Хипатиевиот манастир во Кострома го граделе Македонци

Димитар Гелев
Хипатиевиот манастир во Кострома го граделе Македонци


На 17 јули 1998 година или на Огнена Марија по стариот православен календар, во Петроград беше организиран повторен закоп на остатоците на руското царско семејство, кои според тогашните руски власти биле пронајдени во некој рудник во близината на Екатеринбург. Откако процесијата со царското семејство тргнала од градот Екатеринбург на 15 јули, царското семејство конечно со сите церемонии беше закопано во капелата "Света Катерина" (Екатерински предел) во тврдината "Свети Петар и Павле" во Петроград. Главната манифестација пред закопот се одвиваше на плоштадот Света троица, спроти тврдината "Свети Петар и Павле", и преку Мостот на Свети Јован ковчезите со остатоците беа внесени во тврдината.

Според официјалната руска верзија, целото царско семејство било убиено во градот Екатеринбург, во т.н. куќа на Ипатиев или Хипатиев. Станува збор за куќа на некој тогашен богат трговец Николај Хипатиев, каде што било егзекутирано целото руско царско семејство. Во 1927 година, по повод 10-годишниот јубилеј од Руската револуција, во куќата бил отворен музеј на револуцијата, кој бил затворен во 1932 година. Потоа куќата била користена за се и сешто, но во 1974 година таа е класифицирана како куќа од историско значење. Во 1977 година во Москва, тогашниот член на руското политбиро Михаил Суслов донесол одлука куќата да се урне. Оваа одлука за извршување му била пренесена на тогашниот прв секретар на регионот Свердловск, Борис Елцин, кој таа одлука и ја извршил. Ноќта помеѓу 27 и 28 јули 1977 година куќата на Хипатиев била срушена. Подоцна на тоа место била направена мала дрвена капела, а денес таму е изградена црква, која се нарекува Црква врз крвта, која веројатно треба да го симболизира покајувањето на рускиот народ за убиството на царското семејство.

Сето тоа би било убаво ако е така. Ама не е. Од причина што руското царско семејство воопшто и не е убиено во Екатеринбург. Ниту тоа некогаш стигнало до таму.

Станува збор за последниот руски цар Николај Втори и за неговата сопруга Александра, кој владеел со Русија од 1895 до 1917 година, во времето на Распутин, во времето на поделбата на Македонија. (Во негово време, непосредно пред Илинденското "востание", на 26 мај 1903 година, Апис ќе ги убие Драга Машин и Александар Обреновиќ, по што ќе следуваат сите познати настани. Тие денес се закопани во црквата "Свети Марко" во Белград).

Но без оглед на тоа што убиството на руското царско семејство нема никаква врска со Екатеринбург и со познатата куќа на Ипатиев или Хипатиев (иако спротивното денес е општораспространето убедување во Русија), ред е малку да се запознаеме со тоа за што всушност станува збор. Според руските "легенди и преданија", руското царско семејство Романов своето "царување" го почнало многу одамна, во 1613 кога Михаил Романов бил прогласен за цар од страна на земското собрание во Ипатиевскиот или Хипатиевскиот манастир кој се наоѓа во близината на градот Кострома. Инаку тоа се случило кога од таму бил истеран некој си "лажен Димитрија Втори". Овде се алудира на "лажниот Димитрија Први, кој бил толку многу "лажен" што на сите европски царски семејства до ден денешен им се тресат коските и од самата помисла на него.

Според логиката "како почнало, така и ќе заврши", царското семејство Романови своето царување го почнало 1613 година во Ипатиевскиот манастир во Кострома, а го завршило 1917 година во Екатеринбург егзекутирано од страна на болшевиците во куќата на Ипатиев. Скоро како бајка.

И во едниот и во другиот случај всушност станува збор за византиски, односно македонски споменици. Хипатиевиот манастир во Кострома всушност го граделе Македонци за време на Византиската империја, а на местото на т.н. "куќа на Хипатиев" навистина имало црква посветена на Хипатија. Дури и самиот град Екатеринбург своето име го добил по жената на Пантелејмон, Катерина.

Па која била таа Хипатија, што Македонците толку многу ја ценеле и во чија чест граделе толку многу цркви? Хипатија била жена пророк која била родена во Битола, тогашна Хераклеа. Татко и Теон, бил филозоф. Таа му помагала на семејството на Александар Македонски. Александар Македонски бил отруен и умрел од отров. Во заговорот за неговото убиство учествувал и неговиот зет. Додека умирал, се уште зашеметен од отровот му наредил на син му Димитрија да го донесе во Македонија телото на еден еврејски пророк. Пророк кој е вброен во Библијата меѓу книгите на пророците. Александар верувал дека нему му се случиле истите работи што на Блискиот Исток се случиле за време на тој библиски пророк. Токму затоа на смртната постела и го замолил син му Димитрија, телото на тој пророк да го однесе во Македонија како симбол што народот во Македонија треба да го памети "еднаш и засекогаш".

Димитрија тоа навистина и го направил, но кога дошол во Битола дознал дека се убиени пророчицата Хипатија и некои луѓе блиски на Александар Македонски и дека и во тој заговор повторно учествувал неговиот зет. Тогаш тој заедно со сопругот на Хипатија ги убил зет му и сите луѓе што биле вмешани во труењето на Александар и во убиството на Хипатија. Димитрија и сопругот на Хипатија по книгите се шифрирани како "Хион и Леонид". Во негова чест и во чест на Хипатија во Битола е изградена една црква која стои до ден денешен. Тоа е најголемата црква во Битола - "Свети Димитрија". Тој ќе биде наречен Сотер или Спасителот, а една цела династија негови наследници ќе владее со Либан, Сирија, Палестина и Израел како династија Сотер. Заради хаосот што настанал во Битола во тоа време, пријателите на Димитрија Сотер телото на библискиот пророк ќе го донесат и ќе го закопаат во Скопје, каде што тоа се наоѓа до ден денешен. Хераклеја подоцна ќе биде наречена Битола, по првата книга Мојсиева - "Битие". На сличен начин своето име ќе го добие и денешниот "Бит-Пазар", по првата книга Мојсиева. "Битието" ја означува "суштината на проблемот". Телото на еврејскиот пророк било симбол за таа "суштина", за тоа "битие".

Пророчицата Хипатија ќе биде искасапена на четири дела. На четири дела ќе биде поделено и царството на Александар Македонски. Судбината сакала династијата на Димитрија Сотер да владее токму во Либан (Феникија), на местото каде што многу време пред тоа на ист начин била убиена тамошната видовита жена Изис. Таа е позната од легендата за Изис и Озирис. Таа била убиена со заговор од тогашниот египетски фараон, кој нам ни е познат како Хорус.

(Толку за тврдењето на Меѓународната кризна група дека "Хераклеја е Грчка". Дека Пантелејмон сакал Грци "повеќе од леб да јаде" е општопозната работа. А за Распутин, допрва)

(Авторот е професор)

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2934&stID=68992&pdate=20051210

Посетата на Распутин на Македонија остана тајна

Димитар Гелев
Посетата на Распутин на Македонија остана тајна


Една од најголемите тајни од животот на Распутин е неговата посета на Македонија и на манастирите на Света Гора, непосредно пред почетокот на Илинденското востание. Тоа е тајна, која се уште не ја знае никој.

Семејството на Распутин во Русија систематски било малтретирано и понижувано. Распутин бил против начинот на кој тогашните големи сили ги воделе "своите војни", а особено Русија. Единствената што имала разбирање за тоа што го кажува Распутин, била царицата Аликс, но тоа не било доволно, бидејќи неа не ја слушал никој. Еден ден рускиот цар Николај Втори и кажал на царицата дека Распутин ќе биде убиен, затоа што му пречи и што "му направил хаос". Дека тој за него претставува "ноќна мора". Убедувањата на царицата да не го прави тоа воопшто не допирале до Николај. И наредил на царицата за извесно време да го напушти Петроград. Во тоа време таа била бремена.

На 11 декември 1916 година, на Светите петнаесет пивериополски маченици, таа пристигнала во Новгород. Заедно со придружбата заминала на служба во црквата "Света Софија". Оваа црква е изградена за време на Димитриј Варда Палеолог, внукот на Самуил. Таму и ја купила иконата на света Петка, која по само неколку дена подоцна ја спуштила во ковчегот со мртвото тело на Распутин. Целосно растревожена од она "што ќе се случи" и се слошило. Вечерта прокрвавела и го изгубила бебето.

Неколку дена подоцна Распутин ќе биде убиен. Застрелан со куршум, така седејќи на стол. Сите приказни дека трчал надвор, па дека го бркале и пукале по него се целосно измислени. Бил убиен од Турчин, Феликс Јусупов, чиј родослов до "пророкот Мухамед" исто така е целосно измислен. Тој е оксфордски ученик. На Оксфорд учел заедно со српскиот принц Караѓорѓевиќ, со грчкиот принц, со кралот на Португалија, Мануел и со други слични персони. Бил верен член на "Јахт клубот", заедно со Абрамович.

Но планот за "контролираната нестабилност" морал да продолжи. Царското семејство се качило на воз и требало да допатува во Екатеринбург. Таму требало да почека да завршат немирите и подоцна да се врати во Петроград и да ја прогласи толку очекуваната "уставна монархија". Бил издаден налог да се убие целото семејство на Распутин. Но семејството тоа го дознало. На една железничка станица, зетот на Распутин, Борис Соловјов (син на Николај Соловјов, кој бил благајник на Светиот синод на црквата) на разбеснетиот народ му кажал дека во возот се наоѓа царското семејство. На бесниот народ толку му требало. Се нафрлило на возот и го убило целото семејство. Во пресметката со обезбедувањето загинал и самиот Борис Соловјов, свршеникот на ќерката на Распутин, Марија. Царското семејство никогаш не стигнало во Екатеринбург. Русија останала без цар. Тоа е накусо содржината на т.н. Февруарска револуција.

Октомвриската револуција почнала со фингирано пукање од крстосувачот Аурора. "Револуционерите" речиси без борба ги зазеле сите клучни згради.

Ќерката на Распутин, Марија, ќе мора да бега во странство за да остане жива. Брат и Димитриј и мајка и Параскева претходно умреле речиси од глад (скорбут). Марија прво заминала за Париз, од таму за Америка. Во Америка речиси цел живот работела во циркус како скротител на тигри и лавови. Нешто како "гладијатор". Кутрите Американци не можеле да и обезбедат ништо подобро.

Нејзиниот гроб е на гробиштата Роседале, во Лос Анџелес, Калифорнија. Местото се вика Вест Адамс. Останала едноставна жена цел живот. Објавила една книга за својот татко, заедно со новинарката Бархам Патте. Таа е позната по својот бестселер за Мерлин Монро. (Можеби настаните поврзани со Џон и Роберт Кенеди ја потсетиле на Распутин. Но тие биле такви само навидум. Во основа не биле ни малку слични).

Инаку, непосредно пред убиството на Пол Хлебников во Москва, Русија од магазинот Форбс ги откупи т.н. "Фабержеови јајца" на царското семејство Романови. Во Индија Саи Баба еднаш годишно вади различни, дури и златни јајца, така од ништо. Од раката, "од никаде" вади прав, како потсетување дека сите ние сме само тоа: земја и прав. Се ќе пројде, кажаното од Господ нема.

Македонија била разделена на три дела, зошто таа како и обично "немала време за чекање". Турците извршиле невидени масакри во Ерменија и во Курдистан, за Босна знаеме сите - "Дервишот и смртта".

А што правел Распутин во Македонија, ќе биде раскажано "еден убав ден", кога ќе ги снема овие изроди од Македонија.

(Авторот е професор)

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2946&stID=69946&pdate=20051224

Убиството на Димитар Филипов Рафаилов

димитар гелев
Убиството на Димитар Филипов Рафаилов


На 23 и 24 февруари 1994 година, во Прилеп бил одржан некаков научен собир посветен на животот и на делото на Кузман Јосифовски-Питу. На собирот говореле педесетина учесници. Кажале се и сешто за животот и за делото на комунистичкиот лидер Кузман Јосифовски.

Во врска со неговото убиство, нивниот заклучок бил дека кај убиениот Кузман е пронајдена лажна лична карта на име Димитар Филипов-Рафаилов и дека за разлика од вистинскиот Кузман убиениот бил "со среден раст, полуќелав и изразито слаб човек". Секој нормален човек, кога ќе види мртов човек што воопшто не личи на Кузман Јосифовски-Питу и кога кај него ќе најде лична карта на друго име, логично ќе заклучи дека личната карта му припаѓа на починатиот. Но тоа не било случај со учесниците на овој еминентен собир, кои и покрај се заклучиле дека убиениот бил Кузман Јосифовски-Питу, иако тој не личел на него и имал лична карта на друго име и презиме. За расправата во врска податокот како било можно едно мртво тело во исто време да е на различни гробишта во Скопје (во Бутел и во Кисела Вода) човек останува без зборови. Смешно, но дури и во 1994 година, толкав број еминентни учесници не ја кажале вистината за она што навистина се случило. А тоа што било кажано е реален одраз на состојбата со македонската историографија.

Димитар Филипов-Рафаилов е родум од Дебар и во Втората светска војна со Иван Михајлов бил еден од водачите на ВМРО. Неговата познаничка била Анка Белгарјанова, сопруга на Бојан Белгарјанов, шеф на бугарските комунисти. Тие биле поврзани со Ѓорѓи Димитров (родум од селото Света Петка во Пиринска Македонија).

На нивно инсистирање, во почетокот на 1944 година Иван Михајлов се согласил да стапи во контакт со одредени кругови во Македонија, пред се, поврзани со Димитар Чкатров од Битола, за да се договорат за понатамошните активности во врска со Македонија. Михајлов изворно требал да стапи во контакт со Чкатров, а не со Кузман. Михајлов сакал да им укаже на "одредени кругови" во Македонија дека со своето однесување го загрозуваат нејзиното обединување, која и во тоа време, како и денес била поделена на четири дела и дека нивните активности му се многу добро познати. Тоа особено почнало да станува јасно по вестите за интензивните контакти на одредени кругови во Македонија со комесарот на српскиот косовски одред Милија Ковачевиќ-Максим.

Бидејќи господинот Чкатров му бил вујко на Кузман, најнапред биле искористени т.н. "партизански канали", односно најнапред стапиле во контакт со господинот Кузман Јосифовски-Питу. Средбата ја договорила познаничката на Димитар Филипов-Рафаилов, Анка Белгарјанова. Таа средба се одржала во т.н. "вила на Водно", односно во една куќа во месноста Козле во Скопје и токму таа средба била "провалена".

Куќата била опколена и полицијата пукала во "присутните". Кузман бил ранет и заробен, а Димитар Рафаилов, иако ранет, успеал да побегне преку прозорецот, но бил убиен во близина на денешниот објект "Мала станица", каде што полицијата претходно поставила заседа. Тогаш таму имало пруга. Кузман и Димитар Рафаилов биле префрлени во болница. Кузман се уште бил жив, но полицијата им наложила на лекарите да не вршат никаква хируршка интервенција и да го остават да умре. Подоцна двете тела биле изложени пред болницата "за препознавање". Дежурниот лекар се викал Панче Караѓозов.

Подоцна се уапсени поголем број лица. Бил убиен братот на Анка Белгарјанова (Крум Георгиев), а таа била уапсена. Таа се обидела да се самоубие, најнапред со сечење на вените, а подоцна скокнала од прозорец во затворот, но останала жива. Сите стории за тоа дека нив ги издал братот на Анка се целосно измислени. Акцијата за убиството на Кузман и на Димитар Рафаилов била изведена со целосна координација на српската и бугарската полиција (Евреите во меѓувреме нешто ги снемало, исто како што се проретчија денешниве муслимани од Босна).

По овие настани, македонските кругови се уплашиле и ја прекинале комуникацијата со Михајлов. Продолжиле така како што си почнале... "со големи идеи". Сите приказни за Чкатров, Ѓузелов итн., кои биле "фашисти и ванчомихајловисти" се целосно измислени. Ова бил единствениот контакт на Михајлов со нив. Тие воопшто не биле поврзани и самите долго одбивале секаков вид комуникација. Тоа важи и за случајот "Ченто". Ченто немал никаква врска со Михајлов. Тој се појавил кога веќе било "доцна". Особено по "божикниот масакр" на скопското Кале. Луѓето што реално биле поврзани со Михајлов биле некои сосема други луѓе...

П.С.

Како дошло до тоа оние што биле против Хитлер да бидат убиени, а Гаврило Дожиќ да биде "прв патријарх" во новата Југославија, треба да ни појаснат тие што денеска тврдат дека "Косово не е ниту дел од проблемот ниту дел од решението" за Македонија. И дека треба да продолжат "преговорите за името"...

(Авторот е професор)

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2967&stID=71647&pdate=20060121

На островот Свети Ахил се гробовите на Хомер и на Самуил

Димитар Гелев

На островот Свети Ахил се гробовите на Хомер и на Самуил

Една од подобро чуваните тајни на "жителите" на брдото Јудино, наречено Водно, е постоењето на островот Свети Ахил во Преспанското Езеро. На тој остров се наоѓа гробот на Хомер, познатиот творец на "Илијада" и на "Одисеја", чие вистинско име е Илија. Таму, на островот Свети Ахил, се наоѓа и гробот на цар Самуил, како и гробот на пророкот кој на јавноста и е познат како Симеон Нови Богослов или Симеон Нови Теолог.

За пророкот Илија или Хомер слушнале сите. Тој е пророк што е роден во градот Бар, денешна Црна Гора, под планината Румија. Токму затоа што живеел и работел во Македонија, (Македонија ја нарекувале Румелија или Рум по планината Румија, родното место на Хомер), а Византијците себеси се нарекувале Ромеи, што е идентично на одредницата "Елини" или "Хелени", збор што потекнува од името на пророкот Илија ("Илиини"). Хомер е познат по описите на Тројанската војна - настан што во најголем дел се одвивал во градот Троја, што се наоѓал на островот Тенедос, во близина на денешен Истанбул (Цариград).

Изворно, гробот на Хомер се наоѓал во близината на Лерин. На островот Свети Ахил бил пренесен од Самуил. Токму затоа денес најчесто се споменува некое си "Житие на светиот Ахил", кој бил "поп во Лерин" , "за време на Константин Велики". Самата идеја за Хомер како поп во Лерин е фасцинантна.

За островот Свети Ахил се врзани различни настани од бурната македонска историја. На пример, на островот Свети Ахил живеел и работел свети Димитрија. На овој остров тој ја превел Библијата и на тој остров бил и заробен пред да му биде отсечена главата на местото каде што денес се наоѓа познатото летувалиште Порто Карас. Според белосветските книги, свети Димитрија е шифриран како "Ориген", што значи "извор". Така и се печатат неговите дела. Островот или езерото се шифрирани како "Мери". Па ни се раскажува дека таму се собрале 70 учени луѓе да ја преведат Библијата. Но, вистината е сосема поинаква. Библијата ја превел еден и баш нему Грците му ја отсекле главата. Онака случајно, од побожност, скоро "партизански". А "Ориген" е секако основа на "католицизмот".

Овде се наоѓа и гробот на Симеон Нови Богослов. Тоа е пророк што живеел во времето на Самуил и Василиј Втори. Автор е на многу дела. Во 1999 година, некојаси издавачка куќа од Охрид, "Мацедониа Прима" се појави со издание на "Тајната книга - Образложение за ереста на богомилите". Станува збор за интересна компилација на две сосема различни работи. Првиот дел на "Тајната книга" всушност е делумно фалсификувано пророштво на Симеон Нови Богослов, кој го прорекнал ослепувањето на 14.000 војници. Овде името на пророкот што ја пишува "Тајната книга" е наведено како "Јован" или "Јоан", што како пророк навистина постоел, но многу подоцна. Станува збор за пророкот Јован, поврзан со Димитрија ("Хоматијан", "Роман", па дури и "Кристофер"), внукот на Самуил и со историјатот на манастирот "Дечани". Неговиот гроб се наоѓа на еден остров во Скадарското Езеро. Можеби токму затоа во вториот дел на изданието е наведено некое "Образложение за ереста на богомилите" на некојси Евтимиј Зигабени, кое почнува со "итрината на императорот Алексеј Комнен". Во секој случај, станува збор за дело што ни оддалеку не било "Тајна книга" на богомилите. (Но, претставува добар пример за тоа дека вмровец не се станува "преку ноќ", што најдобро се гледа на примерот на "расчинетиот владика" Јован и "случајот што не знаеме како да го завршиме", затоа што очигледно "Русите не ни кажале се". Американците немаат ни намера да ни кажат, зашто се во "Бонд-стил", што е "едно непријатно". А манастирот Дечани го чувале Италијанци. Веројатно ги нашле некои "православни". Инаку, нема смисла "Свети Сава да биде на Врачару".)

Инаку, овој пророк Симеон Нови Богослов е истата личност што по бугарските истории од понов датум се прикажува како "бугарскиот цар Симеон", што претставува посебна тема во овој неверојатен драмски заплет.

Конечно, на островот Свети Ахил се наоѓа и гробот на Самуил. Но, зошто и покрај се, кај нас за овој остров не се знае речиси ништо? Одговорот е прилично едноставен. Пред педесет години, тогашните раководства на Југославија, Грција и на Бугарија се договориле дека овој остров не се вика Свети Ахил, туку дека така се викал некојси остров што се наоѓа на "грчката страна" од Преспанското Езеро. За нас останало името "Змиски остров", по змиите што пливаат таму или "Голем град". Така обично прават "сериозните луѓе за сериозни времиња, оти од историја не се живеит".

Дури во 1960 година некои археолози, очигледно на нашата страна од езерото, вршеле некакви ископувања. Во тоа време слој по слој се вадени иконите од црквите на островот. Сето тоа е документирано на повеќе места, но обично како главна референција се наведува професорот Н. Муцопулос од Универзитетот "Аристотелус" од Солун, кој се шинал од издавање книги во врска со "наодите" од островот Свети Ахил. Станува збор за истиот универзитет од Солун кој нам ни е познат по одличните врски со некои наши факултети и "катедри" по војната. Првиот што воспоставил врска со него е и една личност што по војната има сосема истакната улога во познатите судења и ликвидации на вмровци по Македонија. Неговите "ученици", еве едно 15 години, го решаваат "прашањето со името", а во заднина крадат.

Инаку, во наодите за археолошките ископувања на професорот Муцопулос, за гробот на Хомер се користи шифрата "гробот Г". Како таков е означуван и во претходните "истражувања" на вистинољубивите западни археолози и пробисвети. А за преспанската јудејска школа, за Цветко Узуновски-Абаз и за "славното Дебарца", во некоја друга пригода.

(Авторот е професор)

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2922&stID=68007&pdate=20051126

Тирана си го сака "албанскиот дел" во Македонија

АКО КОСОВО СЕ ПОДЕЛИ
Тирана си го сака "албанскиот дел" во Македонија


Македонија вчера побара официјално објаснување од Тирана за изјавата на албанскиот министер за надворешни работи за промена на границите во регионот во случај на поделба на Косово. Шефицата на дипломатијата Илинка Митрева вчера го повикала албанскиот амбасадор во земјава, но и телефонски разговарала со министерот Бесник Мустафај за да побара објаснување лично од него. Шефот на албанската дипломатија Мустафај во вторникот за телевизијата Алсат изјави дека "ако има поделба на Косово, Албанија не дава веќе гаранции за непроменливост на границите, не само за Косово, туку и за албанскиот дел на Македонија".



БРИСЕЛ БРИФИРАН ЛАНИ



- Денеска во МНР беше повикан амбасадорот на Република Албанија за да ја објасни изјавата на министерот Мустафај. Денеска се слушнав лично со него и побарав објаснување. Ми беше соопштено дека Република Албанија настојува односите со нашата држава да бидат на што е можно повисоко ниво и да не се доведува во прашање принципот на добрососедство и на севкупна соработка.

Албанија не може да гарантира непроменливост на границите кон Македонија и Косово, ако српската покраина се подели, изјави во вторникот шефот на албанската дипломатија Бесник Мустафај.

- Тирана е подготвена за секој случај и ако Косово биде поделено, Албанија не дава гаранции за непроменливоста на границите - изјави Мустафај за телевизијата Алсат, одговарајќи на прашањето за тезата за присоединување на Косово со Албанија во случај на независност.

- Уште во лани во октомври во Брисел пред високи дипломати реков дека ако има поделба на Косово, Албанија не дава веќе гаранции за непроменливост на границите, не само за Косово, туку и за албанскиот дел на Македонија - рече Мустафај, зборувајќи во емисијата "Контраст" на албанската сателитска телевизија.

- Ние постојано ги следиме состојбите и како држава и како влада, и ве убедуваме дека Албанија во ниту една дадена состојба нема да остане неподготвена за да најде решение - додаде албанскиот министер.

По овие изјави, шефицата на македонската дипломатија веднаш решила да побара објаснување од Тирана.



ГРЕШКА ВО ПРЕВОДОТ?



Митрева вчера рече дека во телефонскиот разговор на својот колега му рекла оти за неа е спорно како Албанија може да дава гаранции за границите на Македонија.

- За нашите граници можеме да даваме гаранции само ние - рече Митрева.

Таа додава дека во разговорот истакнала оти Македонија е унитарна држава и оти "не може да се зборува за албански или македонски делови, туку станува збор за карактер на една единствена држава, која е впишана во државите со унитарна природа."

- Побарав од мојот албански колега ставовите на државите за вакви деликатни прашања да се пренесуваат или искажуваат со прецизност за да не се фрла сенка врз заемните односи. Ми беше кажано дека има грешки во нашиот превод, но и дека некои работи се извадени од контекст бидејќи се кажани во октомври лани во некоја друга пригода - рече Митрева.

Владата да го прогласи за непожелна личност министерот Бесник Мустафај и да ги бојкотира средбите со него, побара вчера Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз.

Според него, изјавата на Мустафај со која најавува промени на границите значи територијални претензии кон Македонија.

- Неприфатлив е ставот на државниот врв дека Македонија ќе го поддржи решението што ќе го постигнат Приштина и Белград во согласност со меѓународната заедница. Овој став е капитулантски оти ако дојде до промени на границите на Балканот тоа ќе се одрази негативно врз суверенитетот на Македонија, а токму тоа го најавува Мустафај - изјави Трајанов.

Пратеникот од ПДП, Исмет Рамадани рече дека според него изјавата на албанскиот министер е во контекст на тоа дека дециден став на МКГ е да нема поделба на Косово, а во исто време тоа значи да не се одразува сето тоа во државите-соседи на Косово.

Албанија го негира принципот на неменливост на границите, кој е основниот столб на стабилноста на Европа, изјави Слободан Чашуле, пратеник на ВМРО-Народна.

- Вакви изјави може да се оквалификуваат како мешање во внатрешните работи на нашата држава и може да ги наруши добрососедските односи - изјави Чашуле.

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=3013&stID=75179&pdate=20060316

НА БЕГАЛСКИТЕ БЕСПАЌА НА ТЕТОВКАТА НАДЕЖДА И НЕЈЗИНИТЕ ДВЕ ДЕЦА КАКО ДА ИМ НЕМА КРАЈ

НА БЕГАЛСКИТЕ БЕСПАЌА НА ТЕТОВКАТА НАДЕЖДА И НЕЈЗИНИТЕ ДВЕ ДЕЦА КАКО ДА ИМ НЕМА КРАЈ

Во Тетово ги демнеше смртта, а во Прилеп - сиромаштијата

Надежда Димчевска со ќерката Илинка (14) и синот Бојан (13), одвоени од таткото Љупчо кој останал во Тетово, неколку месеци живеат во Прилеп, во една просторија кај нивни блиски роднини, во грч како ќе го дочекаа

Надежда Димчевска (45) и нејзините две деца Илинка (14) и Бојан (13) од почетокот на војната живеат на релација Тетово - Прилеп - Ропотово. Без пари, без скршен денар, во неизвесност дали Новата година ќе ја пречекаат во домот со сопругот Љупчо. А деновиве, освен што немаат пари за храна, останаа и без огрев, без топлина во оваа студена зима, на минус 20 степени. Ова раселено тетовско семејство живее во една просторија кај нивни блиски роднини, во грч како ќе го пречека денот потоа, зашто, освен што се без пари, стравот да се вратат пак во Тетово е преголем. Таму се уште никој не им ја гарантира личната безбедност.
- Тежок и мачен е животот кога си бегалец во својата родна држава, без покрив над главата, без скршен денар на децата да им купиш леб, да купиш масло, шеќер, сол. Еве, вака се мачиме со месеци, појди кај едни роднини, потоа кај други, со торбата на рамо, со по некое парталче за децата... - зборува Надежда, а солзите и се слеваат по лицето, се задушува, останува без здив. По некое време напатената мајка повторно собра сили да продолжи и со нас да ја подели страдалничката приказна, драмата што, како што вели, ја доживеале само оние кои минуваат по патешествијата на бегалските беспаќа и распетија, соочувајќи се постојано со неизвеснота дали ќе може да се вратат дома, крај семејното огниште.
- Повеќе не се издржува, ако се снајдеме некако со пари, ќе се вратиме назад. Четири месеци останав овде заради децата. Се им се расипа со оваа злокобна војна. Исплашени како пилиња, ги испративме со сопругот овде, кај роднините, ако не друго, барем слободно да живеат, зашто од 13 март око на око не склопивме, ни дење ни ноќе. Од јуни до септември не ги видов, срцево ми се кинеше од болка кога ќе ги слушнев по телефон, ме убиваше мислата дали имаат храна. Тие во Ропотово, а ние во огнот, секој ден пукотници, истрели, убиства, смртта ни висеше над главите... Ја нападнаа "Тетовчанка", останав без работа и кобниот 8 август тргнав за Прилеп. Кај Сарај се разминавме со конвојот од прилепската единица, кога резервистите беа подмолно убиени. И во оваа мака му благодарам на Господ што сме сите здрави и живи... - плаче, липа Надежда, од жал за загинатите битолски резервисти Пеце и Благојче кои секој ден пазареле кај неа.
- Дојдов без пари, не прибраа роднините и така до денес... Кога има да се касне нешто, кога нема. Децата и со празен стомак си легнуваат, зашто и без војната, сиромаштијата не убива, за корка леб се бориме... Само оној што има деца знае колкава е болката, страдањето, маката на мајката кога не може да им купи на децата храна, палто, чизми... Така досега ја минуваме и ја туркаме зимата... од дрвено на камено, што се вели. Среќа, книги уште во Тетово им дадоа, инаку маката ќе беше уште поголема. Во овие студени зимски денови, пак, дрва немаме, огрев немаме, се тресат децата од студ, кај гладни, голи, боси, што се вели, па и смрзнуваат... А ветуваше Владата помош, но, по се изгледа, само за оние бегалци во Скопје, а овде само неколкупати преку Црвен крст добивме нешто за јадење, пакети со хигиенски средства и толку, сега сол во очи немам да си фрлам. Мака на мака, па сега и вода во Прилеп нема. Еве, вака се мачиме со децата, како пилиња со мене ги носам со кантите в раце, од еден крај на градот до другиот, да собереме некое шише вода... Од нашава мака се мислам нема поголема - ја раскажува својата бегалска приказна Надежда, без да престане да плаче, да тагува и да жали колку за себе толку и за познатите, пријателите, за оние што не се меѓу живите... На душманот Бог да не му даде ваква мака.
- Цел живот чесно сме работеле и јас и сопругот, а еве што не снајде, останавме без работа, без пари, да не можеме дома да се вратиме, децата да се израдуваат, татко им да го видат. Од каде дојде оваа чума, оваа несреќа што ни ги уништи животите, убаво си живеевме со Албанците, немавме проблем. Докторот кој ми ги лекува децата е Албанец, секогаш кога требало, тој беше тука, си помагавме... - додека зборува Надежда, синот Бојан размислува за новогодишната елка, дали и оваа нова година ќе биде дома... а неговата сестричка Илинка, пак, се сеќава како секој викенд во зима го поминувале во својата викендичка во селото Јелошник.
- Ни ја уништија куќата, мебелот, само sидовите останаа. Терористите се ни уништија. Лани ова време се санкавме таму со брат ми, со другарчињата... а сега татко ми не можам да го видам, едвај чекам да ни се јави, гласот да му го слушнам - вели Илинка заблагодарувајќи им се на другарчињата од нејзиното ново одделение во ОУ "Кочо Рацин" овде, во Прилеп, кои и нуделе финансиска помош за да оди со нив на екскурзија.
- Не знам што да кажам повеќе, нервите ми попуштија. Ако не најдеме пари, пак ќе останеме да смрзнуваме овде, не знам, не знам што да кажам, бегалската криза е најтрагична работа... Но, се надевам ќе помине, ама стресот и траумата никогаш нема да исчезнат. Само да се вратиме на родното огниште... - тешко воздивнува Надежда и сепак собра сила:
- Само мир да даде Господ во Новата година, мир во душата, во срцето на секој за да не се повтори оваа несреќа, да живееме слободно, ако сиромашно, само во мир. Нам ни е тешко, илјадници семејства годинава страдаа како нас, но само мајките кои ги изгубија своите синови останаа без надеж, засекогаш без насмевка. Ние сепак живееме со надеж - ќе има мир...
М.Талеска

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=19940&idg=2&idb=446&rubrika=Revija

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ВЛОЖУВА ДЕВЕТ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ВЛОЖУВА ДЕВЕТ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

Аларова крие 19 споменици

Општина Центар до крајот на годинава треба да потроши 530 милиони денари или околу девет милиони евра за подигање спомен-обележја, кои се дотации од Министерството за култура. Од Министерството велат дека се и

Општина Центар не сака да каже како ги троши деветте милиони евра што ги доби од Министерство за култура за подигање спомен-обележја.
Со ребалансот на буџетот што Советот на Општината го усвои минатиот месец, Центар до крајот на годинава треба да потроши 530 милиони денари или околу девет милиони евра за подигање спомен-обележја. Тогаш беше кажано дека овие средства се дотации од Министерството за култура, на чија иницијатива ќе се подигаат најголемиот број од спомениците, и дека ако не се потрошат оваа година, ќе останат за следната.
Од Министерството за култура велат дека се изненадени зошто Општината одбива да каже до каде е постапката за изработка на спомениците.
"Ние дадовме само иницијатива и средства за подигање на спомениците, а реализацијата оди преку Општина Центар. Принципот на нашето министерство е транспарентно работење и за сето она што досега сме го реализирале навреме ја известивме јавноста. Зошто Општината не кажува до каде е изработката на спомениците, не би можеле да кажеме", велат од кабинетот на министерката за култура Елизабета Канчевска-Милеска.
Надлежните во оваа скопска општина одбиваат да одговорат колку споменици ќе градат, каде точно ќе ги постават, кога и кој ги изработува. Локалните власти од Центар не сакаат да кажат колку ќе чини изработката на секој споменик одделно, ниту, пак, колкав е хонорарот на членовите на Одборот за подигање на спомен-обележјата, кој има идентичен состав за повеќето споменици.
Градоначалничката на Центар Виолета Аларова одбива да разговара со новинарите на "Вест", а од нејзиниот кабинет се правдаа дека за спомениците може да каже само одборот за нивно подигање и не упатија да ги бараме потребните информации на веб-страницата на Општината.
Претседателот на Одборот за подигање спомен-обележја и советник во Советот на Центар од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Богевски одби да зборува за спомениците, со објаснување дека информациите треба да ги бараме од Лидија Неделковска, шефица на кабинетот на Аларова.
Центар досега не ги објави резултатите од распишаните конкурси за идејно решение за спомениците, ниту, пак, направи јавна презентација на избраните трудови, иако е должна да го направи тоа согласно со Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.

***

Кој се ќе добие споменик во Центар

На Интернет-страницата на Општина Центар се објавени само одлуките на Советот за подигање на спомениците, но не и извештаите до каде е нивната реализација. Според овие податоци, Советот на Центар од 2006 година досега донесол одлуки за подигање на 19 спомен-обележја во строгиот центар на Скопје. Треба да им се подигнат споменици на: Александар Македонски, Крсте Петков Мисирков, македонскиот ајдутски арамбаша Карпош, Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Методија Андонов-Ченто, Цар Самоил, гемиџиите, свети Климент и Наум Охридски, свети Кирил и Методиј, Цар Јустинијан Први, украинскиот поет Тарас Шевченко. Центар треба да подигне спомен-обележја и за Првото заседание на АСНОМ, на основачите на Македонската револуционерна организација, на паднатите херои за Македонија, на загинатите пилоти од мисијата АЛТЕА во Босна, на македонските бранители и спомен-обележје на воин. Центар пред две години распиша конкурс за идејно решение за четири скулптури на лавови, кои треба да ги постави од двете страни на мостот Гоце Делчев.
Од сите овие најавени споменици, досега се подигнати само две спомен-обележја, иако за некои одлуките и конкурсите се донесени и распишани уште во 2006 и 2007 година. Така, на оградата на Камениот мост Општината постави спомен-плоча на македонскиот ајдутски арамбаша Карпош, а на плоштадот Пела, пред управната зграда на ГП "Пелагонија", подигна бронзена биста на Крсте Петков Мисирков од академскиот вајар Боро Митриќески.

***

Споменикот на Александар Македонски - најстрого чувана тајна

Центар две години молчи за споменикот на Александар Македонски што треба да биде поставен во центарот на плоштадот Македонија. Иако Советот на Општина Центар ја донесе одлуката за подигање споменик на Александар Македонски во ноември 2006 година, а лани во март беше распишан меѓународен конкурс, локалните власти досега не дадоа официјална информација за подигање на овој споменик. Не кажаа колку трудови пристигнале на конкурсот, чие дело е избрано, дали се изработува споменикот, ниту кога ќе го постават на плоштадот. Општината не направи презентација на наградените трудови, иако законски е должна да ги изложи.
Според меѓународниот конкурс, Општината бараше идејно решение за фонтана и за скулптура на Александар Македонски качен на коњ. Ниту градоначалничката Аларова, ниту претседателот на Комисијата за меѓународниот конкурс и претседавач на Советот на Општина Центар Владимир Здравев сакаат да кажат до каде е изработката на споменикот. Префрлајќи ја одговорноста за информирање на јавноста еден на друг, тие речиси две години успеваат да го скријат Александар Македонски.
Но, како што веќе пишуваше "Вест", неофицијално се зборува дека споменикот на Александар Македонски се крие во Италија и дека се прави по идејно решение на млада вајарка од Скопје. Според овие неофицијални информации од дипломатски и од уметнички кругови, споменикот се прави од бронза, ќе биде висок 15 метри и се лие во Италија. Фонтаната, пак, се прави од мермер и неа ја работи една домашна градежна фирма.

***

Никола Карев пред Парламентот, а Гоце и Даме до Камениот мост

Центар треба да го подигне споменикот на претседателот на Крушевската република Никола Карев пред Парламентот, а спомениците на Гоце Делчев и на Даме Груев од двете страни на Камениот мост, во делот до плоштадот Македонија. Општината ги донесе одлуките за подигање на овие споменици лани во декември, а, според нив, спомен-обележјата треба да бидат уметнички скулптури. Нема никаква информација и за овие спомен-обележја, односно Општината не кажува дали се распишани конкурси, кој го добил правото да ги прави спомениците, колку ќе бидат високи и кога ќе ги постават.

***

Цар Самоил пред "Тренд", а Ченто - кај "Фуфо"

Општинарите треба да го подигнат спомен-обележјето на Методија Андонов-Ченто на аголот меѓу улицата Македонија и пешачкиот дел од улицата 11 Октомври ориентиран кон плоштадот, односно непосредно до ресторанот "Дал мет фу". Цар Самоил, пак, треба да добие споменик на аголот од улиците Максим Горки и Никола Вапцаров ориентиран кон плоштадот Македонија, односно непосредно пред кафулето "Тренд". Советот ги донесе одлуките за подигање на спомениците во март годинава и, според нив, тие треба да бидат уметнички скулптури. И за овие споменици нема никаква информација до каде е постапката за нивна изработка.

***

Споменик на Карпош - од левата страна на Камениот мост

Општината треба да го постави споменикот на Карпош на левата страна од Вардар, на долната зона на примостието на Камениот мост, а одлуката за негово подигање е донесена во јуни годинава. Скулпторот Војдан Запров ја доби првата награда од 400.000 денари на конкурсот за изработка на споменик на македонскиот ајдутски водач Карпош. Одборот за подигање на спомен-обележјето му ја додели втората награда од 250.000 денари на Слободан Милошевски, а третата награда од 150.000 денари на Ѓорѓи Димовски. На конкурсот за идејно решение пристигнале вкупно 14 трудови, а Општината ќе ги откупи трудовите на Ангел Коруновски и на Роза Павлеска со 60.000 денари. На останатите учесници на конкурсот ќе им подели 100.000 денари.
Овој извештај беше ставен на дневниот ред на претпоследната седница на Советот на Општина Центар, но точката беше повлечена и Советот ќе расправа за неа на наредната седница закажана за овој месец.

***

Гемиџиите ќе бидат дело на Ангел Коруновски од Велес

Општина Центар треба да го постави спомен-обележјето на гемиџиите од десната страна на реката Вардар, на долната зона на примостието на Камениот мост од левата страна гледано кон плоштадот Карпошово востание.
Според извештајот на Одборот за подигање на споменикот, кој беше усвоен на претпоследната седница на Советот, на конкурсот за идејно решение пристигнале 11 трудови, а првата награда од 400.000 денари му е доделена на скулпторот Ангел Коруновски од Велес. Втората награда од 250.000 денари на Сокол Цварки, а третата од 150.000 денари на Александар Ивановски-Карадаре. Општината ќе ги откупи трудовите на Синиша Новески и на Горан Стаменков со по 60.000 денари, а на останатите учесници на конкурсот ќе им подели 100.000 денари.
Општината ја донесе одлуката за подигање на овој споменик во јуни годинава, а кога Советот на Центар го разгледуваше извештајот на Одборот, не беше кажано ниту колкави ќе бидат димензиите, ниту од каков материјал ќе се прави, ниту, пак, беше покажана фотографија од наградениот труд.

***

За споменикот на воин нема прва награда

Општината во јули годинава одлучи на левата страна од реката Вардар, на плоштадот Карпошово востание пред објектот "Ибни Пајко", да постави спомен-обележје на воин. Одборот за подигање на оваа уметничка скулптура, како што беше кажано на претпоследната седница на Советот на Центар, одлучил да не додели прва награда, од 11 пристигнати трудови, бидејќи ниту еден во целост не ги задоволувал условите од конкурсот. Одборот и ја доделил втората награда од 250.000 денари на вајарката Валентина Стевановска, а третата награда од 150.000 денари - на уметникот Жарко Башевски. Општината ќе ги откупи трудовите од Дарко Дуковски и од Слободан Милошевски со по 60.000 денари, а на останатите учесници ќе им подели по 100.000 денари.
На седницата, членовите на Одборот за подигање на споменикот рекоа дека второнаградената Валентина Стевановска ќе може да ја работи скулптурата на воин ако го приспособи трудот на нивните забелешки. Оттогаш нема информација дали вајарката Стевановска ќе го прави споменикот на воин или Општината ќе распише нов конкурс.

***

Паско Кузман: Спомениците во Центар нема да бидат дивоградби

Според Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, локалната власт може да подига само спомен-обележја, односно бисти, скулптури, плочи, чешми, фонтани и други уметнички и архитектонски дела со кои се одбележуваат личности од локално значење. На личностите, пак, што имале исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државотворно-правен континуитет, според овој закон, им се подигаат меморијални споменици, за чие подигање одлуките може да ги носи исклучиво Парламентот и тој да ја спроведе постапката за нивна изработка и поставување.
Директорот на Управата за заштита на културното наследство на Македонија Паско Кузман, кој е и член на Одборот за подигање на спомен-обележјата во Центар, на прашањето дали овие спомен-обележја го кршат Законот за меморијални споменици и дали ќе бидат дивоградби, бидејќи личностите кои ќе се одбележуваат со нив немаат само локално значење, одговори дека тие се покриени со сите документи.
"Ниту еден споменик во Центар нема да биде дивоградба, бидејќи сите се покриени со потребните документи и одобренија. Овие споменици нема да бидат ставени под заштита како споменици на културата", рече Кузман.
Слична состојба со одбележување на ликот и делото на Скендер-бег имаше пред две години, кога Општина Чаир, без одлука од Парламентот и без консултација со Градот, му подигна споменик на овој албански државник во Старата скопска чаршија. Тогаш директорот на Управата за заштита на културното наследство Кузман, како и неговиот претходник Јован Ристов, тврдеа дека Чаир го крши Законот за меморијални споменици, бидејќи подига меморијален споменик на личност која нема само локално значење. Но, и покрај овие тврдења, актуелната власт присуствуваше на свеченото откривање на споменикот, кој досега никој не го урна, ниту, пак, се побара одговорност од Општината.
"Тогаш многу јасно кажав дека одлуката да остане споменикот на Скендер-бег беше чисто политичка, а за нас, како Управа, беше оправдано тоа што споменикот е на самата граница на контактната зона на Чаршијата, која е под заштита", рече Кузман.

***

Градот бара Општина Центар да ги почитува законите

Скопскиот градоначалник Трифун Костовски пред една година ја повика Општина Центар да го почитува Законот за меморијални споменици и спомен-обележја и законите за урбанистички планирања и градба. Тој и забележа на Општината дека спротивно на Законот за меморијални споменици и спомен-обележја донесла одлуки за подигање споменици на значајни личности од македонската историја, иако само Парламентот може да подига споменици за нив. Костовски смета дека со овие одлуки Центар директно се меша во ингеренциите на Градот, бидејќи воопшто не го консултирала при нивното носење.
Од кабинетот на градоначалникот Костовски велат дека досега ништо не е променето и покрај инсистирањето на Градот Општина Центар да ги почитува законските прописи.

Елица Ангеловска

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=160584&idg=8&idb=2543&rubrika=Revija

"ВЕСТ" ОТКРИВА ВО АРХИВАТА НА "ЊУЈОРК ТАЈМС" : УШТЕ ВО 1946 ГОДИНА

ЕКСКЛУЗИВНО: "ВЕСТ" ОТКРИВА ВО АРХИВАТА НА "ЊУЈОРК ТАЈМС" : УШТЕ ВО 1946 ГОДИНА

Од ОН се барало да го спречи геноцидот врз Егејците

На 14 ноември 1946 во Обединетите нации е поднесен меморандум со кој се бара формирање на обединета и независна Македонија под протекторат на ОН. Во меморандумот што го објавил и "Њујорк тајмс", се бара и Советот за безбедност да го спречи теророт на

Угледниот американски весник "Њујорк тајмс" во 1946 година известува дека во Обединетите нации е поднесен меморандум со кој се бара формирање на обединета и независна Македонија под протекторат на ОН. Исто така, во меморандумот се бара и Советот за безбедност да го спречи теророт на Грција врз Македонците во Егејска Македонија.
Меморандумот е поднесен на 14 ноември 1946 од Коста Попов, лидерот на Македонската политичка организација во САД и Канада (МПО).
Ова е значаен документ со кој не само што се потврдува геноцидот врз Македонците во Грција, туку се регистрира и дека ОН биле известени за тоа.
"Вест" го откупи од архивата на "Њујорк тајмс" текстот насловен "Од ОН побарано да формира обединета Македонија", објавен на 15 ноември 1946. Во него се вели:
"Создавање на обединета и независна Македонија 'под протекторат на Обединетите нации' беше побарано денеска (14 ноември н. з.) во меморандумот поднесен до Генералниот секретар Тригве Ли од Коста Попов, претседател на Македонската политичка организација во САД и Канада.
'Македонија е се уште поделена меѓу Југославија, Грција и Бугарија', се вели во меморандумот. Таа е постојан предмет на спор меѓу балканските земји, што може да се елиминира со обединувањето, вели меморандумот и истакнува дека трите земји 'со децении се караат и борат за да ја освојат и анектираат Македонија'.
Г. Попов исто така бара Советот за безбедност да го разгледа прогонот и апсењето на Македонците во Егејска Македонија. Тој бара Советот 'да најде начин и еднаш за секогаш да го запре системот на терор во Егејска Македонија'.
Меморандумот обвинува дека 'таму илјадници Македонци се уапсени и прогонети'.
'Илјадници од нив се убиени од вооружени грчки банди, кои добиваат помош од локалните грчки власти. Грција сега стана земја на терор, пљачкосување, тортура и ладнокрвни убиства. Речиси нема село или град во грчка Македонија што не страдало од нападите на формации од вооружени грчки банди, познати како бурандари', се вели во меморандумот."
Во тоа време Македонската политичка организација во САД и Канада (МПО) била една од најголемите организации на македонската дијаспора во Северна Америка, и се залагала за обединета и независна Македонија. Македонската историографија има амбивалентен однос кон МПО, поради тоа што во неа имало и организации на Македонци кои се сметале себеси за Бугари. Иако слоганот на МПО бил "Македонија на Македонците", сепак многу од нив не признавале дека постои посебна македонска етничка припадност.
Историчарката Виолета Ачкоска вели дека овој меморандум поднесен во ОН е познат во нашата историографија. Таа укажува на негови два многу важни аспекти - дека за меморандумот МПО тогаш биле во дослух и со првиот македонски претседател Методија Андонов Ченто, кој се залагал за обединета Македонија со поголема независност во рамките на Титова Југославија, и дека со него се сведочи за континуитетот на грчкиот геноцид врз Егејците.
"Документи покажуваат дека е разговарано за ова со Ченто и дека тој им дал за право на МПО да го поднесат меморандумот во ОН. Веројатно тоа е една од причините и поради кои настрадал", вели Ачкоска.
Интересно е дека меморандумот во ОН е поднесен 5 дена пред судењето на Ченто - тој е уапсен на 14 јули, а судењето е почнато на 19 ноември 1946. Судењето завршило за два дена и Ченто е осуден на 11 години затвор.
Ачкоска вели дека 1946-та е клучна за затворањето на таканареченото "македонско прашање". Имено, и покрај многу барања за создавање обединета Македонија, Југославија, која го зела правото да биде носител на решавањето на македонското прашање не ја покренува таа тема на Париската мировна конференција. На оваа конференција водена од 29 јули до 15 октомври 1946, земјите победнички од Втората Светска војна ги договарале мировните договори со Италија, Романија, Бугарија, Унгарија и Финска и со тоа меѓу другото е променета и југословенско-италијанската граница.
"Македонското прашање е ставено ад акта во интерес на Титовата југословенска политика за зачувување на Авнојска Југославија", вели Ачкоска.
По завршувањето на војната, Титова Југославија од 1945 ги помагала грчките комунисти во борбата против ројалистите во граѓанската војна во Грција. Македонците во Егејска Македонија се бореле на страната на комунистите оти тие ја поддржувале идејата за независна Македонија. Поради тоа грчкиот прогон врз Македонците бил уште поинтензивен.
"Барањето од Советот за безбедност да го спречи теророт врз Македонците во Егејска Македонија е битно сведоштво дека грчкиот физички геноцид што почнал во 1913 има континуитет до 1949 година. А потоа тој продолжил со духовен геноцид, оти Македонците биле казнувани ако зборуваат македонски, та дури и јазиците им биле сечени, а децата биле асимилирани и воспитувани како Грци", вели Ачкоска.
М. Костова

***

Македонската дијаспора и грчкиот геноцид

Македонската дијаспора во САД, иако идеолошки поделена на десничарска и левичарска, сепак активно лобирала против грчкиот геноцид и македонскиот егзодус во граѓанската војна во Грција од 1946-49.егзодусот.
Левичарската Македонска народна лига (МПЛ), на чело со Ѓорѓи Пирински во 1947 година протестирале во Комитетот за надворешна политика на американскиот Сенат против фактот дека САД по 1945-та дале 400 милиони долари во Грција и Турција за да осигураат дека двете земји нема да потпаднат под комунистички режим. МПЛ укажува во Сенатот дека Егејците се директни жртви на оружјето кое грчките власти го купувале со тие пари.

Десничарската МПО и нејзиниот лидер Коста Попов, инаку родум од Воденско, од 1946 година активно во Битола праќале помош во облека и пари за жртвите на егзодусот.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=154490&idg=8&idb=2429&rubrika=Makedonija

ПРАТЕНИЦИТЕ ШТО ЈА НАПРАВИЈА НЕЗАВИСНОСТА ЗАБОРАВЕНИ ОД ДРЖАВАТА

ПРАТЕНИЦИТЕ ШТО ЈА НАПРАВИЈА НЕЗАВИСНОСТА ЗАБОРАВЕНИ ОД ДРЖАВАТА

Не не викаат дури ни за 8 септември

В сабота во Парламентот основачко собрание ќе одржи Здружението на пратениците и министрите кои ги извршувале функциите од 8 јануари до 19 ноември 1991 година.

Во Здружението се Методија Тошевски, Илија Андонов - Ченто, Џевдет Хајредини, Исмет Рамадани, Алил Џафероски, Ратка Димитрова, Тодор Петров, Никола Стојанов, Наќе Стојановски, Михаил Пановски, Стојан Андов, Димитар Трпеноски, потоа Ѓулистана Марковска, Љупчо Јакимовски, Стоиле Стојков... На основачкото собрание ќе биде поканет и претседателот на Македонија Бранко Црвенковски, најмладиот пратеник во првиот парламентарен состав.
"Пратениците и министрите од овој период го понесоа товарот на целосното осамостојување и сувереност на државата", рече на вчерашниот прес тогашниот пратеник Алил Џафероски, кој е и член на иницијативниот одбор за формирање на Здружението.

Џафероски рече дека ги има околу 150 членови на првиот повеќепартиски парламент и министри од тоа време. Сите, вели тој, се согласни од државата да бараат да им го регулира протоколарниот статус. "Заборавени сме, некогаш забораваат да не поканат дури и за Осми септември, за Денот на независноста на Македонија. Праќаме дописи до некогашните колеги пратеници, без да знаеме дека некои од нив починале", рече Џафероски.

Тој додаде дека за в сабота биле испратени покани до сите 150 тогашни пратеници и министри. "Покрај поканите, испратени се и анкетни листови за да се направи социјална карта за секој од нас, зашто имаме информации за добар дел од овие луѓе дека живеат на работ на егзистенција", вели Џафероски, кој заедно со Тодор Петров, тогашен пратеник, најави дека од државата ќе побараат да го отвори и нивниот социјален статус. (С.К.Д.) 

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=147351&idg=8&idb=2297&rubrika=Makedonija

Држвата ќе го обештети Ченто, синот незадоволен

Држвата ќе го обештети Ченто, синот незадоволен


Државата ќе и исплати околу 6 милони денари плус затезна камата на Чентоновата фондација за изгубена заработувачка и пензија на Методија Андонов-Ченто и неговата сопруга.
Основниот суд Скопје 1 вчера ја задолжи државата во рок од 15 дена на Чентоновата фондација да и исплати 2.069.079 денари плус законска затезна камата на овој износ сметано од 31 декември 1993 година до денот на исплатата. Државата е задолжена да исплати и 4.402.519 денари за изгубена пензија на сопругата на Андонов-Ченто и законска затезна камата на овој износ сметано од 31 декември 1993 година до денот на исплатата.
Од Судот Фондацијата барала обештетување по основ на загубена заработувачка во износ од над 34 милиони денари а за изгубена пензија над 19 милиони денари и надомест за нематеријална штета во иснос од 715 милиони денари. Ваквото барање судот го одбил како неосновано.
Од Чентовата фондација ни изјавија дека ќе ја разгледаат пресудата и ќе одлучат што мерки ќе преземе.
" Не сме задоволни од пресудата. Веројатно ќе вложиме жалба на пресудата. Сега ја разгледувам, и не сакам да кометирам понатака" изјави од Чентовата фондација. (Г.Т.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=119364&idg=6&idb=1804&rubrika=Makedonija

Сликарката Лилјана Ѓузелова низ видео во дијалог со татко си

ИЗЛОЖБА ВО ГАЛЕРИЈАТА ПРЕС ТУ ЕГЗИТ

Сликарката Лилјана Ѓузелова низ видео во дијалог со татко си.
Ние како наследници недолжни ја наследивме вистинита или накалемена вина. Таа вина уште како деца, државата ни ја запечати на нашите чела. Недолжни ја носевме и бевме занемени. Моравме и сакавме да молчим Со овој циклус се обидов да го возобновам пр

Синоќа во галеријата "Прес ту егзит"беше презентирано делото "Вечното враќање 4"од Лилјана Ѓузелова. Делото е видео инсталација која се емитува од подотворен метален сандак.
Видеото трае безмалку 40 минути и е колаж од претходните проекти во кои Ѓузелова, низ личниот семеен пример, ја отвора темата за недолжната вина што ја носат репресираните деца поради постапките на нивните родители за кои тие воопшто не се виновни.
Ѓузелова, чиј татко Димитар Ѓузелов бил еден од првите македонски филозофи и е погубен кога таа имала 7 години, вели:" Со овој циклус се обидов да го возобновам прекинатиот дијалог со таткото. Не успеав да го завршам зашто постојано и постојано излегуваат нови откритија, нови документи, различни информации. Ние како наследници недолжни ја наследивме неговата, вистинита или накалемена вина. Таа вина уште како деца, државата ни ја запечати на нашите чела. Недолжни ја носевме и бевме занемени. Моравме и сакавме да молчиме", ни рече Ѓузелова. Брат на Лилјана Ѓузелова е писателот Богомил Ѓузел.
Со делата кои се во циклус "Вечното враќање" авторката вели дека го покажува својот бунт генерално кон репресијата на децата од постапките на своите родители.
Видеото содржи елементи од перформансот што Ѓузелова го направила на Зајчев рид пред две години, каде што исцртува отворен круг на замисленото место на погубување и погребување на таткото. Потоа, во видеото се пренесени елементи од втората изложба изведена во приватна куќа во Маџир Маало во 1997 година, како и од третата инсталација од пред 10 години во Отвореното графичко студио. Во тие два проекти таа го појавува ковчегот и делови од хартиена облека со ракописи. Има документи, ракописи, фотографии од приватниата архива на семејството. Во филмот има и текст што во прво лице еднина го кажуваат авторката, нејзиниот брат Богомил Ѓузелов, кураторот Сузана Милевска и двајца спикери.
Изложбата ќе биде отворена до 14 април, секој работен ден од 10 до 17 часот.

Продукцијата на видео артот “Вечното враќање 4” беше помогната од Швајцарската програма за култура во Македонија.(М. За.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=114484&idg=6&idb=1728&rubrika=Kultura

5 НАЈЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО XX ВЕК

АНКЕТА
5 НАЈЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ОД МАКЕДОНИЈА
ВО XX ВЕК

Блаже Ристовски-историчар
Пандалф Вулкански-писател
Зоја Бузалкова-режисер
Љубиша Георгиевски
Ристо Вртев
Минас Бакалчев
Отец Методиј Златанов
Живко Поповски-архитект
Никос Чаусидис-археолог
Милчо Манлевски-режисер
Лилјана Ѓузелова-пензионер

Думам - вие еднаш ми зборевте нешто,
но не думам веќе што и како било,
и залудно е да се присетувам сега -
сивило се свило, споменот го скрило...
"Ѕвезди" Блаже Конески

А скриениот, задскриениот, смирениот спомен уште повеќе вознемирува. Нејасното, замагленото не ослободуваат, туку заплеткуваат. Од друга страна, можеби тоа е предноста на овој народ. Заради стравот, неизвесноста, сфумато перцепцијата, осаменоста и немањето на јасна перспектива за своето место во "европската библиографија", понекогаш со чемер, почесто со хумор си го преуредува, преобразува својот идентитет одново и одново пресоздавајќи си го универзумот.

Таков ни е сојот, што се може. Тешки индивидуи збунети во приказните за клективното.

Можеби се чинеше бесмислено напрегањето околу сеќавањата, околу копнежот по расправија со и за предците, со и за некои рамки дадени во "руморот на гласовите, зуењата и информациите во колективните уши и тела", особено во време на прелевање на контекстите, на апсолутна ерозија на сите вредности. Па, сепак, "Маргина" одлучи да влезе во игра со релативизирањето, ревидирањето, потребноста и непотребноста на најманипулираните поими - национален идентитет, етнос, припаѓање. Поставувајќи им на нашите ценети испитаници две прашања: Каков е односот, воопшто кон поимите нација - етнос? и Кои се луѓето што ја бележат националната посебност на овој "збунет" народ, особено во изминатиов век?, се соочивме со фактот дека сепак не сме имуни на потребата од историско татнење преку една територија, па колку тоа и да има фрустрантни и негативни конотации.

Ветрометината, што балканскиот синдром ја промовира како своја специјалност и шанса за мазохистичко уживање, се покажа како корисна бидејки, во такви услови на релативна рамнодушност кон каков било однос кон минатото, ја ослободува имагинациијата поттикнувајќи ја на обилно редефинирање на историските контексти и личности, критичко пресоздавање и навраќање на билансот на ова парче земја.

Одговорите на испитаниците: Блаже Ристовски, Пандалф Вулкански, Љубиша Георгиевски, Ристо Вртев, Зоја Бузалковска, Живко Поповски, Никос Чаусидис, Минас Бакалчев, Методија Златанов, Милчо Манчевски и Лилјана Ѓузелова, се драгоцен допринос во склопувањето на мозаикот што нуди, како своја конечна слика, личен и крајно индивидуален третман на замките што ги поставува темата, обоен со шизофрено различие што охрабрува, бидејќи можеби тоа е и единственото вистинско, отворено, ослободувачко "врзување" за колективните сеќавања.

Мислам дека се загубив... мислам дека сум гневен... мислам дека всушност знам... ама сепак како да не знам...

Искра Гешоска



Блаже Ристовски, историчар

Во науката се искажани најразлични и сосем спротиставени мислења за поимите етнос и нација. Сепак, генерално земено, вообичаено е да се смета дека етносот прераснува во народ, а народот преку народноста во нација. Меѓутоа, современата западна и пред се американска социополитичка мисла, тргнувајќи од сопствените состојби и интереси, има изградено теориска конструкција што најчесто не соодвестува не само на балканското, туку и на европското поимање на овие категории. Теоријата за политичка нација подразбира феномен што ја сфаќа нацијата како држава. Тоа е резултат на процесите што се развиваа главно кон крајот на XIX и во XX век, кога империјалистичките држави во распределбата на светот во рамките на својата "нација" ги вклучуваа и колонијалните поседи во разни земји на континентите. Истовремено се појави и феноменот на "доселеничките" држави - нации (САД, Канада, Австралија, Нова Зеландија итн.). Тогаш не само што се побара теориско објаснение, туку, со моќта на научно-техничката развиеност и со фреквенцијата на својот јазик, западната доктрина во голема мерка успеа да ја наложи (пред се во меѓународните форуми и тела) теоријата за државата како нација.

Заради сопствени потреби, тоа ни го натураат и нам на Балканот, каде што постојат историски национални колективитети што преку сопствениот етнокултурен развиток се избориле за сопствена државност. Затоа денеска на балканскиот простор постојат национални држави на одредените народи што се афирмирани во XIX и конечно конституирани во XX век.

Македонскиот етнос се формирал исто така со милениуми и од продолжениот процес на обликувањето на македонскиот народ, кон половината на минатиот век почнува да се афирмира и македонската национална свест, со македонско маркирање, за да се конституира како држава дури кон половината на XX век. Впрочем, и сите балкански нации се резултат на историските процеси на XIX век. Се до 30-тите години на минатиот век се немаше претстава за границите на ниеден етнички простор на балканот, туку тој се распределуваше и се градеше врз основа на историските традиции и митови за средновековните држави. а тие пак се преклопуваа и со тоа се создаваа аспирации за едно спротиставување на современите национално-политички идеологии. дури со формирањето на модерните држави на Србите,Грците, Р?оманците и Бугарите се омеѓија и нивните етнички и национални граници, а бидејќи останаа во Европска Турција целосно само уште Македонија и Албанија, се создаде почва за развиток на националните пропаганди во овие турски провинции за нивното идно завојување или барем за поделување. Поради тоа што М?акедонците немаа во средновековјето своеименска држава на овие простори, тие првин посегнаа по длабоките традиции и митологии на античката македонска историја и се прогласија директни потомци на Филипа и Александра Македонски. Но кога Грците, со помошта на некои западноевропски пријатели, овие историски колоси ги прогласија за Грци, тогаш Македонците ги искористија традициите останати од владеењето на бугарската средновековна држава што уште вегетираа во црквите и манастирите во Македонија, па Бугарите ги таксираа како Шопи, а себеси се декларираа како "Бугари". Но кога и Бугарите, со посредство пред се на Русите, изнесоа историска аргументација за бугарското минато и се обидоа бугарскиот јазик да им го наметнат и на Македонците, овие го искористија примерот на Србите и Хрватите со нивната виенска спогодба (1850) за заеднички литературен јазик, па излегоа со концепција за заеднички македонски-бугарски јазик, при што го прифатија бугарското обележје, но го условија со предимството на македонскиот јазик како основа на заедничкиот стандард. Бидејќи и тоа не беше прифатливо за Бугарите, особено по основањето на Бугарската егзархија како единствена словенска православна црква во Турција (1870), со што конечно угаснаа македонските надежи за обновување на Охридската архиепископија како македонска национална црква, Македонците излегоа со теорија дека и античките Македонци биле Словени, па ги прегрнаа словенските просветители светите Кирил и Методија и Климент и Наум како носители на македонски словенски културен и јазичен континуитет и така го продолжија и го овенчаа со светска слава својот историски дигнитет. На тој начин се зацврстуваше историската и националната свест на Македонците што почна да се афирмира и во јавноста од 40-тите години на 19 век. Поради посебните историски околности во Македонија, по низа бунтови и големи народни востанија, дојде не само до трагично распарчување на земјата и народот по Балканските војни со Букурешкиот договор (1913), туку и до најдоцно формирање на современата држава - дури на Првото заседание на АСНОМ (1944). Тоа беше резултат на сопствената оружена Националноослободителна борба во пазувите на Антифашистичката коалиција во текот на Втората светска војна, но само едното од четирите парчиња од својата поделена етничка територија, а полната државна самостојност, Македонија ја обезбеди дури со референдумот од 8 септември 1991 година.

Во текот на милениумскиот развиток на македонскиот етнокултурен континуитет Македонија има дадено значајни имиња не само за македонската, туку и за европската историја и култура. Тука се, пред се, античките колоси Филип II и Александар III и словенските просветители Кирил и Методија и Климент и Наум, но и македонските интелектуалци и културно-национални дејци од новото време, како што се меѓу другите, на пример Партенија Зографски, Григор Прличев, Марко Цепенков, Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски, Кочо Рацин, Венко Марковски, Никола Вапцаров, Кузман Јосифовски и Блаже Конески. Тоа се каријатидите што го држат македонскиот пантеон и го маркираат македонскиот историски тек од етносот до нацијата и националната држава.



Пандалф Вулкански, писател

Во рамките на моите ограничени знаења, а и согледувајќи ја историјата како една прилично таинствена школка (со многу свиткани, скриени катчиња, и како некаква палимпсестна некропола од звуци и тишини), сепак немав премногу дилеми за најзначајните петмина луѓе од (во) Македонија во 20-иот век. Изборот, се разбира, е личен, но мислам дека тие некакви етерични трансверзали што ги повлекуваат духовите од мојот избор низ овој дел од од чудните (школкини) димензии на простор-времето (уште едно откритие на 20-иот век) се уште се употребливи за качување и за поврзување со други просторно-временски сегменти (како нерватура од страшно нараснати волшебни гравчиња, целиов овој хаос од духови, тој џојсовски кошмар на историјата од кој се обидувам да се разбудам, така ли).

Значи, околу Блаже Коневски (зенитистички скромниот, но мудар и длабок поет, пред се), Гоце Делчев (поп-фигура од прв ред, со тие митски наслојки што веќе сосема ирелевантна ја прават неговата "објективна тежина") и Мајка Тереза (планетарен симбол на милосрдието, родена во Скопје), немав премногу дилеми. Го вредувам тука, меѓу нив, и Милтон Манаки, како симбол на овој технологизиран век, со кој ние, како луѓе од овој простор, ретко фаќавме чекор, за разлика од агилните филмски браќа. На крајот од изборов го ставам Незнајниот јунак (хероина, всушност), може да ја наречеме и Небеска Тимјановна (малку има жени во она што досега го подразбиравме како "историја", а што час поскоро треба да го прошируваме и ревидираме, поучени од другите цивилизирани народи), како симбол на сето она што во монструозно крвавиов век едноставно не доби шанса да биде "историски повидливо".

А за националното чувство? На трагата сум на Марсел Дишан (или Енди Ворхол, една поп-варијанта на езотеричниот Дишан): она што јас сметам дека е уметност, е уметност, не постои никаква друга дефиниција.



Зоја Бузалкова-режисер

ИДЕНТИТЕТ=РАЗЛИКУВАЊЕ
НАЦИЈА=РАЗЛИКУВАЊЕ
НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ=РАЗЛИКУВАЊЕ
РАЗЛИКУВАЊЕ=КОНФЛИКТ

Сакам да се разликувам. Сакам да бидам посебна.Поинаква. Не сакам да ме мешаат со други. Дури и името гордо го носам во таа смисла. Сакам да имам свој потпис, апсолутно препознатлив, само мој. Таа потреба ми е вродена. Но, кога станува збор не за идентитетот на личноста туку за националниот идентитет, одеднаш разликувањето ми пречи. Не. Има поточен израз. Ме плаши.

Моето чувство за национален идентитет се изгуби некаде на патот од '91 до '92. Која сум јас? На која нација припаѓам? Не ги знам одговорите. Ја променив државата на раѓање по првата опомена на референтката од студентски прашања дека добро познатата кратенка веќе не смее да се пишува. Сега мојот НИ е РМ. Дилемата и чувството на загуба можам да ги изразам низ цифри. Односот е 20 : 8. И после дваесет години една национална идентификација, одеднаш ниту еден од кодовите не ми припаѓа. Немам права на сопствената национална историја, на сопственото минато. Не можам да сметам за свои некои државници, писатели, спортисти, музичари, научници, уметници, некои градови. Мојата почит и гордост кон нив се скришни.

Мислев дека националниот идентитет не е променлива категорија, но веќе не сум сигурна дури ни во тоа. Остана јазикот. Остана потесната територијална рамка. Под принуда на стеснетиот простор, се враќам на корените, се осознавам поинаку, како припадник на целина која не сосем добро ја познавам, па одам до светлините на најдамнешното. И така го наоѓам мирот. Моите корени се тука.

Па сепак, згазнато е на мојата потреба за колективна препознатливост. Јас сум индивидуа која повеќе не е способна да верува во колективитет, а има нескротлива потреба за вистинско поврзување до најглобални рамки.

Поради сето ова, не знам дали сум способна да изберам пет луѓе значајни за Македонија во последново столетие. А кога сепак ќе го направам тоа, простете ми за субјективноста, но морам да знам за нив повеќе од само лекција по историја, оти одамна не верувам во лекции. Оние за кои „историјата ќе покаже и нема да бидат дел од мојот избор. Еве ги "моите“ петмина:

РИСТО КРЛЕ


Има точно 99 години откако се роди овој господин, еден од ретките кој беше тоа во вистинската смисла на зборот. Можеби почитта кон него ми ја создадоа чевлите кои ги носел, потребата да ја прокоцка Америка за да си го направи ќеифот или неговото пишување ,,од на нога“, кое ме тера да мислам дека ништо не е случајно и дека во секое предметче на сцена, во секое изговорено зборче и во секоја сугерирана временска промена се крие некоја важна тајна, која не смее да се пропушти. Има нешто непогрешливо точно во неговите драми, нешто како игра на гласот на интуицијата.

ПЕТРЕ ПРЛИЧКО


Јас го паметам како стар бел дедо од телевизиските серии, и можеби како нешто помлад од ТВ- филмовите. Почитта кон него ми е научена. Имаше нешто посебно во тој растреперен глас, што раѓаше чувство на респект и топлина. Како директно да нe врзуваше и нас со длабокиот корен над кој беше израснат, толку стар и толку цврст и толку словенски, колку што е зборот с к о м р а х.

БЛАЖЕ КОНЕСКИ


Разни луѓе за разни работи го спомнуваат по лошо овој човек кој освен што ни ја остави Стерната, која постојано ни татне во ушите, ни ги остави и ѓ, ќ и ѕ по кои сме различни од сите околу нас. Ете каде ќе проработи тој пустински нагон да се забоде прстот во мастилото за национална идентификација.

ЛАЗАР ЛИЧЕНОСКИ

Мајка ми повеќепати ми има раскажувано за Лазар Личеноски, кој при една случајна средба на улица И понудил материјална позајмица, само за да не се омажи толку млада туку да замине во Белград и да се занимава со писателската работа. Тогаш кога го направил тоа, ја познавал толку колку што ги познавал нејзините први дела. Во неговото творештво првпат подиректно се сретнав неодамна. Веднаш го препознав човекот од средбата. Колкава гордост беше таа! Што имаме уметник на кого можеме да му направиме изложба слична на оние од париските галерии. Неговите Оризови полиња, Виолите на Лепенец, Бачилото и Аквариумот ги носам како тетоважа од која не можам да се ослободам и да сакам, се додека ме крепи оваа кожа.

СЛОБОДАН УНКОВСКИ

Страшно сум среќна што една од петте личности кои според мене го обележаа дваесеттиот век е токму мојот професор по театарска режија. Неговите претстави, како "Дупло дно“, "Среќна Нова '49“, "Тетовирани души“, "Театарски илузии“ или "Буре барут“, беа најубавото што ми се случуваше повеќе од десет години. На театарот во Македонија, Слободан Унковски му се случи уште многу порано, како голема среќа за неговиот развоен пат. Ми се чини дека ниту една естетска категорија не е доволно моќна да го оцени посебниот чудесен свет на Слободан Унковски во кој, за момент, ни дозволува да ѕирнеме и нам. Со поделбата на вредностите кои дотогаш беа заеднички, по распадот на Југославија многу луѓе не можеа да ја сокријат својата бесмислена љубомора што драгоценоста Унковски и припадна на Македонија, па дури и за сметка на ЈНА. Мојот професор по театарска режија многу често сака да потсетува дека театарскиот чин е миг, нешто што не остава трага зад себе и за кое нема доказ дека постоело.Како да се согласам со него?



Љубиша Георгиевски

Тоа е бесмислено, опасно и перфидно прашање, дојдено на крилата на глупоста. Неговата цел е свртувањето на вашето внимание кон минатото во моментот кога на оние, што ја водат војната им требате како телиња за кланица. Истите тие што ви ја одзедоа иднината, сега ве втопуваат во отровното минато. Мислете на минатото и - веќе сте во него! Некој сака да ве врати од пред портите на 21-от век назад во 19-от век! Да ве подели на верски и етнички табори за да ја посее омразата меѓу вас!

Бесмислено е да се верува во Бога, ако тој е еден, единствен, недделив. Штом не разделат (внимавајте, токму оние што живеат удобно од верата како професија!) на католици и хугеноти, на православни и католици, на муслимани и христијани и на што уште не, и самите стануваат најголеми безбожници,зашто сеат омраза меѓу луѓето.

Уште побесмислено е да се гордееме со омразата кон "другите етноси". Нема чисти етноси, ниту пак територии населени со чисти етноси. Етничката припадност е гордост на секој поединец, но тоа не може да биде замена за неговите човечки квалитети. Крајно време е да го прашате секој поединец кој е тој? а не што е тој? Презрете го секој што ја започнува реченицата со "ние". Особено ако нема сто пати проверен мандат за тоа. Во секој човек има големина и дребност. Идентификувајте се со сопствената големина, не со големината на "големите луѓе" од минатото на сопствениот етнос. Зашто нивната големина не може да биде алиби за вашата поединечна дребност, за вашето лично медиокритетско живуркање. Секој човек е и голем и мал. Се зависи што од тоа ќе му биде запомнето!



Ристо Вртев

Пред се, јас сум син на Живко и Веска Вртеви, брат на Марија. Потоа сум сопруг на Јасна и татко на Иван. Комшија и состанар, сограѓанин на Скопјани. Дури потоа сум Македонец. Меѓутоа, исто така, јас сум државјанин на Република Македонија, православен, медитеранец, европеец, па граѓанин на светот, по култура и по поимањето на уметноста. На крајот, Хомо сапиенс.

Како уметник, не верувам во национални бардови. Како политичар, веројатно би сметал дека е корисно да се имаат, меѓутоа јас тоа, фала му на Бога, не сум.



Минас Бакалчев

Односот на личноста и историјата е двозначен. Од една страна, личноста ја генерира историјата, од друга страна, историјата ја исцрпува личноста. Овој избор на личности од последните сто години на македонската историја, се обидува да ја мапира граничната вредност на националниот идентитет, во којшто се радикализира односот на воспоставување/укинување на личноста во историјата. Постапката е арбитрарна, направена преку оперативниот аспект на личноста, воспоставено во равенството личност = настан, независно од идејниот, теоретскиот концепт којшто ја генерира нивната оперативност. Така личноста е сфатена како вид канал на трансакциска комуникација, преку кој еден медиум се транспонира во друг, преку кој личноста се ослободува од сопствената природна нужност и "историчност" и се сублимира во настанот. Издвоени се два историски настани во коишто, наспрема поставувањето на македонскиот идентитет во светот, како и идентитетот на личноста во македонската историја, се врши надминување на даденоста на постоечкото - не како прифаќање на една дадена стварност туку како слободна самопотврда. Во настаните, серија диверзантски акции во Солун и атентатот на југословенскиот крал Александар во Марсеј, личноста дејствува како "чкрапало" на македонската историја:

Диверзии, Солун 1903 - Јордан Поп-Јорданов; Константин Кирков; Димитар Мечев; Тодор Органџиев; Илија Трчков; Тодор Богданов; Георги Богданов; Милан Арсов; Васил Пингов

Атентат на кралот Александар, Марсеј 1927 - Владо Черноземски (Величко Георгиев)



Отец Методиј Златанов

Ова е мојот избор за најзначајни личности во Македонија во овој век:
Архимандрит Калистрат Зографски (+ 1914). Една од клучните личности за македонската православна духовна култура во преминот од 19-от во 20-от век. Бил игумен во манастирот Зограф на Света Гора. За време на неговото пастироначалствување во оваа света обител, зографскиот антиград доживеал ренесанса во својот подвижнички и интелектуален живот. Биле организирани школи за живопис, црковно пеење, преведување и препишување на значајни дела од црковната литература од грчки на црковнословенски јазик, а секако од не помала важност е и проширувањето и реорганизацијата на манастирската библиотека, која и денес важи за една од најдрагоцените ризници на сеславјанското книжевно наследство. Самиот, пак, Високопреподобен отец Калистрат, со своите исклучителни дарови, зад себе остави капитални дела од областа на филологијата и музикологијата. Автор е и на неколку извонредни музички дела, кои со неговиот оригинален ракопис се зачувани и денес.

Свети Јован Битолски (+ 1966). Во Православниот свет е познат како Свети Јован Шангајски. Овој светител од нашево време, иако не е македонец, со својата духовна и педагошка дејност во Македонија одиграл мошне важна улога во црковниот живот кај нас меѓу двете светски војни. Од 1928. до 1932. година Свети Јован бил професор во Битолската Православна Богословија. Како духовник и учител, тој образувал неколку генерации богослови во Македонија. Некои од нив денес се универзитетски професори, архиереи и презвитери на Македонската Православна Црква, педагози и културни дејци. Се упокоил како Архиепископ на Задграничната Руска Црква во Сан Франциско, каде и денес се наоѓаат неговите свети мошти. Во 1993. година канонизиран е за светител.

Проф. др. Михајло Петрушевски (+ 1990 ). Како познавач и истражувач пред се на македонскиот јазик, но и како научник од светски глас во областа на класичната филологија, професорот Петрушевски е една од оние личности, би рекле дури и појави, во нашата културна историја, која во овој век ни сведочи за непрекинатоста на низата брилијантни филолози во Македонија, низа која започнува со Светите солунски браќа Кирил и Методиј и нивните Свети ученици. Доволно е да ги спомнеме ненадминливите преводи и препеви на Хомеровата "Илијада", "За Поетиката" на Аристотел, "Марталозот" на Прличев и така натаму. Тие се секогаш инспиративни ризници на македонскиот литературен јазик.

Презвитер Стефан Санџакоски (1956). Меѓу нашите современици, пред се заради својот исклучително плоден и благочестив живот, во овој антологиски избор свое место наоѓа и отец Стефан Санџакоски. Свештеник на Македонската Православна Црква, духовен пастир на неброени христијански души, доктор на философски науки, професор на неколку катедри на Православниот Богословски факултет во Скопје, значаен теолог, етичар и културолог. Во својот сестран ангажман, тој е неуморен трудбеник за возобновување на врската меѓу "Атина и Еерусалим" на македонската културна традиција, - возобновување на взаемодејствието на Универзитетот и Црквата Божја. Во својот живот и слово, причина е на вистинска ренесанса во духовниот живот, особено меѓу младата интелигенција кај нас и пошироко. Конечно, како таков, тој е наследник и продолжувач на делото на уште една многу значајна личност од семејството Санџакоски, неговиот родител по дух и по плот, отец Владимир Санџакоски (1912-1987), личност од нашиот црковен живот во повоениот период, за која претстои уште многу да се зборува и да се пишува.



ЖИВКО ПОПОВСКИ

Нација...
Што е тоа НАЦИЈА?

Именка од женски род (не безначајно!).
Човеков пронајдок - еден од најинтересните, а можеби и од најопасните?
Пронајдокот (нацијата) може: да се љуби, да се милува, да се чува, да се негува, да се одгледува, да се развива, да се оплодува, да се објаснува, да се препорачува, да се фали, да се куди, да се негира, да се напаѓа, да се брани, да се тргува, па дури ако сакате, на некој начин, и да се употребува!
Меѓутоа, овој пронајдок на човекот НИКАКО, НИКОГАШ, во какви било услови, од какви било причини, не би смеел да се (ИС)КОРИСТИ!

Кои македонци...

...Со изразита константност, упорност; со сето значење околу зборовите шанса, талент, протекција, време, мит; со нас, и за нас (македонците) го користеа и маркираа дваесеттиот век (без нивно посебно оценување, класификување и осигурување за употреба и во идниот век!?): ...Ванчо Михајлов...?; Киро Глигоров...?; Блаже Конески...?; Љубчо Георгиевски...?; Милчо Манчевски...?



Никос Чаусидис - археолог

- Може ли археологот да говори за прашања од сферата на етничкото т.е. националното?
- Категориите од типот "етничка припадност" или "национален идентитет" спаѓаат во сферата на духовните категории кои ниту непосредно произлегуваат од сферата на материјалното ниту пак во неа нужно се манифестираат. Вие можете да живеете 100 години со најсилно чувство на Македонец, а зад тоа да не останат никакви материјални докази ниту во светот во кој сте живееле ниту во вас самите - во вашето тело и посмртните останки. Никакво фајде од тоа што сте биле голем македонец, ако вие самите или некој друг тоа не го вткае во писмо, говор или песна или нешто друго потрајно од вас самите. Неодамна на телевизијата гледавме документарец за еден човек од Франција кој кон средината на својот живот дознал дека е Македонец (откако разбрал дека татко му, во текот на првата светска војна како дете бил земен од едно наше село и усвоен од еден француски војник). Дали синот на ова дете станал македонец откако ова го осознал или бил македонец и пред тоа, иако тоа не го знаел?

Овој и многу други примери јасно укажуваат на длабоко субјективната природа на категориите "етничко" и "национално", која што, впрочем, е јасно определена и во "умот на јазикот", преку поимот "национално чувство". Ако националниот идентитет се манифестира низ сферата на чувствата, тогаш логично би било, во име на објективноста, а поради променливоста на чувствата, тој да се искажува постојано и во таа смисла да не му се верува на некаков си дамнешен исказ изговорен или запишан во некакви документи и анкети. Впрочем, така и се прави: при секое воведување во нова институција, некој не прашува за националното чувство. Како спој на нашата опседнатост со етничкиот идентитет и потребата од објективност не би било чудно да се појави и нов начин на читање на добро познатиот поздрав: "Добар ден, како денес се чувствувате?"

Но што е со оние кои не го изразуваат или не се во состојба да го изразат својот национален идентитет? Како да се детектира нивната етничка определба?

И покрај упорните обиди на археолозите, примената на полициските методи во оваа смисла покажа незначителни ефекти: - ниту еден откопан костур ниту по долги сослушувања не го искажа експлицитно своето национално чувство. Гледеше логично прашање:
- Дали покојниците и клинички мртвите воопшто имаат национален идентитет?

Националната припадност на човек во кома објективно не може да се одреди, бидејќи: - од една страна, не верувате во актуелноста на неговиот претходно искажан став; од друга страна - не можете да го добиете неговиот сегашен став, и од трета - не е потврдено дека е мртов односно дека нема став по тоа прашање. Ситуација не битно различна ни во случајот со покојниците. Разликата е најчесто во тоа што, поради нивната објективна состојба, најчесто сме помалку заинтересирани за нивната етничка припадност. Но во сферите на археологијата и сродните на неа науки се јавува токму спротивна ситуација во која сме неизмерно заинтересирани за ова прашање, позаинтересирани дури и од нив самите додека биле живи.

За жал, по ова мора да се заклучи дека можностите за апсолутно објективна проценка за нечија етничка /национална припадност завршуваат со моментот кога од истражуваниот не можете да добиете одговор (тој не е тука, не е жив, не сака или не е во состојба да ви одговори). Има многу луѓе кои се на светот би дале кога би можеле на некој наш велик предок да му постават прашање "А како тоа Вие (Александре, Самоиле, Марко ...) се чувствувате, во смисла на вашата етничка припадност ???" - и при тоа одговорот да го снимат на магнетофон.

- Постои ли надеж или компромисно решение?

Маката со овој проблем археолозите, етнолозите и историографите ги довела до решението кое во нивните сфери одлично функционира но не ги задоволува големите покровители на науката (политика, јавно мислење, масовна култура). Решението е категоријата "етно-културно" во значење на културни обележја кои посредно можат да упатуваат и на одредена етнички / племенски /национално определена заедница.



Милчо Манчевски, режисер

ВНУЦИТЕ НА АЛЕКСАНДАР, ГОЦЕ И СКЕНДЕРБЕГ

На Матка еден човек излегува од Мерцедес. Пред да влезе во ресторанот отвара кутија цигари и ѓубрето го фрла на земја. Eдноставно.
Kако да сере одејќи. Bез подзастанување.
За да имаш Мерцедес треба да положиш тест. Тестот е - да имаш пари. Не мораш да полагаш цивилизациски тест. А зошто не? Но што си заслужил да ги користиш цивилизациските придобивки на минатите и сегашната генерација?
Кои се придобивките? Секој смислил мотор со внатрешно согорување, друг пневматски кочници, трет стакло што мрежесто распукнува, четврт смислил компјутер, а петтиот како да го користи во кола. Стотици луѓе испитувале како изгледа да се расчукаш од ѕид (или дрво, или бандера, или карпа) со брзина од 30, 50, 80, 100, 120 километри на саат, анализирале успорени снимки на кои илјадници кукли пролетуваат низ шофершајбни, па после некој експериментирал и заклучил дека ако носиш сигуроносен појас имаш толку-и-толку насто помала шанса да ја бациш шофершајбната, па после да ја гушнеш бандерата. Сево ова се градело врз претходни цивилизациски придобивки, како што се пластика или топење на железо или обработка на кожа или - огин. Единка која придонесува за доброто на групата.
И сето тоа - спакувано во едно вкусно и практично пакетче по име Мерцедес - твое е за 73,000 марки. Ме прашуваат дали се разбираш од мотор со внатрешно согорување, или од топење метал... Не мора да се полага никаков цивилизациски испит за да се уживаат цивилизациските благодети на еден Мерцедес.
А, кога би морал да се полага цивилизациски испит, оној човек од Матка би паднал. И тоа не оти не знае кој е Готлиб Дајмлер. Би паднал оти фрла ѓубре околу себе како да сере додека оди.
Ретко кој од нас тука би го положил тој испит. Да полагаме колективно сигурно би паднале за две секунди. Колективно.
Затоа што колективно ништо не сме придонеле за светската цивилизација, не сме влеале ништо во таа светска река. Оти не сме пронашле (техника), ниту создале (уметност), ниту рефлектирале (духовност). Ние - како парче земја, како група луѓе низ времето и како група луѓе денес - сме придонеле: нула.
Не само што не сме пронашле мотор со внатрешно согорување, ниту сигуроносен појас, ниту топење на метали, ами имаме степен на непотизам неверојатно висок за земја во која се возат коли со волан. Дигресија: дури и нашиот традиционален начин на конзервирање храна не е изменет од раниот феудализам: пржење до смрт (ајвар) или зашеќерување до смрт (слатко, кое веројатно сме го презеле од Турците). (Турците - долго време беа згодно оправдување. Сега во тажалките ни пречи димензијата. Мал народ, демек, сиромашен. Ја игнорираме мудроста на нашите стари: "Мало, мало, ама техничарче!")
Што сме придонеле? Да погледнеме една област во која треба најмалку инфраструктура, та најлесно би можеле да придонесеме нешто. Уметноста. (А да ги оставиме на раат Србите кои го родиле Тесла.)
Кој е нашиот придонес кон светската цивилизација - во уметноста?
Кој, де, кој?
Ич никој. Нула. Зеро. Ништица. Празно. Компир.
Колку за големината и дали таа нешто значи: еве, Ирска не е ни два пати поголема од Македонија (3,5 милиони жители), а има најмалку четири Нобеловци за литература (Џорџ Бернард Шо, Семјуел Бекет, Вилиам Јитс, Симус Хини), а нивниот Џемс Џојс е веројатно еден од најголемите светски писатели игонорирани од Нобеловиот комитет (заедно со Толстој). (Ирецот Џонатан Свифт живеел пред Нобел.) Ич да не зборуваме за нивните рокери Ју-2 и Шинеад О'Конор, режисерите Џим Шеридан и Нил Џордан, итн.
А, не е работата ни во богатството. Една бедна Јамајка (бруто национален продукт $1.640 по глава; Македонија има $1,140) со скоро ист број жители како нас даде еден Боб Марли и цел куп значајни музички жанрови кои кулминираа во реге. И регето и Марли не се мода, ами сериозен и траен придонес во планетарната масовна култура.
Работата е што воопшто и не ни треба, не очекуваме да направиме нешто големо со работа. Ако може гол во 90-та минута - одлично. Инаку, не не интересира. Ако може милијарда на брзина. Не помислуваме дека се си има цена, и милијарда на брзина ќе мора да се отплати - со газот ако не со друго. Дебатата не ја водиме на тема како да се спечали, туку на тема како да се добие милијарда. Дедо Мраз. (По Фројд, давање подароци споено со анални активности.)
Да се погледнеме в огледало: Како колектив не само што не сме придонесле за светската цивилизација, ами сеуште сме заглавени во анална фаза. Како мали деца. Анално експулзивна. Во превод - исфрлачка. Сфинктерот ни попуштил, станал проодна цевка. Според Фројд, заостанувањето во анална фаза се гледа во неконтролирано расфрлање фекалии околу себе (или спротивно, ама слично - со анално-ретентивно однесување). Манифестација на карактер. Или, во превод - на табиет.
Во случајов колективен табиет. Се мисли на групата наша.
Имаме образ да фрламе ѓубре секаде околу себе. Нови депонии сред центар, сред главен град на горда независна држава, многу важна за мирот во регионот и пошироко (во сончевиот систем), членка на ООН, ОБСЕ, Советот на Европа, Партнерство за мир, ММФ,МОК,ФИФА,ФИБА,ФИДЕ,ЦСКА, итн.
Овие новокомпонирани депонии се на десетина метри од постоечки контејнер. Не верувам дека е проблемот во тие десетина метри. Дали немам енергија да ги изодам тие 2 х 10 метри (колку џула, колку калории?)? Или немам време? Имам страшно многу работа. Или, сакам да сум како ној, да не го гледам проблемот, а со тоа ни решението? Налик на родителите на струмичките средношколци, кои после поразителните тестови за дрога, веќе не сакаат нивните деца да се тестираат. Нема тестови - нема дрога. Лист воздух - долга љубов. Како двете женки ноеви кои ги забиле главите во песок, а двајцата мажјаци се прашале: "Кај отидоа женскиве?"
Болниците фрлаат крвави гази, игли од шприцови и инфицирани епрувети во контејнер на педесетина метри од државното Собрание. Болници!
Луѓе фрлаат крвави влошки и манџи од балкон. Сред град. Како да нема да ги видат или мирисаат тие манџи и влошки кога ќе слезат долу. Но буквално секое село (и тука би требало да ги наредиме по азбучен ред) постојат депонии сред село. Покрај патот. До мостот. Во долот. Буништето од минатите векови станало поагресивно, побезобразно, понезауздано. Главна улога играат пластични кеси и пластични шишиња, иако ни гуми и каросерии не се покуси.
(Мислам дека почеток на разрешување на овој проблем е ригорозно оданочување на пластичните кеси и шишиња. Не е убаво да се види ни хартија или стакло фрлени по тревници и долови, ама тие побрзо се распаѓаат. Данокот не е решение, ама барем е активен почеток.).
Што е најинтересно - никому од нам ова не му пречи! Повеќе не интересира Тајван! Ама, кој го врти Тајван!? Не ми мириса од Тајван. Ми мириса на ѓубре.
Серењето секаде околу себе, освен во својот стан (секаде освен кај што треба - играње со фекалии) е само највидлива манифестација на нашето место во светскиот цивилизациски ланец на исхрана.
Затоа и толку инсистираме на нешта неповрзани со денешницата. Александар Македонски (патувал ли тој северно од Гевгелија?) и икони од 14. век. Денес ни еден тротоар не успеваме да одржиме чист - каква врска има освојувањето на Индија? Минатото го користиме како алиби за долната денешнина.



Лилијана Ѓузелова

Дали е возможно да се измират антагонизмите помеѓу конститутивниот народ и другите етноси, што заедно ја чинат националната структура во една држава, па и во нашава? Дали "ние и другите" можеме да живееже, едни покрај други, во мир? Прашањето за нацијата и етносите е проблем што веројатно не е разрешен на најдобар начин (кој е тој?) и на глобален план, зашто барањата на индивидуалните права се вечни барања. Кај нас овие прашања, од 1945 до денес, се решаваа инцидентно, од случај до случај, од влада до влада, од министер до министер. Таквото заташкување на проблемите и нивното одлагање, ни се враќа денес во најизострената можна форма. Би завршила со еден цитат од Цветан Тодоров: Еден добро одмерен хуманизам би можел да не заштити од вчерашните и денешните заблуди. Да престанеме со лесни асоцијации: барањето на правната еднаквост за сите човечки суштества, никако не значи да се отстапи од хиерархијата на вредностите; тоа што ни се драги самостојноста и слободата на поединецот не не обврзува да ја отфрлиме секоја солидарност; признавањето на јавниот морал не го повлекува зад себе неизбежното враќање во времето на верската нетрпеливост и инквизиција..."

Изборот би го започнала со една од најтрагичноте личности во нашата понова историја. Станува збор за Методија Андонов - Ченто. Репресиран е во најпресудните моменти на историјата на оваа земја, ми се чими пред се заради јасно искажаната национална определба, а потоа и од личноте антагонизми. Се прашувам , ако останеше жив, дали политичките збиднувања ќе земеа поинаков тек? Беше пријател на моите родители и го паметам како дете. Ова до три пати го посетив, со мајка ми, во затвор. Ја прашав: Зошто овој добар чичко е во затвор? Ми одговори: Зашто е многу храбар.

Ќе споменам и една жена-терорист што е од овие простори. Контраверзната Македонка Бугарка, Мара Бунева. Забранетите приказни за неа, ја поттикнуваа мојата фантазија кога бев дете. Ја споменувам повеќе заради трагиката на нејзиното саможртвување - по извршениот атентат на еден српски полициски функционер, таа се самоубила. Заради нејзините политички убедувања, дури и нејзиниот акт на самоуништување не се артикулираше со почит.

Георги Киселинов е еден од нашите први лингвист, којшто ми се чини дека не го употребуваме како специјалист (а дали можеби скришно не го користевме?) од причина што имаше поинакви политички убедувања од етаблираните. Во еден период од животот (работев со него) ми беше како учител. Додуша, се нервирше од моето незнаење, а како можеше поинаку? Денес повеќе се срамувам одошто тогаш. Тој беше првиот човек-енциклопедија, со огромна ерудиција, што сум го запознала. Ми ги покажуваше своите трудови (не објавени, во ракопис) и ги споредуваше, наоѓајќи ги идентичните места, со тие што беа издадени од другите. Го паметам како многу лут и огорчен старец, чие дело и знаење не се почитуваа. Д

Димитар Пандилов е следната личност на која се потсетувам. Тивка, ненаметлива, но во исто време силна личност. Неверојатно совпаѓање меѓу личноста и делото. Ми раскажуваше (ми беше професор во гимназија) дека ставен "настрана" поради некои свои политички убедувања и се смееше. Јас го сакав нивното друштво. Го претпочитам друштвото на моите слики.

Михаил Петрушевски е блескав научник, кој дел од нашата научна мисла воведе во светската. Дали доволно го познававме?

На оваа листа би сакала да ја вбројам и мојата пријателка Анета Светиева, заради тоа што поседува зачудувачка енергија да му се спротиставува животот како жена и мајка - речиси без никакви отстапки, за да го создава она што го сака - скулптурата.

http://209.85.129.132/search?q=cache:6zIEk-AO5cUJ:www.templum.com.mk/margina/sodrzina/margina43/anketa.htm+%D0%9B%D0%B8%D0%BB%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B0+%D0%83%D1%83%D0%B7%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0&hl=bg&ct=clnk&cd=16&gl=bg

Бунтовниците од „Бунт“

ЕФТИМ ГАШЕВ: НАШАТА КАУЗА

Бунтовниците од „Бунт“


На Петтата конференција на КПЈ, одржана од 19 до 23 октомври 1940 година во Загреб, македонската делегација предводена од секретарот на ПК, Методија Шаторов-Шарло, беше прогласена како националистичка, поради тоа што делегацијата се спротивстави на кралскиот југословенски закон за колонизација на Македонија, за кој проект програмски се залагаше и КПЈ. За попластично да се илустрира атмосферата во кралска Југославија, во сегментот на дејствувањето на КПЈ и релацијата со Коминтерна по македонското прашање, ќе го наведеме цитатот од Историјата на Сојузот на комунистите на Југославија - (1985 година) : „Националната програма на КПЈ усвоена на Третата земска конференција (Белград, 1-4 јануари 1924 год.) потврдена на Петтиот конгрес на Коминтерната, одржан од 17 јуни до 8 јули 1924 год., но со една суштинска промена-правото на самоопределување на секој народ мора да дојде до израз во паролата „отцепување на поробените народи и создавање на одделни држави“... „Заклучено е, општата парола на КПЈ во врска со правото на самоопределување да мора да се изрази во форма на одделување на Хрватска, Словенија и на Македонија од Југославија и создавање на независни републики“ (стр. 98, 99). Во таква кошмарна политичка клима, македонскиот народ иако окупиран, не беше индолентен кон својата национална и политичка иднина. Но, и покрај националниот ентузијазам, не суштествуваше адекватна, сеопфатна програма на еден општонароден фронт за организирано спротивставување на окупаторот. И покрај сета трагедија, метафорично речено, на крајот од тунелот се наѕираше искрата на надежта, олицетворена во идејата на традиционалната ВМРО. Во индивидуални и групни размислувања се роди идејата за создавање на еден национално-политички пропаганден актив за ширење на идејата за македонската државност, а со самото тоа, борба против големосрпската и големобугарската асимилација. Така, една група скопски ентузијасти, национално македонски дефинирани, се определуваат за создавање на Македонското национално движење - „Бунт“. Тоа се случи на 30 мај 1938 година во Скопје, на иницијатива на Трајко Попов од село Раштак, скопско, и студентот Борислав Градишки од Скопје. „Бунт“ не беше класична политичка организација, туку нелегален национално-пропаганден актив, без формална хиерархиска поставеност. Програмата и целите се подразбираа и од самиот назив на движењето, во чии постулати беа вградени целите на централистичката ТМОРО, приспособени на политичко-економските услови на времето. Национално дефинирани како Македонци, активистите на „Бунт“ се спротивставуваа и на големобугарската кауза на ренегатот Ванчо Михајлов за самостојна Македонија, „држава на македонските Бугари“. Окупираните, Егејскиот, Пиринскиот и Малопреспанскиот дел од Македонија, „Бунт“ ги сметаше како составни делови на единствена Македонија. За илустрација на овие настани ќе се послужиме со искажувањата на Борислав Градишки, еден од основоположниците и идеолозите на „Бунт“. Тој се сеќава на имињата на некои од активистите од тоа време: Димче Недев, Никола и Борис Блажеви, Димче Жабев, Славе Начов, Славе Георгиев, Ѓорѓи Зафировски, Стојан Вуканов, Борис Пешев, Караџа Ристевски, Дончо Рибарски, Киро Стојанов, Тодор и Панче Андрееви, Киро Трајковски-Бавчански, Благоја и Коста Костови, Киро Мошо, Благоја Дилберов, Никола Попов, Трајко Попов, Ефтим Чешмеџиев, , браќата Крсто, Томе, Благоја и Круме Мирчевски, Киро Јорданов и други. Активот се ширеше низ Македонија, па еве и некои имиња од Штип: Ангел Анџакара, браќата Панови, Трајко Патраклиев, Небојша Митревски, Сотир Грне и други. Од Куманово: Благе Каранфилски, Темелко Тошевски, Бранко Димовски...
Борислав Градишки ќе напомене дека заедно со Трајко Попов имале контакти и разговори со познати скопски комунисти Цветан Димов, Орце Николов-Морнарот, Коце Стојановски-Металец, Боро Чушкар, Киро Црногорски, Панче Кондев и др. Се дејствуваше агитациски, ширејќи ја националната идеја, ползувајќи при тоа најразлични форми и методи; какви што беа селските слави, собори и панаѓури, семејните верски празници, каде пред доверливите пријатели се читаше и илегална револуционерна и патриотска поезија на македонски јазик (Б. Градишки, К. Трајковски-Бавчански, С. Таневски) . Истомислениците повремено се собираа на илегални средби каде што долго се дискутирало и оформувало неформалната програма. Се пишуваа куси летоци и растураа по маалските дворови, а позната е и политичката манифестација, кога пред скопскиот француски конзулат, при доаѓање на висок француски функционер, група од десетина активисти на „Бунт“ извикуваа: „Македонија! Македонија! Либерте! Либерте!“Лидерот на „Бунт“, Трајко Попов беше познат, почитуван и нограничено ценет по својата храброст, патриотизам и борбеност во целата скопска околија, како во скопските маала-Чаир, Крњево, Топаана. Истовремено, во тогашната јавност тој беше познат и како раководител, играорец и кореограф на најпознатата македонска играорна група „Раштак“, која со турнеите низ повеќе европски земји ги презентираше македонските песни и ора, како и богатството на фолклорот и носијата. Трајко Попов и Борислав Градишки беа мошне активни за време на предизборната кампања во 1938 година, експонирајќи се на страната на опозицијата, па во една акција се затворени во Ханриево (Ѓ. Петров) од скопската жандармерија и добро претепани.

(продолжува)

http://209.85.129.132/search?q=cache:8PPM0-ZtkUYJ:www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx%3Ftabindex%3D0%26tabid%3D1%26EditionID%3D1558%26ArticleID%3D102762+%D0%91%D0%BE%D1%80%D0%BE+%D0%A7%D1%83%D1%88%D0%BA%D0%B0%D1%80&hl=en&ct=clnk&cd=19