яни Попов. И сега, 104 години след знаменитата "Сърмашишка афера", в планината "ек отекна" и така подплаши Върховния административен съд, че никой съдия не смее вече да се произнася по статута на природния парк (вж. стр. 3). Но ти се усмихни, България, и пей. Докато се пееш тази песен, мутрите няма да завладеят Странджа.

Източник: Вестник "Новинар"

Анализ:

Умножение с нула- Миле Неделковски

Само след три години човечеството, а с него и ние, ще се изсипем на плажовете на ХХI век. Но как ще пристигнем там ние? Голи като първите хора, като Адам и Ева, когато били изпъдени на планетата Земя? Или - за почуда, смях и забава на насъбралото се там множество - маскирани в костюми на антични македонци? Или като ослепени воини на Самуила, предвождани от един, останал с едно око? Или като "аморфна маса"? Или като "закъсняло племе"? Или пък като просветена част от голямото общо нещо - човечеството - със своя политическа, историческа и културна идентичност, организирани най-после в държава, макар и с насила променено име, която продължава да преговаря за най-нова, трета промяна на името си? Въпросите задава писателят от Македония Миле Неделковски в написаната през 1997 г., но все още неиздадена книга, "Криза или подмяна на идентичността" - втората от петокнижието му "Логомахия", т.е. война с думи. Авторът, издал над четиридесет тома проза, драма и поезия, е носител на българската литературна награда "Димитър Талев". У нас е известен с романа си "Подгряване на вчерашния обед". По него документалистът Костадин Бонев сне първия си игрален филм, получил няколко награди. В оригинално композиран текст, с остро публицистично перо Миле Неделковски поднася на бъдещите си читатели ясни отговори на въпроси, превърнали се от над шест десетилетия в тежко бреме върху отношенията между България и бившата югославска република Македония, чиито политици базират нейната идентичност на отрицанието и прерязването на исторически корени. Представяме на читателя и на потенциални издатели в България със съкращения част от раздела "Умножение с нула".Миле НеделковскиПогрешно е да се прави извод, че Македония е безидентична. Македония е идентифицирана с мита за "ябълката на раздора". Но не може да бъде причина за разпри, за войни и обект на подялба нещо, което не е съществувало и няма своя идентичност. На нея тепърва може да й се случи да остане безидентична. Нея я заплашва друга и много по-непосредствена опасност: преди да бъде "преглътната", да бъде глътната от страна на политиците, "историците", интелигенцията и културтрегерите в едно исторически скрито от обикновените македонски люде време на "историческо пресъздаване". От наглостта и "решимостта" на всички тях да я "пресъздадат исторически" засега страда македонската историческа, културна и етническа идентичност, но не остава незасегната и държавната, а заедно с това може трайно да загине и македонската идея изобщо.След покръстването на българската държава (865 г.) през двойното робство - политическо и икономическо, на османците и културно и духовно на гърците (втората половина на ХIV до първата половина на ХХ век), след Берлинския конгрес (1878 г.), през Възраждането и въстанията, самите македонци, а и други ги идентифицират като българи или македонски българи. След балканските войни (1912-1913 г.), между двете световни войни (1918-1940 г.) и след създаването на втората, на "Титова Югославия" само с Вардарска Македония като нейна федерална единица, македонците - преследвани, разселвани, избивани и хранени с цветето на забравата - днес са несигурни в историята си, в себе си като нейни творци и гледат със съмнения в бъдещето си. Тяхната татковина Република Македония (международно известна като Бивша югославска република Македония) е тъжна и изплашена. Все още я потиска митът за "ябълката на раздора". Неговите създателки (Сърбия, Гърция и глобалните интереси на покровителите им), макар да се "съобразяват" с новата геополитическа реалност на полуострова, тайничко си правят комбинации. В същото време пък македонските албански политически екстремисти пред очите на всички крият мита в ръкава си като коз, с който - ако не спечелят Велика Албания - поне ще изнудят федерализиране на държавата. С България ни разделя Берлинският конгрес..."

Изтегли цялата статия

Източник: Вестник Стандарт

Read more...

Time mk - топ вести

Агенция Фокус

Македония - Google News

Македониjа - Google News

Благоевград инфо

Последни вести-Форум

Македониjа - топ вести

SETimes news

Вести од Македонија - Канал 5

Утрински весник

Дневник

Топ вести - А1

BBCMacedonian.com

Вести од Македонија - А1

Гласот на Америка

МИА - новини

Дойче Веле

Макфакс

Press Online

Time mk - Македония

Time mk - Култура

Кайгана

Идивиди

Macedonia Forum

Новини за Македония

Macedonia - Google News

Makedonija - Google News

Fyrom - Google News

Yahoo! News for Macedonia

Yahoo! News for Makedonija

Yahoo! News for Fyrom

Macedonia News

Macedonian News

Time mk - Балкани

alt.news.macedonia

Новини по Руский

Блогерај - историја

VMacedonia forums

Дискусионна група "Македония"

  © Blogger template Writer's Blog by Ourblogtemplates.com 2006-2011. Eдин проект на: История на Македония І История на Македония

Back to TOP